Излегов со пријателите. Се вратив дома со вотка во прегратката. Жена ми завреска, се налути. Како и да е, вотката посила се покажа.
Шум, крик, сканал. Повикаа милиција. Дојде милицијата, веднаш ја победи вотката. Стивна вотката, се смири, на подот од собата заспа.
Во тоа е и работата. Обична милиција може да ја победи вотката. Па и вотката не е глупачка, ако се разгневи секоја милиција ќе ја победи.
Не без причина на мрсно-кафеавиот ѕид на нашата СА*, по старо куќен совет, ќе шлапнат красноречива плаката: нацртано големо шише, мошне реално, а на дното се стутулкало малечко човече. Хроничар. И напишано: ВОТКАТА ТЕ ПОБЕДИ. ЗАСРАМИ СЕ! Или: ЈА БАРАШ ВИСТИНАТА ВО ВИНОТО, А ЌЕ СЕ НАЈДЕШ НА ДНОТО. Или: ВЕРА, ТЕ САКАМ! Или: СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ТАМУ! Што и да напечатите, се ќе биде на место.
* Станарска администрација
Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет:
Отправить комментарий