четверг, 31 января 2008 г.

ЖИВИ ТРАМВАИ – СЕРГЕЈ ГРИШУНИН

Старите раскажуваат дека освен обичните, електрични трамваи, до денешен ден во Петебург возат и вистински, живи трамваи. За нив речиси не е потребна струја, освен за осветлување, а се движат со силата на патниците, односно од нивната итаница. Од таа причина на живите трамваи може да се патува колку што ти душа сака. Младите денес ретко можеш да ги видиш во трамвај, обично тие одат со коли или пеш или, пак, брзаат во метро. А, на старите каде им се брза? Па, така гориво за овие трамваи има многу малку и тие одвај одат низ градот, само по една станица на ден поминуваат. Но затоа тие се мирни, тивки, инаку би морале да одат низ сообраќајниот метеж. Колите и пешаците ги одминуваат не забележиувајќи ги, не ги тревожат патниците, а тие пак си дремат на прозорците колку што им душа сака. Во градот не постои поубаво место за сон отколку во живите трамваи. Си патуваат луѓето во нив и не сакаат да се симнат. Понекогаш се случува во овие трамваи да влезе некое младо момче или девојка и тогаш тој оди повесело, поживо, па понекогаш дури и фаровите се вклучуваат ако е темно. Но, како и да е, за градот ваквото движење се чини сонливо и тера на спиење. И така ќе влезе некој патник во трамвај, ќе се поднамести до прозорецот и спие цела вечност. Секако, сé е споро, но затоа патниците се смирени, зашто во овие трамваи никој не ги турка, никој не се кара, како што е тоа во обичните, нови трамваи.

Превод од руски: Емил Ниами

ОВОЈ ЛЕБ ШТО ГО КРШАМ – ДИЛАН ТОМАС

Овој леб што го кршам некогаш бил жито,
ова вино од некое туѓо дрво
е исцедено од плодот негов;
Човекот преку ден или виното преку ноќ
го спружува житото, ја крши радоста на грозјето.

Некогаш ова време, виновата летна крв
течеше во месото на лозницата,
некогаш во овој леб
житото беше весело на ветрот;
Човекот го скрши сонцето, го смири ветрот.

Ова месо што го кинеш, оваа крв што ја пролеваш,
која пустоши во вените,
беа житото и грозјето
родени од сензуален корен и сап;
Моето вино ти е в грло, мојот леб ти е в заб.


Препев од англиски: Љупчо Петрески

ЛЕЗБЕЈСКИ СРЕДБИ – АМАНДА МАРАИС

Со Елејн се знаеме уште од градинка. Оттогаш сме најдобри другарки и во животот многупати сме преспивале една кај друга. Оваа приказна се случи кога имав 18 години, а тоа беше последната година на училиште. Тогаш и двете бевме членови на пливачкиот клуб. Повеќе сакавме по тренингот да се истушираме кај мене или кај неа, одошто со останатите во клубот. И тој ден не беше поинаков. Многупати се имавме видено голи, така што не ни беше срам. Овојпат отидовме во куќата на Елејн. Нејзините не беа дома. Влеговме во бањата и, како и секогаш, Елејн ја заклучи вратата. Тој ден Елејн не пливаше зашто се беше повредила, така што требаше само јас да се истуширам. Ја слеков тесната маичка и ја фрлив на земја. Не носев градник под неа.
- Аманда, имаш многу убави гради, - рече Елејн.
Поцрвенев, зашто до тогаш ми немаше кажано такво нешто.
- Извини, - рече бргу, откако виде дека поцрвенев.
- Во ред е, - одговорив.
Ги соблеков панталоните и тангата и ги фрлив заедно со чорапите на едно купче. Елен гледаше во моето голо тело, а нејзината глава се движеше нагоре-надолу.
- Ќе одам да се истуширам, - се насмевнав.
- А-ха, да, - одговори збунето Елејн. – Јас ќе одам во мојата соба., - рече таа кога влегов под тушот.
Елејн ја затвори вратата и замина од Бањата.
Ја пуштив водата. Брадавиците ми станаа тврди веднаш штом плисна ладната вода врз мене. Почекав пред да ја вклучам топлата, зашто ладната вода ме лади по напорниот тренинг. Полека ја пуштив топлата вода и почнав да се туширам. Пената ги прекриваше моите гради додека ги миев, убаво ги триев. Чувството беше толку убаво штто дури и ме запали. Пичето почна да ми игра. Ја спуштив раката помеѓу нозете и почнав нежно да си го тријам пичето додека водата лизгаше по моите плеќи. Тогаш ми текна дека не сум дома, па престанав да си играм и ја измив сапуницата. Ја зедов бањарката што беше закачена во бањата и ја облеков откако претходно се избришав со пешкир. Влегов во собата на Елејн. Таа лежеше на грб на креветот, на себе имаше само танга и градник, и гледаше телевизија.
- Моите нема да се вратат до 11, па ќе можеме да си гледаме телевизија цела вечер без никој да не вознемирува, - се насмевна Елејн.
Се уште бев многу запалена и се приближив до креветот. Стоев пред неа и ја фрлив бањарката на земја, бев сосема гола пред Елејн. Сакав да знам каква ќе биде нејзината реакција.
Таа, пак, се насмевна.
- Не можам да гледам од тебе, Аманда.
Не беше она што го очекував, па легнав на креветот со грбот завртена кон неа. Гледавме телевизија и по кратко време ми постави прашање на кое повеќе не се надевав:
- Си помислила ли некогаш, Аманда, како изгледа да се има секс со друга жена?
Бев изненадена од прашањето и извикав:
- Да, сум замислувала, а ти?
Ја заврте главата кон мене:
- Во последно време мошне често фантазирам за тоа.
Додека го говореше ова, ја стави раката на мојот врата и полека почна да ме голицка. Се стресов, зашто не знаев како да реагирам. Елејн се насеа и полека ка спушташе раката кон мојата вагина. Додека нејзината рака ме триеше, нејзините очи беа фокусирани кон моето меко избричено пиче. Не знам зошто, но одеднаш ги раширив нозете. Елејн бутна еден прст во мене, а потоа го стави прстот прекриен со сок на нејзините усни. Ја отвори устата и го излижа сокот од мене.
- М-м-м, вкусно е, - се насмевна.
Елејн застана на коленици, се поднавена, така што нејзината глава беше мошне близу до моето пиче. Во собата се почувствува возбуда. Ова ни беше првпат и на девете. Таа добро се загледа во моето пиче, истражувајќи го или, можеби му се восхитуваше? Се затресов кога повторно ме допре, мошне внимателно ги раздвои усните на мојата вагина. Полека ми стави 2-3 сантиметри од прстот во мене. Тивко стенкање излезе од мојата уста. Ја слушнав Елејн како се кикоти, уживаше.
Полека почна да го става ид а го вади прстот, а јас се навлажнив. Другиот прст го стави на мојот клиторис, полека триејќи го со кружни движења. Ова ме натера уште повеќе да стенкам. Беше мошне возбудливо да се почувствува рака од друга девојка на моето пиче. Погледнав надолу и видов колку ја спуштила главата, а нејзиниот јазик беше излезен сод нејзината уста и со врвот го допираше мојот клит. Ги затвроив очите на кратко и уште едно стенкање излезе од мојата уста. Таа нежно го движеше јазикот по мојот клит, а моето тело се тресеше од задоволство. Во меѓувреме продолжи да го става прстот во моето пиче. Ја ставив едната рака на нејзината глава и почнав да ја галам додека таа го лижеше моето пиче. Елејн ги рашири усните од мојата пичка и го постави врвот на јазикот во отворот. Нежно го бутна јазикот во мене. Јас застенкав.
- Отвори ја фиоката до тебе, - ми нареди.
Ја отворив. Во неа лежеше виолетово дилдо, истото она што јас и неколку други другарки и го купивме за осумнаесетиот роденден. Го грабнав дилдото и и го покажав.
- На ова мислеше?
Таа се насмевна, го зеде дилдото, а јас повторно ја вратив раката на перницата.
Елејн го лапна дилдото за да го навлажни. Таа ја постави главата од дилдото на влезот на мојата дупка за ебење. Полека почна да го бута во мене, а во исто време јас почнав да стенкам се погласно и погласно. Таа почна нежно да го вади и да го става дилдото и секојпат одеше се подлабоко и подлабоко. Дилдото не беше големо, така што лесно влегуваше. Моите колкови се тресеа на креветот, дилдото се движеше во мене под контрола на раката на мојата најдобра другарка, додека нејзиниот јазик го дразнеше мојот клиторис. Почувствував оргазам во мене, кој одвај чекаше да избувне. Бев на работ да свршам, кога Елејн сосема го извади дилдото од мојата раширена влажна пичка. Одеднаш таа го бтна целото дилдо во мене, до даска, длабоко во мојата пичка. Се тресев, врескав, а колковите ми се движеа по креветот. Оргазмот експлодираше во мене, гласно стенкав, по дилдотото почнаа да се слеваат течности. Елејн беше насмеана, а јас почувствував колку ми се изморени рацете. Ми требаа неколку минути за да се повратам и да сфатам каде се наоѓам.
Во меѓувреме Елејн беше легнала до мене и со насмевка ме праша:
- Ти се допадна?
Кимнав со главата, зашто тоа беше една од најеротичните и најсензуални работи што дотогаш ги бев искусила, а и оргазмот беше фантастичен исто така. Ме бакна во образот, сстана од креветот, па стоејќи ги соблече гаќичките, го откопча својот градник и ги наклони градите кон мене. Се искачи на креветот и легна врз мене, градите ни се допираа. Нејзиното лице беше неколку сантиметри оддалечено од моето, нејзината топла кожа се триеше од мојата. Елејн ме бакна по носето и се придвижи нагоре кон което лице, нејзината влажна пичка се наоѓаше пред мене. До тогаш немав лижено пичка. Го пуштив јазикот нагоре-надолу помеѓу нејзините вкусни пичкини усни и ја слушнав како нежно стенка. Ги ставив рацете на нејзините колкови и ја придвижив поблизу до мене. Нежно дувнав кон нејзиниот клиторис. Почувствував како нешто влажно почна да тече по моето лице, додека со јазикот го дразнев нејзиниот клиторис. Нежното стенкање на Елејн ме охрабри да продолжам. Бутнав еден прст во нејзината пичка, движејќи го во неа, додека мојот јазик го работеше нејзиниот клит. Имаше мошне розов клит кој беше добро видлив, така што лесно можев да го дразнам со врвот од јазикот. Почувствував како нозете малку и се тресеа. Јас се уште ја ебев со средниот прст, а по него почнаа да се слеваат сокови. Таа ги припои нозете околу мојата глава, држејќи ме блиску до нејзиниот клит. Личев, лижев и го бутав прстот се дури соковите на Елејн не се разлејаа по моето лице, а јас се обидував се да излижам.
Потоа си направивме муабет и мазејќи се заспавме гушнато.
Се надевам дека оваа приказна ви се допадна. Пишете ми ако сакате да стапите во контакт со мене…
Не гризам јако!
Гушки и бацки!

Превод од англиски: Емил Ниами

ЗА КОГО БИЈАТ СЕМПЛОВИТЕ – ВЈЕКОСЛАВ МАТИЈАН

Малото, нервозно друштво дојде на ручек во екслузивниот ресторан, во подножјето на Скопје. Вјекослав и Ружица седнаа еден до друг, веројатно од навика и некое непишано правило, иако меѓу нив веќе немаше ништо. Децата и планот Б, В, Г, Д, Ѓ... (да не набројувам до Ш) на Ружица беа единственото нешто што вештачки го одржуваа нивниот “заеднички” живот, кој одамна ги надмина сите познати кругови на пеколот и во моментов му даваа нова смисла на поимот “нуклеарна војна”. Кутриот Опенхајмер, се плашеше од воена употреба на атомската бомба и се залагаше за користење на атомската енергија во цивилни цели, заборавајќи дека жените понекогаш имаат поголема разорна моќ од неговите атоми... Шовинистичка забелешка? Па, да!
Игор си седна отспротива и веднаш почна да зјапа во плафонот. Дрвени греди и варосани ѕидови во бела боја. Интересно, барем така изгледаше неговото лице.
Игор како Игор, навидум мирен и сталожен, пристојно ја прифати понудата на Ружица за ручек по повод... којзнае кој беше поводот, важно Ружица сакаше да му ги реферира негативностите и лошите страни на неговиот другар од детство.
- Игор, што ќе каснеме? – запраша Вјекослав, кревајќи ја раката кон келнерот.
- Увијач, – одговори Игор во својот препознатлив елоквентен стил.
- Добро, увијачот е по “дефолт”, ќе земеме некое мезе, салата, пивце?..
- Шопска и пиво... “Скопско”, мало.
- Ружице злато, пушти бело грло, та гласот нека ти заигра во сплет на милозвучни тонови, а до уши да ми допре твојот екслузивен избор од менито на овој екслузивен ресторан, – подбивно и со карактеристичната зајадливост Вјекослав и се обрати на Ружица. Игор се сепна и за момент својата фасцинираност со белиот плафон и белите греди ја замени со бледа насмевка на лицето. “Еве го, почнува, што ли следи?!” – помисли Игор.
- Киевски шашлик и мало шише црвено вино, – с'ска Ружица, а нејзиниот поглед упатен кон Вјекослав значеше само едно. “Умри!”
- Две мали “Скопски” и чаша отров... се извинувам, мало шише црвена “Александрија”.
Келнерот не се насмеа, изгледа ја немаше онаа духовита нијанса во гласот на Вјекослав. “Не ќе е на арно меѓу двајцава кретени”.
Келнерот начкрта нешто во нотесот и итро се измолкна од атмосферата, преполна со напнатост и нервоза.
Задоволен од изгледот на плафонот, белоста на белата боја и нарачката, Игор реши да се повлече за момент и да здивне. Му светна! Му се оди во тоалет.
- Каде е тоалетот, Вјекослав?
- Зад шанкот.
Игор стана, уште еднаш го погледна плафонот, и очиглкедно задоволен од она што го виде, отиде да си ја олесни душата. Не од наталожените течности, ами од неговиот другар и неговата таканаречена жена. “Ебаго, Игор, што ти требаше да дојдеш?..”
- Не мораш да се криеш од мене. Меѓу нас е готово! Не ми е гајле со кого си, само не лажи ме!, - почна Ружица, одвај чекајќи го моментот да остане сама со Вјекослав.
Вјекослав воздивна длабоко. Монструозните дијалози со Ружица повторно почнуваат. Да, тој е виновникот, да, тој е оној што е отпуштен (еден од најинтересните зборови од опширниот вокабулар на Ружица1), да, тој е оној што ги уништи сите убави работи во бракот... па дури е виновен за љубовникот на Ружица. Згора на сé, Вјекослав етој што има љубовница!
- Ако е готово и ако ме отпушти, тогаш зошто толку филозофираш?, - нервозно одговори Вјекослав. - Дојдовме да ручаме со Игор, не качувај ми го притисокот. Еве го доаѓа од тоалет, замолчи, бре, и не кини ми нерви, остави ме да јадам како човек.
Игор седна , помислувајќи “Белки двајцава нема веќе да ме тормозат...”. Игор не успеа ни мислата да ја заврши.
- Тој има љубовница во Шпанија! Планира оваа Нова Година да отпатува за Барселона. Трошоците не се важни, и така Лора ќе му ги плати. Лора се вика. Авионски билет во два правца и ексклузивен престој во нејзиниот стан!, - со мил, но зајадлив тон му се внесе Ружица в лице на Игор.
Игор молчеше со нем израз на лицето и бледо ја гледаше. Единствено долната усна благо му заигрува во невидлива насмевка.
- Лора е трудна, носи негово дете. Сака да оди и да види што направил. Ќе си бидат среќно семејство за Christmas и Нова Година, - продолжи Ружица, нагласувајќи го зборот Christmas, не свртувајќи се кон Вјекослав.
Вјекослав нервозно ја извади последната цигара од кутијата, ја запали и длабоко вовлече. Брзо испи неколку големи голтки од чашата пиво. Главата ја потпре на рацете и внимателно се загледа во Игор, обидувајќи се да ги долови неговите мисли. По толку години брак, сé уште не му е јасна лудоста на жената којашто седи до него и сé уште се нарекува негова жена, барем законски. Реакцијата на Игор е очекувана - без коментар, нема реакција, само Господ знае што мисли точно, а обичен човек може да погодува.
Ружица беше упорна.
- Се запознаа во Париз. Тогаш ја легна, а сега ќе се породи.
- Трудна е… од Вјекослав?
- Уште не го знаеш другар ти? Беа заедно во Охрид, во хотел, соба до соба. Имаше две шанси да ја заврши работата.
- Заедно беа во Париз или во Охрид?, - мртов сериозен праша Игор.
Ја виде тој и во Париз, а заедно беа и во Охрид, - потврдува Ружица триумфално, најавувајќи благи сигнали на нервоза и хистерија. Вјекослав е победен пред својот најдобар другар.
- Знаеш, службено дојде во Скопје, па потоа “службено” отидоа во Охрид. Сосема “службено” се сместија соба до соба. Прашај го Вјекослав, - Ружица е убедена во тоа што го зборува.
Вјекослав ја испи и последнатаа голтка пиво од чашата. Можеби од алкохолот, нешто чудно почна да се случува со Вјекослав. Тој почна да ја гледа ситуацијата филмски. Пред неговите очи почна да се одвива филм. За жал, актерите беа реални, но некако вака ги виде работите:
При последните зборови на Ружица, кадарот премина во црно-бела техника, а камерата направи забрзано движење од лицето на Ружица, на лицето на Вјекослав, а потоа камерата се придвижи над главата на Вјекослав, направи швенк на сите гости озгора, па се спушти и брзо почна да оди од маса до маса, испуштајќи фрејмови. Се гледаа само лица, усти кои џвакаат, ножеви и виљушки кои сечат месо, чаши со пијалак што се креваат, се слушаше неразбирлива бучава, измешани гласови, музика. Во еден момент, во кадар влегува келнер. Камерата се фиксира на келнерот кој носи мало шише пиво. Уследи претоп во колор техника, а испуштањето на фрејмови заврши. Келнерот го стави пивото пред Вјекослав.
- Игор, ти се оди во Барселона за Нова Година?, - мртов ладен праша Вјекослав, но душата му гореше од навреда.
- Па, размислував за нешто такво, - исто толку мртов ладен одговара Игор.
- Знаеш, Барселона мора да се види за “Christmas” и Нова Година. Така чув, - по малку зајадливо искоментира Вјекослав, нагласувајќи го зборот “Christams”.
- А кој ќе го среди аранжманот?, - праша Игор.
- Не секирај се за аранжманот и за туристичкиот водич. Ти треба да платиш само авионски билет до Барселона. Всушност, нема да одиме во Барселона, туку во едно мало село на 30 километри од главниот град.
Дијалогот се одвива само меѓу Вјекослав и Игор. Ружица е исклучена, нејзиното лице не влегува во кадарот... забегав, си помисли Вјекослав. Навистина направив филм.
- Да, да! Нема проблем за сместување, ќе те смести Вјекослав кај неговата Шпанка. Ќе можеш да го видиш и неговото дете.
Вјекослав и Игор продолжуваат со дијалогот, игнорирајќи ги коментарите. Камерата и понатаму го следи само нивниот дијалог.
- Нема проблем, можеби ќе се погодиме таму и за породувањето. И потоа
нека каже некој дека не сум мајстор. Ем не била во Скопје, ем сум ја затруднел. И самиот знаеш колку голем ебач и женкар сум, ќе ти потврди Ружица. Не џабе ме викаше “манијак сексуални”. Си ја завршив работата во тоалет, па скокнав до лабораторија, го замрзнав мојот генетски “sample” на -20 целзиусови степени во течен азот и го пратив во Шпанија по брза пошта… за да и стигне тазе. Како “Gene navigator”, да се изразам во техно жаргон, земам сперма и почнувам да семплувам - сакаш машко, сакаш женско, руси коси, црни коси! – Вјекослав почна да се губи во својата оксиморонска, да не кажам, моронска занесеност, ставајќи акцент и изговорувајќи ги “руси коси” и “црни коси” слеано.
- Е откако чичко поштар и ја донесе поштата, Лора си ја зеде епруветата, ја загреа на топлото шпанско сонце, нели е замрзната, па мислејќи на топлиот кревет, на моето мило лице, на паељата во Париз и на пастрмката во Охрид си направи самоинсеменација - стручно кажано, ме разбираш. Друго објаснување не ми текнува, освен дека е Лора кобила, па останала бремена 16 месеци по нејзиното фиктивно “службено” доаѓање во Скопје… или 14 месеци по нашата наводна средба во Париз. Што ти е гајле, куме! Пак ќе крстиме дете, знам колку сакаш да се вртиш во круг, а потоа да плукаш по сатаната. А и Македонија не може да чека, наталитетот мора да ни порасне. Старееме како нација.
- А, бе, Вјекослав, знаев дека си интернационален мајстор, ама дека си толку способен…, - веќе видно расположен коментира Игор.
- Не знаев ни јас, Игор. Понекогаш и самиот си се чудам сам на себе, - исто толку расположен одговара Вјекослав. - А ти ми викаше дека немам врска од транс и техно музика. Гледаш како семплувам материјал и тоа семенски материјал. Џга-џга-џга.
- Знаеш што е финтата? Не знаеш? Па ти ме учеше! Исто како на перформансот на Крис Лајбниг. Го згрчувам телото, ги кревам рацете, чекам на глупиот Крис да му текне да го смени ритмот и кога ќе направи преод од басот што отекува, паѓам во транс, нирванично истекувам во бесконечноста и плукам… генетски материјал. После само комбинираш со гените, веќе не си Ди Џеј, напредуваш во resident навигатор. Цитозин, аденин, гуанин, урацил, па ангажирам транспортна РНК за да ми ги пренесе гените… ете тоа ти е навигатор. Гледаш дека правам разлика меѓу Ди Џеј и навигатор! А не сум знаел што е техно, седи бе!
Игор не може веќе да го контролира смеењето. Почнува да се засркнува и да кашла. Камерата се врти накај Ружица. Таа станува сериозна.

Ајде да докажеме колку сме паметни, образовани и колку сиот свет чека на нас, па дури и напредниот Азербејџан. Play it again, Rose!

- Има шанси да најдам работа во Азербејџан. Имаат потреба од образувани луѓе. Платата е околу 3400 фунти месечно. Pounds, real money!, - му се обрати Ружица на Игор.
- Во Азербејџан? А што би работела таму? - прашува Игор.
- Реконструкција. Ако не, ќе останам без работа. Ќе седам дома, ќе чистам и ќе правам apple pie, - констатира Ружица.
Вјекослав благо се насмевнува.
- И јас да каснам нешто благо, па макар и pie без apple. Тешко мене.
Друштвото замолчува и продолжува со ручекот. Надвор полека се стемнува. Камерата преоѓа на една од светилките и ја фокусира. Кадарот почнува да се замаглува, а камерата преоѓа во дефокус. Игор замина дома, а дома, во своето љубовно гнездо исткаено од трње, заминаа и Вјекослав и Ружица.
Кјубрик, обои ме! Опенхајмер, уништи ме слободно! Која будала го измисли бракот?
ПРОЛОГ
Случката е вистинска, личностите се вистински, имињата, нормално, се измислени. Вјекослав се разведе од Ружица, Игор се ожени, Лара и Вјекослав се видоа 2 години по овој настан, Кјубрик почина, а Опенхајмер зажали што ја создаде атомската бомба.
Дали сé уште верувам во љубовта?.. Да!
Дали сум шовинист?.. Не!

ВАСИЛИСА ПРЕКРАСНА – РУСКА НАРОДНА СКАЗНА

Во некое царство си живеел трговец. Дванаесет години тој живеел со жена си и имал само една ќерка, Василиса Прекрасна. Кога мајката умрела девојчето имало само осум години. Пред умирање мајката ја викнала ќерка си, извадила една кукла од под постелата и ја дала и и рекла:
- Слушај, Василиса! Запомни ги и исполни ги моите последни зборови. Јас умирам и како родителски благослов ти ја оставам куклава; чувај ја постојано со себе и никому не покажувај му ја, а кога ќе те снајде некаква несреќа дај и нешто да касне и прашај ја за совет. Таа ќе касне и ќе ти каже како да се спасиш од несреќата.
Потоа мајката ја бакнала Василиса и умрела.
По смртта на жена си, трговецот, како што било ред, жалел, а потоа почнал да размислува да се прежени. Тој бил многу добар човек. Тој не можел да си најде млада невеста, но затоа му се допаднала една вдовица. Таа веќе била во години, имала две ќерки кои биле речиси колку Василиса, - па така се погодила, ем домаќинка, ем мајка. Трговецот се оженил за вдовицата, но се прешол зашто таа не била добра мајка за Василиса. Василиса, пак, била најубава девојка во селото, а маќеата и нејзините посестрими и завидувале на убавината, ја мачеле со секакви работи за да ослабне од премаленост и да поцрне од сонцето и ветерот. Невозможно било да се живее со нив!
Василиса правела сé што ќе и кажеле без притоа да се буни и секој ден станувала се поубава и покрупна, а маќеата и нејзините ќерки слабееле и огрдувале од злоба, без оглед на тоа што тие постојано седеле со скрстени раце како некои госпоѓи. Како се случило тоа? На Василиса и помагала куклата. Како инаку ќе се снаоѓало девојчето со сета таа работа? Затоа се случувало Василиса да не го дојдаде јадењето, ами да го остави последното залче и навечер, кога сите ќе легнеле да спијат, таа се затворала во својата одаја и и велела на куклата:
- Кукличке, касни го залчево и несреќата моја ислушај ја! Живеам дома, кај татко ми, но без никаква радост и среќа; лошата маќеа постојано ме мачи. Научи ме како да живеам и што да правам?
Куклата ќе си каснела, па потоа ќе и дала совет на Василиса и притоа ќе ја утешела, а следното утро ја завршувала сета работа за Василиса, а таа си се одморала во ладовината и цвеќиња си берела, а леите биле навадени, зелката полиена, водата донесена и печката разгорена. Куклата и кажувала на Василиса и која билка да ја земе за да се заштити од сонцето. Убаво било да се живее со куклата.
Поминале неколку години. Василиса пораснала и станала мома. Сите ергени од градот ја гледале, а ќерките на маќеата никој и не ги забележувал. Маќеата се лутела и им велела на ергените: “Не ја давам најмладата пред постарите да ги омажам!”
Еднаш трговецот решил да замине од дома на подолго време по работа. Маќеата се преселила во другата куќа, а покрај неа имало густа шума, а во шумата, на една полјанка си стоела куќича, а во куќичката живеела баба рога: таа не дозволувала никој да и се приближи и ги јадела луѓето небаре се пилиња. И така маќеата постојано ја испраќала Василиса во шумата по нешто, но таа постојано се враќала дома здрава и жива: куклата постојано и го покажувала патот и не и дозволувала да се приближи до куќарката на баба рога.
Дошла есен. Маќеата на сите три девојки им дала вечерни задачи: едната ја натерала да везе миле, другата да плете чорапи, а Василиса да преде. Маќеата ги изгаснала огновите и оставила да гори само една свеќа во собата во која работеле девојките, а таа отишла и си легнала. Девојките работеле. Свеќата почнала да се разгорува, па една од ќерките на маќеата зела маша да го поправи огното, но наместо тоа ја изгаснала свеќата.
- Што ќе правиме сега? – велеле девојките. – Нема огин во цела ноќ, а нашите задачи не се завршени. Треба некој да оттрча кај баба рога и да донесе огинче.
- Мене ми е светло од иглата, - рекла таа што го везела милето. – Јас нема да одам.
- И јас нема да одам, - рекла таа што плела чорапи. – И мене од игливе за плетење ми е светло.
- Ти треба да одиш по огинче, - завикале двете. – Оди кај баба рога! – и ја истуркале Василиса од собата.
Василиса отишла во својата одаја, ја поставила веќе подготвената вечера пред куклата и рекла:
- Кукличке, касни го залчево и несреќата моја ислушај ја: ме праќаат да одам кај баба рога, а таа ќе ме изеде!
Куклата си каснала, оите и заблескале како свеќички.
Не плаши се, Василиса! – рекла таа. – Оди кај што те праќаат, само земи ме и мене со себе. Кога си со мене баба рога ништо не може да ти направи.
Василиса се подготвила. ја ставила куклата во џебот и крстејќи се тргнала во густата шума. Одела Василиса и се тресела од страв. Одеднаш пред неа излегол коњаник: тој бил бел, облечен во бело, коњот му бил бел, а и коњската опрема била бела, - во дворот почнало да се разденува.Продолжила Василиса понатаму кога пред неа се појавил друг коњаник: тој бил црвен, облечен во црвено, коњот му бил црвен – сонцето почнало да изгрева.
Василиса одела цела ноќ и цел ден и дури следната вечер се нашла на полјаната на која стоела куќарката на баба рога; оградата околу неа била направена од човечки коски, а одозгора човечки черепи со очи; наместо столбови крај врататата - човечки нозе; наместо резижа – раце, наместо клучалка – вилица со остри заби. Василиса занемела од ужас и се вкочанила. Одеднаш гледа повторно доаѓа коњаник: тој бил црн, облечен во црно и на црн коњ. Скокнал тој преку вратата на баба рога и исчезнал, како в земја да пропаднал – се стемнило. Но темнината не треала долго: од черепите на оградата почнале да светкаат очите и сета полјана станала светла, како среде бел ден. Василиса се тресела од страв, но не знаејќи каде да бега останала на своето место. Наскоро од шумата се слушнал страшен шум: дрвјата се треселе, сувите лисја шумолеле. Од шумата дошла баба рога – со толчникот тера, а зад себе трагите со метла ги брише. Дошла до вратата, застанала и почнала да мирисанаоколу, па завикала:
- Ух-ух! Мириса на човек! Кој има тука?
Василиса и се приближила на старицата со страв, ниско се поклонила и рекла:
- Јас сум, бабичке!Ќерките на мојата маќеа ме испратија кај тебе по огинче.
- Добро, - рекла баба рога, - ги знам јас нив, дојди кај мене и поработи малку, па ќе ти дадам огинче, а ако не сакаш тогаш ќе те изедам!
Потоа се свртела кон вратата и извикала:
- Еј, клучалки мои цврсти отклучете се, еј порти мои широки отворете се!
Портите се отвориле и баба рога влегла, по неа влегла и Василиса, а потоа портите повторно се затвориле. Откако влегла во одајата баба рога се раскомотила и и рекла на Василиса:
- Дај што има да се јаде од печката, гладна сум.
Василиса запалила светлина од три черепи што биле на оградата и почнала да вади јадење од печката за абаб рога, а за јадење имало десет луѓе. Од визбата донела квас, мед, пиво и вино. Баба рога сé изела и сé испила. На Василиса и оставила само малку чорба, крајче леб и парче свинско. Пред да си легне баба рога и рекла на Василиса:
- Утре кога ќе заминам исчисти го дворот, измети ја куќарката, направи вечера, испери ги алиштата, оди во амбарот, земи пченица и исчисти ја. И сето тоа да си го направила, оти ќе те изедам.
По таквата закана баба рога зарчела, а Василиса ја ставила храната од старицата пред куклата, почнала да лие солзи и рекла:
- Кукличке, касни го залчево и несреќата моја ислушај ја! Баба рога ми даде тешка работа и ми се заканува дека ќе ме изеде ако не ја завршам, те молам помогни ми!
Куклата одговорила:
- Не плаши се, Василиса Прекрасма! Вечерај, помоли се и легни си. Утрото е помудро од ноќта!
Утрото Василиса се разбудила, а баба рога била веќе станата. Погледнала низ прозорецот: очите од черепите почнале да се гаснат; блеснал белиот коњаник и сосема се разденило. Баба рога излегла во дворот, свирнала, а пред неа се појавиле аванот, толчникот и метлата. Блеснал црвениот коњаник и сонцето се појавило. Баба рога седнала во аванот и одлетала од дворот, со толчникот тера, а со метлата трагите ги брише. Василиса останала сама. Погледнала на куќата на баба рога, му се изнагледала на изобилието и почнала да се мисли која работа попрво да ја фати. Гледа таа така, а сета работа веќе била сработена. Куклата ја исчистила пченицата до последно зрно.
- Ах, ти, спасителке моја! - и рекла Василиса на куклата – Од несреќа ме спаси.
- Ти остана само вечерата да ја направиш, - одговорила куклата, влегувајќи во џебот на Василиса. – Направи го со лесно и одмори си се!
Вечерта Василиса седнала на масата и ја чекала баба рога. Почнало да се стемнува. На вратата блеснал црниот коњаник и настанала ноќ. Само очите од черепите светеле.
Дрвјата се затресле, лисјата зашумолеле – баба рога иде. Василиса ја пречекала.
- Сé ли е направено? – прашала баба рога.
- Повелете, погледнете сама, бабо! – рекла Василиса.
Баба рога погледнала, разгледала да не најде нешто за да се налути, па рекла:
- Добро!
Потоа свикала:
- Верни слуги мои, пријатели срдечни, сомелете ја мојата пченица!
Се појавиле три пара раце, ја зеле пченицата и ја сомлеле.
Баба рога се најала, па подготвувајќи се да си легне и наредила на Василиса:
- Утре да го направиш истото што и денес, и уште земи од амбарот афион, па и него исчисти го од земја! Некој од злоба го извалкал.
Рекла така старицата, се завртела кон ѕидот и зарчела, а Василиса почнала да ја храни куклата. Куклата се најала и и кажала исто како и претходната вечер:
- Помоли му се на Бога и легни си. Утрото е помудро од ноќта. Сé ќе биде сработено, Василиса.
Утрото баба рога побторно одлетала со аванот, а Василиса и куклата веднаш ја завршиле сета работа. Старицата се вратила, погледнала наоколу и свикала:
- Верни слуги мои, пријатели срдечни, извадете масло од мојот афион!
Се појавиле три пара раце, го зеле афионот и направиле масло.
Баба рога седнала да вечера. Јадела таа, а Василиса стоела молчешкум.
- Зошто не ми зборуваш? – рекла баба рога. – Стоиш простум небаре си нема!
- Па немам храброст, - одговорила Василиса, - а ако ми дозволиш јас би те прашала нешто.
- Ајде, прашувај, ама да знаеш дека секое прашање не води кон добро: ако знаеш многу побргу ќе остареш!
- Сакам да те прашам, бабичке, за она што го видов: кога доаѓав кај тебе се појави бел коњаник, облечен во бело и на бел коњ. Кој е тој?
- Тоа е денот мој јасен, - одговорила баба рога.
- Потоа се појави друг коњаник на црвен коњ, а и тој беше црвен, па згора на тоа и облечен во црвено. Кој е, пак, тој?
- Тоа е моето црвено сонце! – одговорила баба рога.
- А што значи црниот коњаник кој се појави пред твоите порти, бабо?
- Тоа е мојата темна ноќ – сите тие ми се слуги верни!
На Василиса и текнало за трите пара раце, но си молчела.
- Нема ништо друго да прашаш? – рекла баба рога.
- Доволно беше. Ти самата, бабо, рече дека ако многу прашувам ќе остарам.
- Добро е, - рекла баба рога, - што прашуваш само за она што си го видела надвор од дворот, а не и за она што е во него! Јас не сакам кога домашните расправии ми се изнесуваат надвор од куќарката, а оние што се љубопитни ги јадам! Сега јас тебе ќе те прашам нешто. Како успеваш да ја завршиш сета работа што ти ја давам?
- Ми помага мајчиниот благослов, - одговорила Василиса!
- Така ли? Ајде, бегај од мене, ќерко благословена! Мене благословени не ми требаат!
Ја исфрлила таа Василиса од одајата и ја истуркала низ вратата, симнала од оградата еден череп со очи што гореле, го набила на колец, и го дала на Василиса и и рекла:
- Еве ти огинче за ќерките на твојата маќеа. Земи го! Тие по тоа и те пратиле кај мене!
Пошла Василиса дома трчајќи под светлото на черепот кој згаснал со доаѓањето на денот. Дури следната вечер таа успеала да дојде дома. Се приближила до вратата и сакала да го фрли черепот. “Дома сум, - си помислила, - повеќе огин не е потребен”. Но, одеднаш се слушнал придушен глас од черепот:
- Не фрлај ме, однеси ме кај твојата маќеа!
Василиса погледнала на куќата на нејзината маќеа и откако видела дека во неа не свети огин решила да влезе со черепот. Најпрво ја пречекале топло и и раскажале дека сé дури таа не дошла дома немало огин. Тие самите не можеле да запалат, а оној што го носеле од соседите се гасел веднаш штом ќе го внеле во одајата.
- Твојот огин белки ќе издржи! – рекла маќеата.
Го внеле черепот во одајата, а очите постојано гледале на маќеата и на нејзините ќерки и светеле! Тие почнале да се кријат, ама каде и да мрднеле очите оделе по нив, сакајќи да ги изгорат маќеата и нејзините ќерки. На изгрејсонце тие биле сосема изгорени. Останала само Василиса.
Утрото Василиса го закопала черепот в земја, ја заклучила куќата со катанец и отишла во градот. Таму таа се сместила кај некоја старица што живеела сама. Така Василиса си живеела кај неа и го чекала татко си. И и рекла Василиса на бабата:
- Здодевно ми е да седам без работа, бабичке! Оди купи ми најубав лен, а јас ќе го испредам.
Старицата купила убав лен. Василиса се фатила за работа и тоа го правела со жар, а преѓата толку тенка и убава небаре влакно. Многу преѓа се насобрало, па дошло време за ткаење, ама разбој за преѓата на Василиса не можело да се најде, а никој не ни сакал да направи. Василиса почнала да ја моли куклата, а таа и одговорила:
- Донеси ми некоја стара рамка од разбој, па и стар чун и малку коњска грива, а јас сé ќе средам.
Василиса нашла сé што било потребно и легнала да спие, а куклата преку ноќ направила разбој. Кон крајот на зимата и платното било исткаено, а било толку тенко што со игла не можело нитка да се провлече.
На пролет го обелеле платното, а Всилиса и рекла на старицата:
- Продај го, бабичке, платново, а парите земи си ги за себе.
Старицата го погледнала платното и воздивнала:
- Не, ќерко! Вакво платно е само за царот! Ќе го однесам во дворецот.
Тргнала старицата кон палатата и почнала да оди околу прозорците.
Ја видел царот, та ја прашал:
- Што сакаш, старице?
- Ваше царско височество, - одговорила старицата, - ви донесов прекрасен подарок и никому освен тебе не сакам да му го покажам.
Царот наредил да ја пуштат старицата кај него, а кога го видел платното се восхотил.
- Што сакаш за него? – прашал царот.
- Тоа е бесценето, царе! Ти го донесов како подарок.
И се заблагодарил царот на старицата и ја дарувал.
Од платното почнале на царот кошули да му шијат. Ги скроиле, но никаде не можеле да најдат шивачка која би се нафатила на таа работа. Долго барале, а на крајот царот ја повикал старицата и и рекол:
- Ако си го спрела и сткајала ти платново, тогаш ти од него ќе знаеш и кошули да направиш.
- Не го спрев и не го сткајав јас платното, ваше величество, ами девојката што живее кај мене.
- Па, тогаш таа нека сошие!
Се вратила старицата дома и и раскажале на Василиса сé по ред.
- Знаев, - и одговорила Василиса, - дека таа работа нема да ги мине моите раце.
Се затворила таа во својата одаја и се фатила за работа. Шиела Василиса без престан и една дузина кошули веќе била готова.
Старицата ги однела кошулите кај царот, а Василиса се измила, се исчешлала, се облекла и седнала крај прозорецот. Си седи така и чека да види што ќе се случи. Кога што ќе види: во дворот на старицата доаѓа царски слуга. Влегол тој во одајата, па и рекол на Василиса:
- Царот сака да ја види мајсторката што му ги сошила кошулите и да ја награди со свои раце. Пошла Всилиса и се појавила пред царските очи. Кога царот ја видел Василиса Прекрасна се вљубил во неа до уши.
- Не, - и рекол тој, - убавице моја! Нема да се разделам од тебе. Ти ќе ми бидеш жена.
И така царот ја зел Василиса за белите раце, ја седнал до себе, па и свадба направиле. Наскоро се вратил и таткото на Василиса, се израдувал на нејзината судбина и останал да живее кај ќерка си. Василиса си ја зела старицата кај себе, а куклата ја носела во џебот до крајот на животот.

Превод од руски: Емил Ниами

МАКЕДОНИЈА – АНТЕ ПОПОВСКИ

Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи по градините
Еве ја таа проста земја
од пајажина
и од води
Мудро слободата кај што ги запишува
селските имиња
Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат
Еве ја таа проста земја
од заморено дишење
и од молк
Низ која времето одминува
и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.
О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае.

НАЈСРЕЌНИОТ МОМЕНТ – ЛИДИЈА ДЕЈВИС

Ако ја прашаш која е нејзината омилена приказна што ја има напишано, ќе се двоуми подолго време, а потоа мислам дека ќе ја каже следнава: прочитала во една книга дека професор по англиски јазик во Кина го прашал својот кинески студент за најсреќниот момент во неговиот живот. Студентот долго време се двоумел. На крај, се насмеал засрамено и кажал дека неговата сопруга еднаш отишла во Пекинг и јадела патка таму, а потоа често пати му кажувала за тоа, и поради тоа тој рекол дека најсреќниот момент во неговиот живот било нејзиното патување и јадењето патка.

Превод од англиски: Љупчо Петрески

ДЕБЕЛИОТ И ТЕНКИОТ – АНТОН ПАВЛОВИЧ ЧЕХОВ

На Николаевската железничка станица се сретнаа двајца пријатели: едниот беше дебел, а другиот, пак, тенок. Дебелиот само што се најал на железничката, и неговите усни, целите намастени, сјаеја како зрели вишни. Мирисаше на вино Херес и оранжада. Тенкиот, пак, тукушто беше излегол од вагон и беше натоварен со куфери, врзулци и картонски кутии. Тој мирисаше на шунка и на талог од кафе. Зад неговите плеќи ѕиркаше слабичка жена со долга брада - жена му, и висок гимназијалец со примижани очи – син му.
- Профириј! – викна дебелиот кога го виде тенкиот. – Ти ли си, бе? Драги мој! Од кога не сме се виделе!
- Другарче! – се распамети тенкиот. – Миша! Другар од детството! Од каде, пак, ти?
Пријателите трипати се прегрнаа и си погледнаа во очите полни со солзи. И двајцата беа пријатно зашеметени.
- Мил мој! – почна тенкиот по прегратките. – Кој би помислил! Какво изненадување! Погледни ме поубаво! Истиот убавец како и порано! Истиот мангуп, истото конте! Ах, Господе! Како си? Богат ли си? Женет ли си? Како што гледаш јас сум женет… Ова е жена ми, Луиза, родена Ванценбах… лутеранка… А, ова е син ми, Натанаил, ученик на трета година. Нафања, ова е мој другар од детството! Заедно учевме во гимназија!
Нафанаил малку се подзамисли и ја симна шапката.
- Заедно учевме во гимназија! – продолжи тенкиот. – Се сеќаваш како те закачаа? Те викаа Херострат зашто со цигара ја изгоре ученичката книшка, а мене Ефиалт зашто многу сакав да поткажувам. Хо-хо… Деца бевме! Не плаши се, Нафања! Приближи се… А, ова е жена ми, родена Ванценбах… лутеранка.
Нафанаил малку се помисли и се скри зад татковиот грб.
- И како ми живееш, другарче? – праша дебелиот, воодушевено гледајќи на својот другар. – Служиш ли некаде? Или си дослужил?
- Служам, драги мој! Веќе две години работам како колешки асесор, а и Станиславски орден имам. Платата е мала… ама добро е! Жена ми држи часови по музика, јас приватно правам дрвени табакери. Одлични табакери! Едно парче за рубља го продавам. Ако некој земе десет или повеќе, тогаш и попуст давам. Се снаоѓам некако. Служев во Министерството, а сега ме преместија тука за да бидам шеф на одделот… Тука ќе служам! А, ти како си? Можеби си веќе државен советник, а?
- Не, драги, качи малку повисоко, - рече дебелиот. – До таен дотуркав. Две ѕвезди имам.
Одеднаш тенкиот побледе, се здрви, но набргу неговото лице се рашири на сите страни со насмевка; се чинеше како од неговото лице и од неговите очи да прскаат искри. Тој се свитка, се згрбави и се смали… Неговите куфери, врзулци и картонски кутии се стуткаа, се намуртија… Долгата брада на жена му стана уште подолга; Нафанаил застана во став “мирно” и ги закопча сите копчиња на униформата…
- Јас ваше благородство… Многу ми е драго! Другар од детството, а одеднаш станавте толку голем! Хи-хи-хи!
- Е, де! – се намурти дебелиот – Зошто така? Другари од детство сме, зошто е сево ова персирање?
- Ама, ве молам… Што ви е… - се закикоте тенкиот, сé повеќе смалувајќи се. – Милсотиво внимание на вашето благородство… како некаква животворна влага… Ова, ваше благородство, е мојот син Нафанаил… жена ми Луиза, лутеранка, во извесна смисла…
Дебелиот сакаше да каже нешто, но на лицето на тенкиот беше испишано такво угодување, сладникавост и почитувачка кислина, што на тајниот советник му се слоши. Тој се сврте од тенкиот и му ја подаде раката за збогум.
Тенкиот ги стисна трите прста, се поклони со целото тело и се закикоте како Кинез: “хи-хи-хи”. Жена му се насмевна. Нафанаил тропна со ногата и ја испушти шапката. Сите тројца беа пријатно вчудовидени.

1883

Превод од руски: Емил Ниами

МАЈКА – СРПСКА НАРОДНА ПРИКАЗНА

Си биле две сестри и кога станале девојки, многу рано се омажиле. На постарата сестра Бог и подарил неколку дечиња, а помладата немала ниту едно. Нејзе и било многу тешко поради тоа и затоа секогаш кога ќе помислела на својата постара сестра, многу се натажувала. Тогаш си посакувала да биде поблиску до сестра си и си велела: “Кога внучињата и внуките би ми биле во близина, би ми било многу полесно.”
Најпосле, успеала од постарата сестра да измами едно женско детенце. Ех, мајка си е мајка, на сестра и не и било лесно да го преболи своето детенце, но се тешела со зборовите: “тоа е кај свои луѓе, значи исто како да е со мене.”
Кога пораснало, посвоеното детенце не ни знаело што се случило, па за тетка си мислело дека му е мајка. И ја викало мамо.
И така времето си врвело и само што си се завртел, а изминала една година. Минала и втората и третата и повеќе години откако детенцето го посвоила тетка му. Еднаш постарата сестра се наканила да појде на гости кај својата помладата сестра. Срцето ја влечело малку кон сестра си, малку кон детенцето, но повеќе кон него.
Само што пристигнала, сестра и ја дочекала со радост. О Боже, никаде нема поубаво место од местото на нејзината родена сестра. Таа поседела некое време, а девојчето веќе пораснало. Помладата сестра помагала околу куќните работи. Еднаш и се случило да заборави да го исчешла девојчето, така што тоа на својата вистинска мајка и рекло да ја исчешла. Таа милозливо го исчешлала девојчето и го чукнала по раменцето.
- Ајде станувај, готово.
Тогаш девојчето и рекло:
- Леле тето, колку ти е лесна раката, а на мајка ми некако и е потешка од твојата.
Кога слушнала, мајката толку се натажила што солза и капнала од окото. И како да не и капне? Па, има ли поголем пријател од мајката? Само кога ќе се спомене нејзиното име “мајка”, устата се полни со радост. Макар и тетка да е, сепак туѓа е. Иако го жали како мајка да е, не и излегло детето од срцето. Сестрата ништо не проговорила, туку кога си заминувала, го повела и детето со себе. Помладата сестра ја молела да не и го зема девојчето, но таа за жива глава не попуштала, туку и рекла:
- Не зборувај, мила сестричке, кога не знаеш што значи свое дете и што е мајчино срце.

Превод од српски: Весна Крстевска Трајкова

ВО ОВОШТАРНИКОТ – ВИРЏИНИЈА ВУЛФ

Миранда беше заспала во овоштарникот, лежејќи на долгиот стол под јаболкницата. Книгата и беше паднала во тревата, а нејзиниот прст се уште како да покажуваше на “Ce pays est vraiment un des coins du monde oui le rire des filles elate le mieux . . .”, како да заспала токму на таа реченица. Опалите на нејзиниот прст зрачеа зелено, зрачеа цревеникаво, и повторно зрачеа портокалово како сонцето, навлегувајќи низ јаболкниците, ги исполнуваше. Во моментот кога ветрето ќе дувнеше, нејзиниот пурпурен фустан се развиоруваше како цвет закачен на стебленце; тревата се наведнуваше; а белата пеперутка ја надлетуваше де ваму, де таму над нејзиното лице.
Четири стапки во воздухот над нејзината глава висеа јаболката. Наеднаш се слушна силна врева, како да беа гонгови од скршена бронза кои чукаат насилно, неправилно, дури брутално. Но, тоа беа само учениците кои ја кажуваа таблицата на множење во хор, запрени од учителот, укорени, и почнаа повторно да ја кажуваат таблицата на множење. Но, оваа врева помина четири стапки над главата на Миранда, помина низ гранките на јаболкницата, и, го слушна дури детето на краварот кое береше капинки во долот наместо да биде на училиште, поради кое си го раскрвари палецот од трњето.
Потоа имаше некој осамен извик – тажен, човечки, брутален. Стариот Парсли беше, навистина, слеп пијаница.
Тука беа и најгорните лисје од јаболкницата, рамни како мали риби наспроти синилото, триесет стапки над земјата, одекна тажна и трогателна порака. Тоа беа оргулите во црквата, кои свиреа една од химните на Стариот и Новиот завет. Звукот лебдеше околу и беше расцепкан во атоми од јато птици што летаа со неверојатна брзина – наоколу. Миранда спиеше триесет стапки подолу.
Тука над јаболкницата и крушата двесте стапки над Миранда, која спиеше во овоштарникот, ѕвоната биеја, спорадично, непријатно, дидактички, за шест кутри жени од парохијата кои беа замонашени, а ректорот му се заблагодаруваше на небото.
Над него со остар извик, златниот пердув на црквената кула се заврте од југ на исток. Ветрот го смени својот правец. Над се друго мрмореше, над шумите, над долините, над ридовите, милји над Миранда, која лежеше заспана во овоштарникот. Исчезна незабележително, глупаво, не срејќавајќи ништо што може да му се спротистави, се дури не се заврте на спротивната страна, се заврте кон југ повторно. Милји подолу, во простор голем колку уво од игла, Миранда стоеше исправена и викаше гласно: “Ох, ќе задоцнам за чај!”
Миранда спиеше во овоштарникот – или можеби и не спиеше, зашто усните и се придвижуваа полека како да велат, “Ce pays est vraiment un des coins du monde . . . oui le rire des filles . . . eclate . . . eclate . . . eclate .” и потоа се насмевна и дозволи нејзиното тело да потоне со сета своја тежинана огромната земја што се креваше, си помисли, да ме носи на нејзиниот грб како да сум лист, или кралица (тука децата ја кажуваа таблицата на множење), или Миранда продолжи, можам и да лежам на врвот од карпа со галебте кои врескаат над мене. Колку повисоко летаат, продолжи таа, додека учителот ги укоруваше децата и го критикуваше Џими се додека не кажаа точно, така подлабоко погледнуваа во морето – во морето, повтори таа, како што прстите и се опуштија, а нејзините усни нежно се затворија како таа да лебдеше во морето, и потоа, кога извикот на пијаниот човек одекна во воздухот, го задржа воздухот со неверојатна екстаза, зашто помисли дека го слушна животот како извикува од грубиот јазик во црвената усна, од ветерот, од ѕвоната, од зелените брановидни лијсе на зелките.
Се разбира таа беше мажена кога оргулите ја свиреа химната од Стариот и Новиот завет, а кога ѕвоната одекнаа за шесте кутри жени што се замонашија, тажниот спорадичен татнеж ја натера да помисли дека самата земја се тресе од чекорите на коњот што галопира кон неа (“Ах, ќе мора да почекам!” забележа), и изгледаше како се да се поместило, извикало, изјавало, прелетало околу неа, преку неа, кон неа во шема претходно.
Мери сече дрва, си помисли; Пирман го паси кравите, кочиите доаѓаат од долината; возачот – и ги следеше линиите дека мажите, кочиите, птиците и возачот се создадени за селски живот, се додека не бидат запрени од ударите на сопственото срце.
Милји горе во воздухот ветрот ја сменил насоката; златниот пердув на црквената кула згребчи; а Миранда скокна и извика: “Ох, ќе задоцнам на чај!”
Миранда спиеше во овоштарникот, или дали спиеше или не спиеше? Нејзиниот пурпурен фустан се беше растегнал меѓу двете јаболкници. Имаше дваесет и четири јаболкници во овоштарникот, некои поднаведнати, некои израснати прави со дебели стебла, што се рашириле во крошни и формирале црвени или жолти капки. Секоја јаболкница имаше доволно простор. Небото точно си одговараше со лисјето. Кога ветренцето ќе дувнеше, линијата на крошните наспроти ѕидот се допираше и потоа повторно се врќаше на своето место. Долгоопашестата птица прелетуваше дијагонално од едниот агол до другиот. Внимателно потскокнувајќи, дрозд одеше кон едно паднато јаболко; од другиот ѕид врапче подлетнуваше над тревата. Наваленоста на дрвјата беше поврзаноста со овие движења; сите тие формираа ѕидови на овоштарникот. Со милји под земјата беа поврзани заедно; а избранувани на земјата од придвижениот воздух; и наспроти аголот од овоштарникот сино-зеленото беше расцепено од пурпурна линија. Правецот на ветрот се промени, едне куп јаболка беа фрлени толку високо што затскријаа две крави во долината (Ох, ќе задоцнам за чај!” извика Миранда), и јаболката повоторно висеа над ѕидот.

Превод од англиски: Љупчо Петрески

ПРВИОТ КУР – КОТА ГАЈ

Кога станав полнолетен, мојот пријател се чинеше поинаков. Го познавав уште од основно училиште, но сега кога училиштето заврши засекогаш, сакав нешто повеќе од дружење и слично. Го сакав НЕГО! Најпрво бев шокиран од фактот дека чувствувам нешто кон него. Но, сакав и тој да знае што чувуствувам.
Една вечер тој се беше скарал со девојка си, и беше раскинал и ме замоли да живее извесен период кај мене. Му реков дека нема проблем и оти може да дојде. Кога пристигна, јас го бев чекал на вратата за да му отворам (мојот стан всушност беше гарсониера). Додека се качувавме му реков дека ќе мора да спиеме во ист кревет. Тој, пак, објасни дека тоа воопшто не му пречи.
Кога влеговме во станот ми рече:
- Ќе ти пречи ли да се истуширам?
- Не, повели, - реков јас.
По четири минути ја подотворив вратата и ѕирнав. Тој дрнкаше, а неговото газе беше исполнето со дилдо! Курот ми стана толку тврд, што дури почна да ме боли. Тивко ја затворив вратата. “Господе!”, си помислив. “Та, тој е геј!”
Набрзина почнав да дрнкам, со цел да ми омекне, за кога тој ќе се врати да не го забележи мојот кур од 18 сантиметри. Сепак, носев кошаркарски шорц, па ако ми е дигнат тоа јасно ќе се види. Го направив тоа набрзина за да не ме фати. Тој излезе, а на себе имаше кошаркарски шорц и маица без ракави. Никогаш не сум го видел во таква, зашто секогаш носеше широка и развлечена маица со ракави. Не можев да си поверувам дека изгледа речиси совршено! Немаше јаки стомачни мускули, но во истовреме немаше ни стомаче.
Му објаснив дека може да остане колку што сака, но ако мисли тоа да биде за подолго, ќе мора да ги делиме сметките и станарината. Тој, пак, ме потсети дека работи во близина, така што ќе може да ги покрие трошоците. Потоа му реков дека ќе мора да си легнеме, зашто следниот ден и двајцата бевме на работа.
Се разбудив среде ноќ и почувствував како несто мазно ми го гали газето. По неколку секунди сфатив: тоа е раката на другар ми. Поминаа уште неколку секунди и повеќе не можев да издржам! Посегнав, ја ставив мојата рака на неговата и го натерав добро да ме фати за газ. Тој беше изненаден, но јас се завртев и му кажав што чувствувам. Тој, пак, ми одговори:
- И јас отсекогаш сум чувствувал нешто за тебе.
Потоа посегна со раката, ме фати за коса и ми рече:
- Те сакам.
Му одговорив:
- И јас те сакам.
Го фрливме ќебето со кое бевме покриени, ни стана жешко. Потоа се приближивме еден кон друг. Тој ги допре своите беспрекорни, полни, сочни усни на моите и ми го подари најневеројатниот бакнеж во животот.
Потоа му реков:
- Еби ме сега, ужасно те посакувам!
Без никакво размислување ме легна на грб, ми ги рашири нозете и почна да го лиже мојот анус. Беше ТОЛКУ добро, што мислев дека не постои ништо поубаво на светот. Немав право. Тој легна на грб и ме придржи да се наместам на врвот на неговиот голем кур. Само што почна да пенетрира, ми доаѓаше да врескам. Толку многу боли! Но, почнав да се движам нагоре-надолу, а мојата болка се претвори во најубаво чувство. По пет минути тој сврши во мене, а јас на неговите гради. Ја излижав спермата од неговите гради, се мушнав во него и заспав. Кога се разбудив следното утро, се чувствував прекрасно. Се уште живееме заедно на истото место, но сега сме многу поискусни. Денес отидовме заедно да го купиме нашиот прв геј порнофилм за да научиме нешто ново. Јас, пак, си купив свое дилдо, за да имам помош кога сум слободен, додека моето момче е на работа.

Превод од англиски: Емил Ниами

НЕГАТИВ – ВИСЛАВА ШИМБОРСКА

На небото темно
облаче уште потемно
со црна сончева обвивка.

На лево значи на десно
бела црешова гранка со црни цветови.

На твоето темно лице светли сенки
си седна на маса
и ги стави на неа помодрените раце.

Личиш на призрак
кој се обидува да ги повикува живите.

(Оти и јас сум една од нив
треба да му се појавам и затропам:
добра ноќ значи добар ден
збогум значи добредојде.
И да не се скржавам да му поставам прашања за ниеден одговор,
ако се однесуваат на животот,
значи бура пред затишје).


Препев од полски: Мимоза Кочова

СЛЕПА – ЕН ФИШЕР

1.
Мојот маж, Кристофер, порано беше финансиски советник. Иако не можеше да се справи со семејниот буџет, неговите клиенти безусловно му веруваа и се чувствуваа сигурни. Затоа и го плаќаа добро. Тогаш водевме убав живот, со исклучок на некои мали брачни проблеми, но нив ги решававме со неколку слатки збора или со посета на спалната соба. Обично се каравме за парите. Моето студио за јога само што почна да носи пари, а јас го декорирав во симпатичен минималистички стил со неутрални бои, едноставни графички решенија и ситни детали како драп перничиња од свила и глинени саксии. Конечно воспоставив контрола врз мојот деловен живот и давав се од себе да станам успешна.
Нештата добро тргнаа. Јас имав работа, а Кристофер трпеливо напредуваше во негеовиот оддел. Еден намуртен зимски ден во петтата година, одненадеж и без никакво предупредување, тој едноставно стана од бирото во неговиот сив преграден простор во банката, поднесе оставка, дојде дома и ми кажа дека сака да отвори фирма за внатрешен дизајн.
Отсекогаш сакаше да меша и комбинира и навистина има чувство за бои, текстура и форми, но никогаш не сме разговарале за идејата да направи бизнис од своето хоби. Сметав дека стресот на работното место стана преголем и дека ќе земе неколку слободни месеци во текот на пролетта и летото за да се опушти, ќе сработи неколку проекти и потоа ќе заборави на таа идеја. Не верував дека е сериозен. Но, откако најде неколку клиенти (благодарение на сестра ми, која има богати пријатели), тој почна да изготвува планови, да нарачува каталози, да посетува продавници за стар мебел, а од нашата празна работилница направи импровизирано студио, во кое ги закачи своите скици. Потроши многу време и пари на подготовки и навистина добро му одеше, но тогаш им се јави на сите клиенти и им се извини, велејќи им дека не се чувствува добро и дека, сепак, не ќе може да ги уреди нивните домови. Потоа си легна.

2.
Дома е речиси една година. На почетокот, спиеше по цел ден. Ќе станеше и во пижами ја гледаше “Опра” и се она што следеше. Ретко се тушираше и се бричеше. Исто така, не сакаше и не сака да води љубов со мене. Нашиот љубовен живот беше најдобриот дел од нашата врска. Сега повторно се премисли и реши да посетува курс за дизајн на накит. Се обидувам да го поддржам во намерата, зашто сум среќна што воопшто нешто го интересира, но морам да кажам дека мојот живот со него е малку чуден и, на моменти, да не кажам честопати, нефер. На пример, морав да го затворам студиото во центарот и да почнам да држам часови дома. Исто така, Кристофер е невработен, којзнае до кога, па јас морам да ги плаќам сите сметки. Едноставно, немаме друг прилив на средства.
Држењето часови дома има свои предности. Дел од работилницата е загреан, па го користам за клиентите, а има и многу простор. Да, новото студио добро функционира, но тешко е да не се забележи Кристофер и метежот што го остава зад себе каде и да мине. Деновиве барем се облекува, па не морам да го кријам како на почетокот.
Обично му давам пари за да оди на кино попладне. Очигледно, тој гледа многу филмови. Никогаш не одеше сам на кино, но сега е поинаку. Се трудам да не мислам каде би отишол ако не е на кино. Мојот ум едноставно се исклучува. Па, што има лошо ако одиш сам на кино? Сега и пуши, па морам да му купувам цигари. Кога знам дека некој ќе дојде, палам миризливи стапчиња, со кои го прикривам мирисот, но тоа не ми се допаѓа.
Би сакала да разговараме за неговото пушење, за проблемите со парите и за неговото ненадејно одење на кино попладне, понекогаш и по двапати, но не можеме. Би сакала да го прашам зошто не сака да спие со мене. Еднаш, кога се обидов, тој почна да плаче. Иако не рече ништо, помислив дека е подобро да не го притискам, ами да чекам самиот да се отвори. Зар не е така? Во моментов, Кристофер седи до кујнската маса и се обидува да направи обетки од ситни делови стар накит, што му ги дадов за да вежба, и изгледа многу смирено.
Сега му е потребна мојата подршка. Го знам тоа. Не можам да мислам на себе. Тоа би било себично, нели? Јас ќе дојдам на ред подоцна, кога ќе му биде подобро, кога ќе се соземе.

Превод од англиски: Дејан Жерајиќ

РАЃАЊЕТО И СМРТТА НА “НОВ АМЕРИКАНЕЦ” – СЕРГЕЈ ДОВЛАТОВ (предговор кон збирката “Маршот на осамените”)

Овие белешки наликуваат на говор над сопствениот ковчег.
Само претставете си: светол зимски ден, отворен гроб. На зглавјето - бели цветови. Наоколу натажени лица на пријатели и роднини. На бледното декемвриско небо се топат звуците на посмртниот марш...
И одеднаш вие станувате, смртно бледен, дотеран, убав, опсипан со латици од гладиоли.
Придушувајќи ги плашливите крици на толпата, велите:
-Момент, не одете си! Сега ќе ги именувам луѓето кои ме испратија во мртовечкиов сандак!
Тоа е многу големо искушение, да се каже говор над сопствениот гроб. Ете зошто решив да го издадам овој малечок зборник.

Овој зборник е за оние кои го знаеја и го сакаа “Нов Американец” во периодот на неговиот расцут, за оние кои тагуваат за неговата мината убавина, за оние во кои постои чувството за изгубено.
Парадоксот се огледа во тоа што, “Нов Американец” се уште е жив. Тој е жив како марксистичко - ленинистичкото учење, без разлика на сите очигледни црти на неговата деградација и пад.
Умрев само јас. “Нов Американец” само се препороди.
Иако во него, како и порано, работат талентирани луѓе. Се задржуваат привлечните црти на студентските средби. И весникот, како и порано, е оформен со вкус.
Но, исчезна она што беше главно. Она поради кое и се создаваше “Нов Американец”. Она кое му донесе некаква слава.
“Новиот американец” ги изгуби карактеристиките на демократски алтернативен весник. Тој престана да биде слободна дискусиона трибина. Смртта на “Нов Американец” е прекрасна и неповратна. Така потонува под вода голем океански брод. Но, едрата се уште се гледаат...
Со историјата на “Нов Американец” ќе се зафатат други. За таква работа јас сум малку субјективен. И уште повеќе, тоа што многумина помнат, како се започна.
Некои го помнат убавото. Некои, пак, лошото. Нашиот ум е избирачки, исто како избирачка кутија...
Затоа јас само бегло ќе ја раскажам историјата, осатнувајќи во рамките на скромниот граѓански парастос...
Како што сега можам да видам, весникот се појави во мошне благопријатен момент. Емиграцијата го достигна врвот. Во врска со авторите немаше никаков проблем. (Исто како што нема ниту сега. Писмени има доволно. Од доктори на науки може да се направи добра фудбалска екипа.) Потребата за нов весник беше очигледна. Постоечкиот руски печат не ги задоволуваше читателите. “Новое руское слово” користеше јазик, со кој се служеа лакеите во Ертел и Златовратск...
Како и да е, работата тргна. Добивме банкарска позајмица во износ од дванаесет илјади долари, што беше причина за неверојатни гласини, дури и такви, дека не потпомага КГБ.
А ние сите се радувавме. Ние велевме:
-Добре е што сметаат дека сме агенти на КГБ. Тоа ја зацврстува нашата финансиска репутација. Нека си мислат дека сме побогати...
Весникот стана реалност. Чувството на чудо беше заменето со секојдневни грижи. Се задлабочивме во џунглата на американскиот бизнис.
Идеи ни паѓаа на ум секоја минута. И секоја од нив откриваше пат кон богатството.
Кога се насобраа доволно идеи, ние му се обративме на еден амрикански познаник, Голдберг. Тој се запозна со идеите. Потоа сурово изговори:
-За оваа идеја ќе добиете една година затвор. За оваа две. За оваа четири, со конфискација на имотот. А, за оваа вас просто ќе ве депортираат...
Требаше се да се почне отпочеток.
Истовремено се разработуваше творечката позиција на весникот. Ние објавивме:
“Нов Американец” е демократска, слободна трибина. Тој објавува различни, понекогаш дури и дијаметрално спротивни гледишта. Заклучоци си донесува самиот читател...
Ние самите себе се нарекувавме еврејски весник. Да си кажам по право, јас лично бев против таквата формулација. Јас сметав дека “Нов Американец” е “весник на третата емиграција”, без никаков акцент на еврејското.
Започнаа разговори во општествените кругови. Не обвинуваа за потценувачки однос кон Русија, за локал-патриотски шовинизам, за користољубиви обиди да се привлече интересот на богатите еврејски организации.
Еден стар другар ми се јави од Франција. Тој ми рече:
-Велат дека си влегол во редовите на православните Евреи, и дека дури си се обрежал…
Јас одговорив:
-Володја! Јас не сум станал правоверен евреин, и не сум направил обрежување. Јас тоа можам да го докажам. Не можам да го протегнам мојот доказ преку океанот. Но, можам да и го покажам на твоја поверлива личност во Њујорк...
Паралелно со еврејскиот шовинизам, не обвинуваа и за јудофобија. Не нарекуваа антисемитисти, масакристи и црносотенци. Во врска со тоа ги споменував Арафат, Рибентроп, Гогољ.
Еден простодушен читател ми напиша:
-Вие го надминавте дури и Гогољ.
А, јас му одговорив:
-Од твоја уста во Божји уши...
Во нашиот весник се публикуваа дисусиони материјали за Солженицин. Господе, каква тревога предизвика тоа нешто. Не обвинуваа за соработка со советскиот режим, за прокомунистички расположби, само уште и за тероризам не не обвинија.
Се рашири приказна, дека јас, идниот затворски надзорник, физички сум го малтретирал Солженицин, иако кога Солженицим го затворија јас имав само три години. Јас почнав да работам во стража дури по дваесет години, кога на Солженицин му ја дадоа Лениновата награда...
И покрај се работите одеа добро. За нас пишуваа сите големи американнски весници и списанија. Добивав отсечоци од Франција, Шведска, Западна Германија. Бев поканет како редактор на три меѓународни симпозиуми. Зборував на радио. Блескав на телевизиските екрани.
Имавме претплатници дури и од Јужна Кореа...
Тука можев да наведам стотици документи. Од писмата на градоначалникот Коч, па се до писмата анонимката напишани на летонски јазик. Но сето тоа е непотребно. Кој го читал весникот, тој знае...
Годишнината ја одбележавме во ресторанот “Сокол”. Според територијата тој е еднаков на Ватикан. Во огромната сала се собраа околу деветстотини луѓе. Многумина од нив допатуваа специјално од Филаделфија, Конектикат, па дури и од Тексас.
По се изгледа тоа беше најсреќниот ден во мојот живот...
Натамошните настани ги излагам бегло, во главни црти.
Чувството на сензационалност и триумф не се губеше, иако имаше доволно проблеми. Како прво немаше доволно пари, што не ладеше и покрај нашиот ентузиазам.
Ни беше потребен добар бизнис менаџер, т.е. просто кажано администратор, деловен човек, па уште и до некој степен идеалист.
Уверен сум дека такви луѓе постојат. Уверен сум дека парите не можат да бидат самоцел, особено тука во Америка.
Колку му е потребно на човекот за удобен живот? Сто, двесте илјади годишно? А, луѓето тука вртат милијарди.
Сумата се претвори во цифра. Цифрата се претвори во хералдски знак.
Паметниот бизнисмен не се стреми кон пари. Тој се стреми кон целосна и хармонична идентичност на усилбата и резултатот, за што најубедлив показател е цифрата.
Накратко, беше потребен администратор. Јас сметав дека целата несреќа се состои во тоа.
Покрај сето, тоа монополскиот печат не потопуваше бескрупулозно. Тој ги обработуваше нашите рекламодатели, ги тероризираше авторите, пушташе за нас страшни гласини.
Со тек на време мене ми здодеа да се оправдувам. Нека си мислат луѓето дека токму јас сум ја отрул госпоѓа Бовари...
Кога и да е, Седих ќе се најде во рајот, и апостолите ќе му кажат:
-Добар си ти, чичко Јаша! А, ете, Сергеј Довлатов не си го оценил...
Времето одминуваше. Состојбата во редакцијата беше прекрасна, со лесна корекција на општото безумие.
Помнам, Наталија Шаримова требаше да оди во печатницата. Тоа беше навечер. Населбата беше прилично страшна.
Им кажав на Вајли и Генис, мажите со брада:
-Не е убаво Шаримова да оди сама во печатница.
На тоа убавиот и снажен Генис ми одговори:
-Е, па јас и Петко ќе одиме...
Ситуацијата беше весела и празнична, иако земјата уште одамна ми се нишаше под нозете.
Поработев во “Нов Американец” две години. Бев, да се изразам убаво, еден од неговите создатели. И бев хонорарен редактор. Навистина без плата. Партнер не бев. Акции немав.
Парадоксот се огледа во следново. Весникот имаше тројца стопани и десетици хонорарни работници. Стопаните работеа бесплатно, како што се претпоставува за сопственици на нов бизнис, за сметка на идниот профит.
Хонорарците добиваа плата. Убава, но малечка. Или подобро кажано, малечка, но убава.
И така, стопаните добиваа морална сатисфакција.
Наемниците, пак, добиваа скромна плата.
Јас бев парадоксална личност. Психолошки јас бев стопан. Правно бев хонорарец. Стопан без сопственост. Наемник без плата.
Се држев на соодветен начин. Од стопаните барав отчетност. Давав совети на раководството. Го истоштив Борис Метер по прашањето за дисциплина.
И ме отпуштија. Без никакви тешкотии, дотолку повеќе што јас правно гледано бев никој.
Си отидов. Со мене дојде и творечкиот колектив. Го наговоривме господинот Дескал од “Русики” да го финансира “Новиј свет”. Весникот поживеа два месеца.
Потоа господинот Дескал го купи “Нов американец”. Ни предложи да се вратиме. Ни вети творечка слобода. И јас се вратив.
Ќе речете:
-Добар човек. Го навредиле, а тој се вратил. Каде ти е чувството за сопственото достоинство.
Јас одговарам:
-”Нов Американец” беше мое омилено чедо, предмет на сите мои надежи, или убаво изразувајќи се, беше моја животна работа. Дали ви е познато местото, каде човекот треба да застане и да се фати за својата животна цел?!..
Понатаму се беше мошне просто. Се покажа дека творечката слобода е мит. Сето останато немаше никакво значење.
На крајот ни дадоа плата. Песна без зборови не оди.
Повторувам, тоа за мене немаше никакво значење. Во тоа време јас заработував некоја пара со литература.
И си отидов, но овојпат по своја желба.
Не го обвинувам господинот Дескал. Тој е бизнисмен. Тој плука на светската култура, а уште повеќе на руската. Тој заработува пари. Тоа е негово право.
Тој мене дури и ми е симпатичен. Тој е отворен профитер. Глупаво е да се надеваш дека просечниот Американец е Вонегут.
Ние му поставивме ултиматум на Дескал. Слобода или си одиме.
И си отидов. Тоа е се...
Весникот стана етнички, национален. По еден месец на соработниците им беше забрането да го споменуваат свинското, дури и во економските статии. Дури и мирно им препорачуваа да го заменат со полнета штука...
Само Вајл и Генис работат талентирано, како и порано, не полошо од Зигмунд и Ганелк. Литературата за нив е како Африка. Од блескави впечатоци прскаат крвните садови... Но, пишуваат тие со талент. Од песни... Всушност, јас за тоа веќе зборував...
Со весникот е крај. Тоа беше мојата последна авантура, последен блесок на продолжената младост. Од денес јас сум разумен и скромен литератор од средна рака. (“Средна рака” е содветен назив за машки клуб...)

Две години ја пишував “Колумната на уредникот”. Мислам дека во нив се одрази историјата на третата емиграција. Ако не историјата на третата емиграција, тогаш историјата на нашиот весник. Ако не историјата на весникот, тогаш историјата на мојата строга душа.
Не се решив да ги пишувам повторно. Та, нели нашите глупости, неуспеси, грешки се исто така историја. Така печатам се како што е.
За некои искажувања ќе зажалам. А, за други, пак, сум готов да ги истетовирам на градите...
Ја нареков својата книга “Маршот на осамените”. За жал ние бевме осамени дури и во најубавите времиња. И сега сме осамени, само што секој е различно осамен...
Мојот предговор се одолжи. Наскоро ќе раздени. Како што би кажал Моргулис:
“Со како чад сив фалос мелезот станува под прозорците на зората...”
Ја отвора својата весникарница Индусот. Замислете си, дури и тој знае дека јас сум поранешниот уредник на “Нов американец”.

Превод од руски: Емил Ниами

ВИЕТНАМ – ВИСЛАВА ШИМБОРСКА

Девојко, како се викаш? - Не знам.
Кога се роди, од каде потекнуваш?- Не знам.
Зошто си ископала јама во земјата?- Не знам.
Од кога се криеш тука?- Не знам.
Зошто ме касна за средниот прст?- Не знам.

Дали знаеш дека нема да ти направиме ништо лошо?- Не знам
На чија страна си?- Не знам.
Сега е војна, мора да одбереш.- Не знам.
Дали твоето село се уште постои?- Не знам
Дали се ова твои деца?- Да.

Препев од полски: Виолета Димовска

ОРЛАНДО – ВИРЏИНИЈА ВУЛФ (фрагмент)

И како што вози, можеме да ја искористиме можноста, бидејќи пејзажот е едноставен, англиски, и нема потреба од опишување, да го привлечеме вниманието на читателот повеќе, со една-две забелешки кои сме ги испуштиле горе-долу во раскажувањето. На пример, може да биде забележано дека Орландо го скрила ракописот кога ја прекинале. Друго, дека гледала долго и задлабочено преку стакло; и сега, како што вози на пат кон Лондон, некој можеби ќе го забележи нејзинот воздржан врисок кога коњите галопираа побрзо од она што таа го сакаше. Нејзината скромност како и нејзиното пишување, нејзината суета како и нејзината личност, нејзините стравови за нејзината сигурност како да го најавија она што беше кажано пред малку, дека ништо не се сменило кај Орландо-мажот и кај Орландо-жената, изгледа е вистина. Стануваше поскромна, како жена, со нејзинот ум, и малку повеќе бескорисна, како жена, која е личност. Некои чувствителности стануваа поизразени, а други пак згаснуваа. Сменувањето на облеката изгледа, како што некои философи би рекле, има врска со тоа. Безвредни ситници на прв поглед, но облеката, велат, има многу поважна улога отколку само да не топли. Таа го менува нашиот поглед кон светот и погледот на светот кон нас. На пример, кога Капетанот Бартолус го виде здолништето на Орландо, тој веднаш ја испружи настрешницата, инсистирајќи да земе уште едно парче говедско и поканувајќи ја да оди со него на брегот со големиот брод. Овие комплименти немаше да бидат упатени до неа, ако го немаше здолништето, и наместо развиорено, да се скратеше и припиеше на нејзините нозе како модерни три-четврти пантолони. А, кога делиме комплименти, се очекува од нас да возвратиме со некој комплимент. Орландо се поклони; се обврза; му ласкаше на човекот за добриот хумор, што сигурно немаше да го направи ако неговите три-четврти пантолони беа женско здолниште, а неговото бордирано сако, женско сатенско боди. Оттука, можеме да го подржиме ставот дека облеката не носи нас, а не ние неа; ние можеме да ја обликуваме раката и градата, но тие го обликуваат нашето срце, нашиот мозок, нашите јазици, онака како што сакаат. И сега, кога носи здолништа едно одредено време, некои промени беа очигледни кај Орландо, кои читателот може да ги најде во Глава 5, дури и на нејзиното лице. Ако ја споредеме сликата на Орландо како маж со таа на Орландо како жена ќе видиме дека иако и двајцата несомнено се една иста личност, постојат некакви разлики. Мажот ги има своите раце слободни да го држи мечот, жената мора да ги употреби нејзините да го спречи сатенот да се лизга од нејзините рамена. Мажот го гледа светот право в лице, како да е создаден само за него по негова мерка. Жената погледнува под око кон него, полна со сомнеж. Да ги носеа можеби истите алишта, можеби возможно ќе беше да имаа ист поглед.
Тоа е гледиштето на некои философи и мудреци, но во целина ние се држиме до друго. Разликата меѓу половите е, за среќа, една голема разнобразност. Облеката не е ништо друго ами симбол на нешто скриено длабоко внатре. Тоа беше и самата промена кај Орландо, која го диктираше нејзиниот избор за женска облека и женски пол. И можеби со ова таа се изразуваше поотворено отколку вообичаено - отвореноста беше душата на нејзината природа - нешто што им се случува на повеќето луѓе без тие да бидат јасно изразени. Оттука, повторно, паѓаме во дилема. Колку и да се различни половите, се мешаат. Во секое човечко суштество постојат промени од еден пол во друг, и понекогаш само облеката е она по што се разликуваат мажите од жените, под неа полот е многу различен од она што е одозгора. Од овие компликации и конфузии кои резултираат со некое такво искуство кај секој човек, го оставаме главното прашање и забелешка, тука, поради чудниот ефект што го имаше врз Орландо лично.
Поради тоа, оваа мешавина од маж и жена во неа, и дава чувство на возвишеност од една, доживување со неочекуван расплет од друга страна. Љубопитноста за нејзиниот сопствен пол ќе се спротистави, на пример, ако Орландо беше жена, зошто не и требаа повеќе од десет минути да се облече? Зар не беа нејзините алишта избрани без некоја посебна грижа, кои понекогаш ги носеше неуредно и лошо? И потоа ќе речат, ако, но таа немаше ништо од формалноста на мажот, или љубовта на мажот за моќ. Таа е ужасно мека на срце. Таа не би сакала да види како некое магаре е тепано или нечие маченце удавено. И повторно, забележале, таа ги мразеше домашните работи, се будеше во рана зора и одеше среде полиња на лето пред сонцето да изгрее. Ниту еден фармер не знаеше повеќе за житото од неа. Рамно пиеше со најдобрите и сакаше опасни игри. Јаваше добро и галопираше шест коњи на Лондонскиот мост. И повторно, иако храбра и активна како маж, и беше забележано дека ако види некого во опасност веднаш кај неа преовладуваа женските сентименталности. Ќе се расплачеше и на најмала провокација. Беше незаинтересирана за географија, математиката и беше неподнослива, и поседуваше некои каприци кои ќе ги сретнеш почесто кај жени отколку кај мажи, како на пример дека патувањето на југ е патување надолу. Како и да е, Орландо беше повеќе маж или жена, тешко е да се каже и не може сега да се реши. Нејзината кочија гласно удираше на калдрмата. Стигна во својот дом во градот. Скалите беа спуштени, железните порти беа отворени. Влегуваше во куќата на нејзиниот татко во Блекфрајерс, која иако сместена на крајот од градот и демодирана, се уште беше пријатна и пространа куќа, со градини што се спуштаа се до реката, и пријатен овоштарник од лешници за прошетка.

Превод од англиски: Љупчо Петрески

САМО ДА ТИ КАЖАМ - ВИЛИЈАМ КАРЛОС ВИЛИЈАМС

Ги изедов
сливите
што беа
во ладилникот

и кои
веројатно
ги чуваше
за појадок.

Прости ми
беа вкусни
толку слатки
и толку ладни.

Препев од англиски: Емил Ниами

МАЛЕЧКАТА САМОВИЛА – СРПСКА НАРОДНА ПРИКАЗНА

Си живееле еднаш еден крал и една кралица и имале син-единец. Кога синот пораснал, решиле да го прослават неговото крштевање и на веселбата ги поканиле најзначајните луѓе во кралството. Тој ден белиот дворец се капел во сјај од злато, сребро, кристали и илјада свеќи. Вечерта во градината играле оро девојки - која од која поубава и сите гледале во принцот, впивајќи го со очите. На полноќ, кога гостите се разотишле, на принцот не му се спиело, па излегол во градината и се упатил кон местото под старите липи. Месечината била светла како ден и низ крошните на старите липи кои мирисале на темјан, нејзината светлина се провлекувала и паѓала по земјата правејќи чудесни шари. Принцот, така замислен шетал по меката трева која го галела под нозете. Така маѓепсан од сјајот на месечината, одеднаш пред себе здогледал една малечка самовила облечена во прекрасен фустан од свила везена со злато, со долга коса распуштена по плеќите, а на главата со блескава круна украсена со драгоцени камења. Но, таа била толку малечка како кромитче. Принцот се зачудил, застанал и се загледал во неа. И тогаш таа проговорила со ѕвонлив глас:
- Мил мој принцу, и јас бев поканета на твојата веселба, но не смеев да се појавам бидејќи сум толку малечка. Сега ти се поклонувам на оваа сјајна месечина која за мене претставува сончев сјај.
На принцот малечката самовила многу му се допаднала. Тој воопшто не се исплашил од оваа ноќна појава туку и се доближил и ја фатил за рачето, но таа му се измолкнала и исчезнала. Во раката му останала само нејзината ракавица која била толку малечка што едвај можел да ја навлече на малиот прст. Тажен се вратил во дворецот и никому не кажал со кого бил.
Следната ноќ, принцот повторно излегол во градината, чекорел по белата месечина и ја барал самовилата, но од неа ни трага ни глас. Тажен, ја извадил малечката ракавица и ја бакнал. Во тој миг, самовилата се појавила пред него. Ех, радоста на принцот не можела да се искаже со зборови. Срцето му играло од среќа и тие долго шетале по месечината и си разговарале. Принцот се зачудил кога видел како малечката самовила истовремено додека зборувале почнала да расте. Таа пораснала двапати поголема од претходната вечер. Кога сакал да и ја врати ракавицата, таа не можела повеќе да ја носи затоа што и била малечка.
- Ти оставам еден аманет! Земи ја ракавицата и чувај ја како очите во главата - проговорила малечката самовила и исчезнала.
- Ќе ја носам на срце, - рекол принцот.
Оттогаш тие, секоја ноќ се среќавале во градината. А преку ден, додека сонцето сјаело, принцот се мачел, по цел ден тагувал и одвај чекал да се појави месечината. Само таа му била во мислите и се прашувал дали вечерва ќе се појави. Тој се повеќе и повеќе се вљубувал во малечката самовила и таа секоја вечер растела и станувала се поголема и поголема. Кога минале девет ноќи, на полна месечина, таа пораснала токму колку принцот, весело го дочекала и со сладок глас проговорила.
- Додека ја гледаш месечина јас ќе ти доаѓам.
- Ах не мила моја, јас не можам да живеам без тебе ти мораш да бидеш целосно моја. Јас ќе те направам принцеза.
- Ќе се согласам да бидам твоја само под еден услов: Ако ми ветиш дека засекогаш ќе ме сакаш само мене.
- Засегаш, засекогаш, - викал принцот без многу да размислува. - и само тебе, а друга со очи нема ни да погледнам.
- Добро, но запамети, само додека го одржуваш ветувањето јас ќе бидам твоја.
По три дена, тие направиле свадба. На убавината на самовилата сите и се восхитувале. И така тие среќно живееле седум години. Тогаш, починал стариот крал. На погребот дошле многу поданици. Неговото тело го чувале најубавите дами во целото кралство. Меѓу нив била и една црвенакоса и црноока убавица. Таа многу не му ја мислела, ниту мртвиот крал го гледала, ами цело време младиот принц со поглед го следела. И принцот забележал дека убавата девојка го загледува. Кога големата поворка тргнала кон гробиштата, принцот трипати ја погледнал оваа мошне интересна девојка, водејќи ја за рака својата жена. Одеднаш, неговата жена се сопнала на фустанот и за малку ќе паднела.
- Уф, гледај, гледај, фустанот ми е предолг – викнала принцезата.
Но, принцот не ни забележал дека таа се смалила. Откако го закопале кралот црвенокосата девојка тргнала да го следи принцот на патот кон дома, а тој под око цело време ја погледнувал, така што не видел дека неговата жена станува се помалечка и помалечка. Кога стигнале во нивниот дом крај липата, неа ја снемало. Сега кралот ја зел црвенокосата црноока госпоѓа. Не поминале ни три дена од нивната заедничка среќа, а таа почнала да бара од него да и купи постела од алем, сакала да и купи де ова, де она и постојано барала нешто што на овој свет речиси го немало. Кога принцот немал да и ја исполни желбата, таа плачела, се карала, го навредувала и кога му дошло преку глава, ја истерал. Дури тогаш сфатил што направил. Воздивнувал и офкал по малечката самовила, и секоја вечер со месечина одел под старата липа да ја повика својата добра и убава малечка самовила. Ја довикувал, ја чекал, ја чекал и така чекајќи остарел, но таа никогаш повеќе не се појавила.
Превод од српски: Весна Крстевска Трајкова

ПРИЛОГ КОН СТАТИСТИКА – ВИСЛАВА ШИМБОРСКА

Од сто луѓе

такви што се подобро знаат
- педесет и двајца,

при секој чекор несигурни
- скоро сите останати,

спремни на помош,
доколку не потрае долго
- дури четириесет и деветмина,

секогаш добри,
оти поинаку не знаат
- четворица, може и петмина,

склони за восхит без завист
- осумнаесетмина,

измамени
од младоста која минува
- горе долу шеесетмина,

со кои шега нема
- четириесет и четворица,

кои живеат во постојан страв
пред некого или нешто
- седумдесет и седуммина,

способни за среќа
- највеќе дваесетмина,

безопасни поединечно,
подивени в толпа
- сигурно повеќе од половина,

свирепи,
кога околности ќе ги примораат
- подобро ова да не се знае
дури ни приближно,

мудри по штета
- не многу повеќе
од мудрите пред неа,

тие што ништо од животот не земаат освен нешта
- триесетина,
иако би сакала да грешам,

свиткани, оболени
и без светло во мракот
- осумдесет и тројца
порано или подоцна,

праведни
- прилично многу оти се триесет и петмина,

ако таа особина се поврзува
со напорно разбирање
- тројца,

за сочуство достојни
- деведесет и деветмина,

смртни

- сто на сто.

Број, кој засега на промена не подлега.

Препев од полски: Владимир Василевски

ПИТАЧОТ – ГЕНРИХ ВЕНЈАМИНОВИЧ САПГИР

Човекот живее во свет на условности, но едно е безусловно...
Неодамна – питачот седи и на работа чита весник! Претставете си! Го плукаат, му даваат или не му даваат.

Вашата омилена продавница се наоѓа
во самиот центар на главниот град

Во подземниот премин му кажав на еден без нозе:
– Зошто сум должен јас тебе да ти давам, а не ти мене?
– Добар човеку... – мрмореше тој, не можејќи или не сакајќи да ме слуша. Питачот седеше на бетонот, подвивајќи ги под себе скастрените нозе. До него стоеше картонска кутија полна со книжни пари.
А, јас воопшто не сум добар човек. И самиот тоа го знам.
– Покажи ми ги нозете! – гласно заповедав како некој контролор.
Тој ги испружи исечените нозе во пантолоните, високо прицврстени со игли. Патем речено, добри фармерки.
– Каде ги криеш? Покажи ми ги! – побарав јас.
На крајот тој ме погледна со белките од очите. Подземниот премин со скали на аголот го пресече сонцето. Минувачи – на минување, како сенки.
– Ајде, ајде. Каде ти се?...
– Таму – неодредено замавна наназад.
И, навистина, таму – на некое место и во некое сосема друго време, видов боси стапала. Тие ги мрдаа прстите. Глуждовите скоро и да не крвавеа.
– Како ти се случи тоа?
– Воз ми ги прегази? – налутено рече тој.
– Добро, земи си ги нозете, – смекнав јас, – и оди да работиш, макар и како бришач на ветробрани.
Питачот, без волја си ги стави стапалата, ги размрда, го облече чорапите со дупки и ги извади од под черга старите чевли. Ги сочувал! Далекувидно момче! Ги облече и тропна. Ја зеде под мишка кутијата со пари и не погледнувајќи ме, без да ми заблагодари замина – се раствори на излезот во есенското сонце.

Ние работиме секојдневно
без паузи за ручек од 10 до 20 часот

Оттогаш јас седам на неговото место. До мене стои кутија полна со книжни пари. Нозе, нормално, немам. Затоа, пак, имам две љубовници. Весници на работа не читам. Но, чевлите си ги чувам до мене, за секој случај.
Превод од руски: Емил Ниами

ВО СЛУЖБА НА ЉУБОВТА – О. ХЕНРИ

Кога се сака некоја уметност, ништо не е тешко. Тоа е нашата премиса. Оваа приказна ќе извлече заклучок од тоа и ќе покаже дека таа премиса е неточна. Новина во логиката и подвиг во раскажувањето иако постара дури и од големиот Кинески Ѕид.
Џо Лараби излезе од застарените станови на Мидл Вест зрачејќи со генијалност за ликовната уметност. На шест години наслика слика од градски шмрк и угледен граѓанин кој брзо поминува покрај него. Овој потфат беше урамен и обесен во излогот на аптеката покрај клас пченка со неопределен број редови. На дваесет години замина за Њујорк со голема вратоврска, некако чудно врзана.
Дилаја Карутерс, во нејзиното село на Југ опкружено со борови правеше надежни нешта во шест октави што ги примора нејзините најблиски да ја изделкаат на Север во нејзиниот самоделски шешир и да “заврши”. Не видоа ни З од нејзиното “завршување” но тоа не е наша приказна.
Џо и Дилаја се сретнаа во ателје каде многу млади студенти по уметност и музика се среќаваат да дискутираат за Вагнер, музиката, делата на Рембрант, слики, Валтуфел, тапети, Шопен и Улонг.
Џо и Дилаја се заљубија еден во друг или еден со друг, ако така повеќе милувате, и за кратко време се венчаа - за(види погоре) кога некој сака некоја Уметност ништо не е тешко.
Г-н и г-ѓа Лараби живееа во стан. Тоа беше осамен стан исто како и оштриот раб од левата страна на тастатурата. Но сепак среќни; тие ја имаа уметноста, но, се имаа и себеси. А мојот совет до богатиот млад човек би бил – продај се што имаш и дај им го на сиромашните – вратар за привелегијата да живееш во стан со уметноста и Дилаја.
И станарите ќе потврдат дека тие се вистински среќни. Ако во домот има среќа не значи дека е се добро – плакарот ќе падне и станува маса за билијард, мантилот се претвора во машина за пишување, долапот додатна спална соба, мијалникот убаво пијано, нека сите четири ѕида се соединат, ако се соединат, ти и твојата Дилаја ќе бидите меѓу нив. Но, ако мислите дека домот треба да биде поинаков тогаш нека биде простран и долг – влезот е од Голден Гејт, ја обесуваш својата шапка на Хатерс, твојата наметка на Кејп Хорн и излегуваш на Лабрадор.
Џо беше во класата на Големиот Мајстор – позната ви е неговата слава. Цената превисока, часовите лесни, сето тоа му донесе лесно заработен стан на цена. Дилаја студираше кај Розенсток – позната ви е неговата репутација како вознемирувач на клавишите на пијаното.
Тие беа неверојатно среќни се додека имаа пари. Како кај сите – ама ајде нема да бидам циничен. Нивните цели беа убаво и јасно дефинирани. Џо требаше многу скоро да прави слики за кои старите џентлмени со танки мустаќи и дебели новчаници ќе се натпреваруваат кој ќе ја има привилегијата да купи.
Дилаја требаше да биде добар познавач на музиката а потоа и дрска кога ќе види дека има не продадени места во публиката па веднаш потоа има болно грло и јаде јастог во приватната соба за вечера и одбива да се појави на сцена.
Но, најдоброто според мене, беше семејниот живот во малечкиот стан – пламенити и описни муабети секој ден после часовите; интимните вечери и свежите лесни појадоци; размена на амбиции – амбиции измешани со нивната или нечија неважна –заедничка помош и инспирација, и се разбира ќе испуштев маслинки и сендвичи со сирење во 23 часот.
По некое време Уметноста папса. И така, иди, иако никој не и го рекол тоа. Се паѓа ништо не се дига како што некои вулгарни луѓе би рекле. Немаше пари да му се плати на Г-н Мајстор и Хер Розенберг. Кога се сака некоја уметност ништо не е тешко. Така, Дилаја реши дека ќе мора да дава часови по музика да остане во игра.
Два или три дена беше во потрага по ученици.една вечер си дојде воодоошевена.
“Џо, злато,” му рече весело, “Имам ученик. Ох, и тоа од најдобрите луѓе. Ќерката на Генерал А.Б.Пинкни – од Седумдесет и Петтата Улица. Колку раскошна куќа Џо – мораш да ја видиш влезната врата. Византиска мислам дека ќе речеш. А пак внатре! Леле Џо, никогаш не сум видела нешто такво.
“Мојата ученичка е неговата керќа Клементина. Уште одсега навистина ја засакав. Многу е нежна и секогаш се облекува во бело, а нејзиното однесување е толку слатко. има само осумнаесет години. Ќе и давам по три часа неделно и тоа за $5 по час. Не ми пречи; кога ќе најдам уште два или три ученици ќе можам да продолжам со часовите кај Хер Розенберг. Сега, не се мршти толку мило и да направиме убава вечера.”
“Тоа е убаво Дили” рече Џо, отворајќи конзерва грашок со голем нож и чекан,” но, што е со мене? Мислиш ќе дозволам да се малтретираш по цел ден додека јас се умилкувам во круговите на високата уметност? Во коските на Бенвенуто Челини не може! Ќе продавам весници или пак ќе местам калдрма, ќе носам по некој долар.”
Дилаја му пријде и му се обеси на врат.
“Џо злато, не биди таков. Мораш да продолжиш со студиите. Ова не е како јас да се откажав од музиката и работам нешто друго. Кога предавам исто и учам. Секогаш сум со мојата музика. А можеме да живееме како милионери и со $15 неделно. Немој ни да си помислил да ги напуштиш часовите кај Г-н Мајстор.”
“Добро ,” и рече Џо посегнувајќи по сината чинија со зеленчук. “Но мразам што мора да даваш часови. Тоа не е уметност. Но сакаш и спремна си да продолжиш”.
“Кога се сака некоја уметност ништо не е тешко.” му рече Дилаја.
“Мајсторот ми ја пофали сликата на небо што ја направив во паркот,” и рече Џо.” А Тинкл ми даде дозвола две да ставам во излог. Можеби и ќе продадам една ако некој од оние идиоти со полн џеб ја види.”
“Сигурна сум во тоа,” му рече Дилаја, нежно.” Сега да му се заблагодариме на Ген.Пинкни за печеново телешко.”
Цела наредна недела Ларабиеви појадуваа многу рано. Џо беше ентузијаст секое утро поради некој си утрински ефект на сликите што ги прави во Централ Парк, а Дилаја му пакуваше појадок, го галеше, фалеше и бакнуваше во 7 часот. Уметноста е љубовница со обврски. Најчесто се враќаше во 7 часот навечер.
На крајот од неделата, Дилаја гордо но истоштено, триумфално ги стави трите банкноти од по пет долари на 8 х 10(инчи) маса во 8 х 10 (стапки) дневна соба.
“Понекогаш,” рече, по малку уморно, “Клементина не ме сослушува добро. Мислам дека не вежба доволно, морам некои работи повторно да ги повторувам. А, и секогаш се облекува во бело, тоа навистна е монотоно. Но, Ген.Пинкни е навистина најдрагиот старец. Колку сакам да го запознаеш, Џо. Понекогаш доаѓа кога со Клементина вежбаме на пијано – вдовец е знаеш - и стои таму и само си ја гали белата брадичка. “Како напредуваат моите полуизведувачки и почетни изведувачки на пијано?” секогаш така не прашува.
“Многу сакам да ја видиш дневната соба, Џо! И Астраканските теписи исто така. А Клементина нешто и поткашлува се надевам дека е поцврста отколку што изгледа. Леле, навистина се приврзувам многу со неа, таа е толку нежна и добро воспитана. Братот на Ген.Пинкни бил некогаш Министер во Боливија.”
И тогаш Џо со грофски потез извлече една десетка, четири петки една два долари и еден долар така нежни и вистински – ги остави покрај обетките на Дилаја.
“Го продадов акварелот на обелиск на еден човек од Пеорија,” соопшти задоволно.
“Не се шегувај со мене,” му се обрати Дилаја – “не е од Пеорија!”
“Навистина е од таму. Баш сакав да го видиш, Дили. Дебел човек со волнен шал и дрвена чепкалка. Го видел цртежот во излогот кај Тинкл и помислил дека прво тоа е воденица. Беше шегаџија, но, ја купи нели. Нарача уште една – масло на платно со бродскиот склад Лакауана – за да го има за спомен. Ах, часови по музика! Се надевам дека се уште уметноста ти е важна.”
“Баш ми е мило што подолжи,” му рече Дилаја, од срце.” Роден си за да победуваш, мило. Триесет и три долари! никогаш не сме имале толку пари за трошење. Ќе вечераме школки вечерва.”
“И филет мињон со шампињони,” и возврати Џо.” Каде е вилушката за маслинки?”
Наредната сабота вечер Џо прв дојде дома. Остави $18 на трпезариската маса и ја изми трагата од големо количество на црна боја од неговите раце.
По половина час и Дилаја пристигна, нејзината десна рака беше изврзана со купишта крпи и завој.
“Што е ова сега?” ја праша Џо после вообичаениот поздрав. Дилаја се насмеа но не беше многу радосна.
“Клементина,” почна да објаснува, “инсистираше после часовите да јадеме зајак. Колку чудна девојка. Зајак во 5 часот попладне. Генералот беше тука. Само да видеше како се растрча околу приготвувањето на ручекот, Џо, како да немаше слуга во куќата. Знам дека Клементина не е добра со здравјето; многу е нервозна. И додека го послужуваше јадењето, истури голема количина пекол жешко, врз ракава и зглобов. Многу ме болеше, Џо. И на кутрата девојка и беше жал! Но Ген.Пинкни! – Џо тој старец за малку ќе се шекнеше. Истрча по скалите долу и прати некого –рекоа котларот или некој друг ли беше од визбата – до аптека за да купи нешто за да се ублажи. Сега не ме боли толку многу.”
“Што е ова?” ја праша Џо, фајќајки ја нежно за рака и извлече бели ткаенина од под завојот.
“Нешто меко е, “рече Дилаја,” има масло на него . Леле, Џо, пак продаде цртеж?” Му се обрати веднаш штом ги виде парите на масата.
“Што мислиш ти?” рече Џо”; прашај го човекот од Пеорија. Го доби складот денес, не е сигурен но изгледа ќе сака и пејсажот на паркот и поглед од Хадсон. Кое време се случи ова со ракава Дили?”
“Во 5 часот мислам,” му одговори Дили нажалено. “Пеглата – ова мислам зајакот се допече тоа време. Требаше да го видиш Ген. Пинкни, Џо, кога…”
“Седни малку за момент, Дили,” и се обрати Џо. Ја донесе до каучот, седна до неа и ја стави неговата рака на нејзините раменици.
“Што работеше последниве две недели Дили?” ја праша.
Се спротиставаше на кратко со поглед полн со љубов и тврдоглавост, и изговори нешто нејасно за Ген.Пинкни; но наеднаш потоа ја наведна главата и ја кажа вистината низ солзи.
“Не можев да најдам ученици,” призна. “Но, не можев да поднесам да престанеш со часовите; така најдов работа пеглајќи кошули во големата перална на Дваесет и четвртата улица. Добро излажав за Ген.Пинкни и за Клементина, нели Џо? И кога девојката во пералната ме изгоре со пеглата ова попладне, на пат до дома ја измислив приказната за зајакот. Не се лутиш, нели Џо? Ако не најдев работата можеби нема да ги продадеше цртежите на човекот од Пеорија.”
“Не беше од Пеорија,” рече Џо, бавно.
“Не е Важно од кај беше. Ама си паметен , Џо – и бакни ме, Џо – што те натера да се посомневаш дека не давам часови по музика на Клементина?”
“Ништо ,”и одговори Џо, “се до вечерва. И тогаш немаше да ми текне ако не ме пратеа по завој и масло од котларницата за некоја девојка што си ја изгорела раката со пегла. Веќе две недели го ложам котелот во таа перална.”
“Значи не си ги...”
“Мојот купувач од Пеорија” и рече Џо “и Ген. Пинкни и двајцата се плод на иста уметност – но, тоа не е ни сликање ни музика.”
Потоа и двајцата се насмеаа, а Џо продолжи:
“Кога се сака некоја уметност ништо...”
Но, Дилаја го запре со нејзината рака на неговите усни. “Не,” му рече – “само кога некој сака.”

Превод од англиски: Љупчо Петрески