Катец гола сé до пола и од пола,
очна белка жедно црнка што ја пие,
сребрен бран в нежна дланка низ млаз што лие
- два зрака ко сјајни лака в жолта смола.
Едниот е гулаб – сонце што го прати
низ урвишта чудно скудни, болно зрачни,
другиот е росен славеј в преѓи драчни
нежен столб што делка месец кој се злати.
Од подвижен мермер градба сé во блесок
сјае – зјае, шумно снопје, ломна снага,
белегија, брс од бои, лажна дага,
морничава скокотливост, жешка песок.
Сета ѕурки и шабурки стракој дели,
се допира, се опира, мазни, трепне,
како искра наковално кога клепне
во дамари гледаш грешни кај се сели.
вторник, 5 февраля 2008 г.
Подписаться на:
Комментарии к сообщению (Atom)
Комментариев нет:
Отправить комментарий