Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Глава имат колку еден казан,
Уши имат колу два таруна,
Очи имат колку два шиника.
Ми кондисал под Солуна града,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Па ми удрил белана чадара;
И ми собрал старци и попои,
Таин сакат од Солуна града,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракија,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п’ убаа нееста,
На ноќ сакат п’ една малка мома,
Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
Сите ми се редум изредија,
Ред падна на млада Ангелина.
Ангелина Дојчинова сестра.
Ангелина Дојчинова сестра,
Дворје метит градум солзи ронит,
Со солзи ми дворје завадила.
Ја догледа брат је болен Дојчин
„Ајти тебе сестро Ангелино!
Што те тебе нужба дотерало,
Дворје метиш дробни солзи рониш?
Али ти се, сестро, здодеало,
Рамни дворје, сестро, меетејќи?
Мене болно, сестро, гледаејќи? –
Рани, болки, сестро, врзеејќи,
И понади мене готвеејќи?“
„Ајти тебе брате, Болен Дојчин!
Та не ми се мене здодеало,
Рамно дворје, брате, метеејќи,
Тебе болно, брате, гледаејќи,
Рани, болки тебе врзеејќи,
И понади тебе готвеејќи;
Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Глава имат колку еден казан,
Уши имат колу два таруна,
Очи имат колку два шиника.
Ми кондисал под Солуна града,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Па ми удрил белана чадара;
И ми собрал старци и попои,
Таин сакат од Солуна града,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракија,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п’ убаа нееста,
На ноќ сакат п’ една малка мома,
Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
Сите ми се редум изредија,
Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
И говорит брат је Болен Дојчин
„Ајти тебе сестро Анеглино,
Ал тоа те тебе брига нашло?
Ево имат за девет години,
Каде лежам болно на постела;
Веќе ми се коски раскостиле,
Веќе ми се меса раскапале;
Коса ми е долу до појаса,
Брада ми е до црната земја,
Ај отвори шарена ковчега,
Да изваиш триста лакти платно,
Триста лакти платно бамбакерно,
Да изврзиш рани од анџари;
И земи ми моја вита сабја;
Ево имат за девет години,
Сабја в рака не ми е фатена,
Не фатена, ни па наоточена,
Веќе ми е сабја ‘рѓосана.
Да ја носиш Умер калакчија,
Калакчија, мила побратима,
Да наточит моја вита сабја,
Да наточит сабја вересија,
Ако станам скапо ќе му платам,
Ак’ не станам, алал да ми чинит.“
Па ми стана млада Ангелина,
И ми зеде сабја ‘рѓосана,
Ми отиде дури у Умера
„Ајти тебе Умер калакчија,
Так ти Бога, ја ќе ти се мола!
Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
Болен лежит за девет години,
Веќе му се коски раскостиле,
Веќе му се меса раскапале;
Коса му е долу до појаса,
Брада му е до црната земја,
Сабја в рака не му е фатена,
Не фатена, ни па наоточена,
Веќе му е сабја ‘рѓосана.
Лели си му верна побратима,
Да му остриш сабја вересија,
Ако станит скапо ќе ти платит,
Ак’ не станит, алал да му чиниш.“
Проговори Умер калакчија
„Ајти тебе млада Ангелино,
Ангелино, сестро Дојчинова,
Чуму му е сабја наточена,
Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“
Проговара млада Ангелина
„Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Глава имат колку еден казан,
Уши имат колу два таруна,
Очи имат колку два шиника.
Ми кондисал под Солуна града,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Па ми удрил белана чадара;
И ми собрал старци и попои,
Таин сакат од Солуна града,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракија,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п’ убаа нееста,
На ноќ сакат п’ една малка мома,
Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
Сите ми се редум изредија,
Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
Проговори Умер калакчија
„Ајти тебе млада Ангелино!
Ангелино, сестро Дојчинова,
Ак’ ми даваш твојте црни очи,
Црни очи, морски пијавици,
Да ти острам сабја Дојчинова.“
Расплака се лична Ангелина,
Се поврати назад плачеејќи,
Плачеејќи, назад пиштеејќи;
Од далеку Ангелина викат
„Ајти тебе брате Болен Дојчин!
Не ми острит Умер калакчија,
Не ми острит сабја вересија,
Тук ми сакат мојве црни очи.“
Проговори брат је Болен Дојчин;
„Остај сабја, сестро Ангелино,
Остај сабја на бела постела,
И влези ми темни конушници,
Да изваиш моја брза коња,
Три години коња незобано,
Не глеано коња, ни чешано,
Ни па арно вода напоено,
Да ја водиш Митре Поморанче,
Налбатина, моја побратима,
Да ти коит коња вересија;
Ако станам скапо ќе му платам,
Ќе му платам жолтици дукати,
Ак’ не станам алал да ми чинит.“
Па ми стана млада Ангелина,
И ми влезе темни конушници,
Ми изваи нег’ва брза коња,
Ја однесе Митре Поморанче,
Да ми коит коња вересија
„Так ти Бога Митре Поморанче,
Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
Болен лежит за девет години,
Веќе му се коски раскостиле,
Веќе му се меса раскапале;
Коса му е долу до појаса,
Брада му е до црната земја,
Лели си му верна побратима,
Да му коеш нег’ва брза коња,
Да му коеш коња вересија,
Ако станит скапо ќе ти платит,
Ак’ не станит алал да му чиниш.“
Проговори Митре Поморанче
„Ајти тебе млада Ангелино,
Ангелино, сестро Дојчинова,
Чуму ти е коња Дојчинова,
Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“
Проговара млада Ангелина
„Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Глава имат колку еден казан,
Уши имат колу два таруна,
Очи имат колку два шиника.
Ми кондисал под Солуна града,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Па ми удрил белана чадара;
И ми собрал старци и попои,
Таин сакат од Солуна града,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракија,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п’ убаа нееста,
На ноќ сакат п’ една малка мома,
Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
Сите ми се редум изредија,
Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
И је велит Митре Поморанче
„Ајти тебе млада Анелино,
Ангелино, сестро Дојчинова,
Ако даваш твое бело лице,
Твое лице како јасно сонце,
Твојте веѓи, морски пијавици,
Твојте очи како црно грозје,
Да ти ковам коња Дојчинова,
Да ти ковам коња вересија.“
Па ми викна млада Ангелина,
Викна, писна, на глас да ми плачит,
Раце кршит од бели колена,
Солзи ронит по бели образи,
Од образи, шарени пазуви,
Од пазуви, шарени скутои,
Од скутои, по земја сурова.
Си поведе коња Дојчинова,
Љуто к’лнит млада Ангелина -
„Бог те убил Митре Поморјанче!
Заш не тргна сабја да м’ загубиш,
Туку мене ти ме посрамоти!“
Па си тргна дома си отиде,
И му кажвит брату си Дојчину
„Ајти тебе брате болен Дојчин!
Што ми стори голема срамота,
Со твојата верна побратима,
Што јадефте, брате, што пиефте,
Што одефте в гори на лоење;
Кога реков за твојата коња,
Да ја коит, брате, вересија,
Што ми рече Митре Поморанче,
Ако даиш твое бело лице,
Ќе ти коам коња вересија.“
И се фрли јунак Болен Дојчин,
И се фрли на нога јуначка
„Ајти тебе сестро Ангелино!
Страф да немаш, сестро, страм да немаш!
Ја отиди Плетикоса Павле,
Берберина, моја побратима,
Ево имат за девет години,
Каде лежам болно на постела;
Веќе ми се коски раскостиле,
Веќе ми се меса раскапале;
Коса ми е долу до појаса,
Брада ми е до црната земја,
Да ми стрижит коса вересија,
Да ми стрижит, брада да ми бричит.“
Па ми стана млада Ангелина,
Ми отиди Плетикоса Павле
„Ајти тебе Плетикоса Павле
Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
Болен лежит до девет години;
Веќе му се коски раскостиле,
Веќе му се меса раскапале;
Коса му е долу до појаса,
Брада му е до црната земја,
Лели си му верна побратима,
Да му стрижиш коса вересија,
Да му стрижеш, брада да му бричиш,
Ако станит скапо ќе ти платит,
Ак’ не станит алал да му чиниш.“
Проговори Плетикоса Павле
„Ајти тебе млада Ангелино,
Ангелино, сестро Дојчинова,
Чуму му је коса острижена,
Чуму му је брада обричена,
Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“
Проговара млада Ангелина
„Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Глава имат колку еден казан,
Уши имат колу два таруна,
Очи имат колку два шиника.
Ми кондисал под Солуна града,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Ми удрила белана чадара;
И ми собра старци и попои,
Таин сакат од Солуна града,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракија,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п’ убаа нееста,
На ноќ сакат п’ една малка мома,
Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
Сите ми се редум изредија,
Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
Тогаш велит Плетикоса Павле
„Ајти тебе млада Ангелино,
Ангелино сестро Дојчинова,
Ал ми даваш твоја тонка става;
Става имаш како морска трска;
Да ти стрижам коса Дојчинова,
Да ти стрижам, па и да ти бричам.“
Се поврна млада Ангелина,
Си отиде во рамно дворои
„Ајти тебе брате Болен Дојчин!
Не си имал верни побратими,
Туку биле Турци неверници!
Ми посака тонката ми става.“
„Ајти тебе сестро Ангелино!
Убило ‘и мојте побратими,
Убило ‘и јадење пиење!
Ево имат за девет години,
Каде лежам болно на постела;
Веќе ми се коски раскостиле,
Веќе ми се меса раскапале;
Коса ми е долу до појаса,
Брада ми е до црната земја,
Ја отвори шарена ковчега,
Па извади триста лакти платно,
Триста лакти платно бамбакерно,
Да изврзеш рани од анџари,
Да престегнеш моја половина,
Да собереш коски раскостени,
Па подај ми моја боздогана,
Боздогана, моја вита сабја,
Доведи ми моја брза коња.“
Извади му млада Ангелина
Триста лакти платно бамбакерно,
Изврза му рани од анџари
Престегна му коски раскостени,
Рипна Дојчин на нога јуначка,
Си опаса сабја ‘рѓосана,
Па ми вјана коња некована,
Си ја грабна тешка боздогана,
Право одит под града Солуна,
Право одит на бела чадара,
Право одит црна Арапина,
Пиштит, викат колку глас го држит
„Ја излези црна Арапино!
Ја излези гламјо опалена!
Ја излези да се обидеме!
Та да видиш јунак од јунака!“
Си излезе црна Арапина,
Туку врескат како некој аждер
„Чекај Дојчин, жолта восочино!
Чекај моја тешка боздогана,
Малу тежит, седумдесет ока.“
Арап фрли тешка боздогана,
Ја пречека Дојчин во десница.
„Чекај, чекај црна Арапино,
Црн Арапин, гламјо опалена,
Чекај моја тешка боздогана,
Малу тежит тристотини ока.“
Фрли Дојчин тешка боздогана,
Го погоди меѓу двете очи,
Се откина глава Арапова.
Рипна Дојчин од брзаго коња,
Глаа кладе на коња пред себе,
И ми тргна во града Солуна.
Врвит Дојчин по среде Солуна,
Што го виде се’ ми се зачуди –
„Што ќе биде ова чудно чудо,
Овој јунак, како суво дрво,
Лице имат, како восок жолто,
Што ми стори голема умера!
Јунак било, јунак ќе да бидит!
Не му требат цркви манастири,
Да и’ праит, добро да им чинит!“
Ми помина по среде чаршија,
Право појде Умер калакчија
„Ајти тебе Умер калакчија!
Сум те имал верна побратима,
Ти ја пратив сестра Ангелина
Да наточиш моја вита сабја,
Да наточиш сабја вересија,
Ако станам скапо да ти платам,
Ак’ не станам алал да ми чиниш.
Ајти тебе Умер калчкија,
Не си било верна побратима,
Не наточи моја вита сабја,
Не наточи сабја вересија,
Тук посака сестрините очи.
Ајти тебе Умер калчкија,
Сум станало скапо да ти платам,
Да ти платам твоја вересија“
Рипна Дојчин од брзаго коња,
Па ми тргна сабја дипленица,
Му ја зеде неговата глава.
И појде при Митре Поморанче
„Ајти тебе Митре Поморанче,
Поморанче, верна побратима,
Што те имав кај мои црни очи,
Ти ја пратив сестра Ангелина
Да ми коеш моја брза коња,
Да ми коеш коња вересија,
Ако станам скапо да ти платам,
Ак’ не станам алал да ми чиниш.
Ајти тебе Митре Поморанче,
Не си било верна побратима,
Не окое моја брза коња,
Не окое коња вересија,
Тук посака сестриното лице.
Ајти тебе Митре Поморанче,
Што је ова голема срамота,
Што ми стори на мојата сестра!
Ајти тебе Митре Поморанче,
Сум станало скапо да ти платам,
Да ти платам твоја вересија“
Рипна Дојчин од брзаго коња,
Па ми тргна сабја дипленица,
Му ја зеде и негоа глава.
И појде при Плетикоса Павле
„Ајти тебе Плетикоса Павле,
Сум те имал верна побратима,
Ти ја пратив сестра Ангелина
Да острижеш коса до појаса,
Да обричеш брада вересија,
Ако станам скапо да ти платам,
Ак’ не станам алал да ми чиниш.
Ајти тебе Плетикоса Павле,
Не си било верна побратима,
Не остриже коса до појаса,
Не обриче брада вересија,
Тук посака сестрината става.
Ајти тебе Плетикоса Павле,
Сум станало скапо да ти платам,
Да ти платам твоја вересија“
Рипна Дојчин од брзаго коња,
Па ми тргна сабја дипленица,
Му ја зеде и негоа глава.
Вјана Дојчин коња некована,
Отплатило таин на Арапа,
Отплатило верни побратими,
Отплатило скапа вересија,
Дома одит, од далеку викат
„Ангелино, моја мила сестро,
Отвори ми наши вити порти,
Постели ми шарена одаја,
И барај ми свешти и ламбади,
Доведи ми попој законици,
Што сакаше, сестро, се’ ти свршив,
Ќе се делит душа од снагава.
Да не жалиш, сестро, да не плачиш,
Тук да земеш свирци, дабоани,
Та да сториш голема донамба.“
И ми стана сестра Ангелина,
Ми отвори нивни вити порти,
Уплашена, мошне устрашена;
Кога виде глава од Арапа,
Го прегрна млада Ангелина,
Го однесе в шарена одаја,
Колку легна на мека постела,
Дури сестра свешта му запали,
Даде душа брат је Болен Дојчин.
Се собраје старци и попои,
Ми кладое свирци дабоани
Што ми бие три дни и три ноќи.
вторник, 5 февраля 2008 г.
УЧТИВОТО ЗАЈЧЕ – МЕКСИКАНСКА НАРОДНА ПРИКАЗНА
Си било некое зајче кое било многу скромно и учтиво. Еднаш, откако се најало зелка од селската градина, си тргнало кон дома, но по пат ја видело лисицата. Таа се враќала во шумата. Таа не успеала да украде кокошка од дворот на селаните и била многу лута и гладна. На зајачето му запрело срцето. Треба да се бега! Но, каде? И така, зајчето скокнало во пештерата. Тоа не знаело дека таму го чека друга закана зашто во пештерата се населила змијата. Сепак, зајакот бил воспитан и знаел дека не смее да влегува во туѓ дом без дозвола на домаќинот. “Треба да се поздравам, - си помисло тоа, - но со кого? Па, се разбира, со пештерата!”
Си седнало тоа на задните ноџиња и учтиво рекло:
- Добар ден, добра пештеро! Дозволете ми да влезам!
Змијата многу се израдувала кога го слушнала гласот на зајчето.
- Влези, влези! - му рекла таа, сакајќи да го залаже.
Но, зајачето по гласот многу добро знаело со кого си има работа.
- Извинете што ве обеспокоив, - рекло тоа. - Јас сосема заборавив дека ме чека зајчицата! До гледање! - и почнало да скока и да бега.
Кога дошло дома, во својата дупка, зајачето се присетило дека учтивоста никому му нема нанесено штета.
Змијата, пак, се склопчила и промрморела:
- Подобро да не му одговорев! Ах, тие учтиви зајчиња!
Превод од шпански: Емил Ниами

СЛЕКУВАЊЕТО НА ЕНА – ЈОВАН КОТЕСКИ
Катец гола сé до пола и од пола,
очна белка жедно црнка што ја пие,
сребрен бран в нежна дланка низ млаз што лие
- два зрака ко сјајни лака в жолта смола.
Едниот е гулаб – сонце што го прати
низ урвишта чудно скудни, болно зрачни,
другиот е росен славеј в преѓи драчни
нежен столб што делка месец кој се злати.
Од подвижен мермер градба сé во блесок
сјае – зјае, шумно снопје, ломна снага,
белегија, брс од бои, лажна дага,
морничава скокотливост, жешка песок.
Сета ѕурки и шабурки стракој дели,
се допира, се опира, мазни, трепне,
како искра наковално кога клепне
во дамари гледаш грешни кај се сели.

ВРЕМЕНСКА СПИРАЛА - СЕРГЕЈ ЛУКЈАНЕНКО
Временската спирала беше собрана во вторник, доцна навечер. Беше мошне убава - сета од син, полупрозрачен облак, со две црвени оганчиња што се нишаа внатре. И не беше многу голема - во шака може да се стисне.
Семјон Иванович уште еднаш ја погледна спиралата, ја погледна нејзината светлина - да не има пукнатина во времето? - потоа ја остави на страна. Со чудење забележа како му се тресат рацете - од грижа ли, од старост ли. Поседе малку, веќе беше се решил да свари чај, но одеднаш се премисли и ја зеде спиралата в раце. Добра е. Ако убаво се загледа човек, на едниот крај од спиралата може да види како рунатави, меки мамути се судруваат со исто такви влакнести, но поитри неандерталци. А, на другиот крај кристално блескаа покривите на невидени дворци, млади и убави луѓе, кои се наведнуваат над умните книги…
Возидвнувајќи, Семјон Иванович почна да ги меша оганчињата на временската спирала. Управувањето беше сосема упростено: доволно беше да се прилагоди сегашното време со посакуваното време за спиралата да проработи.
Но пред да се спојат оганчињата, Семјон Иванович запре за момент. Се чинеше дека се колеба.
Погледна во плафонот и промрморе:
- Те предупредив.
Плафонот молчеше, па Семјон Иванович поцврсто доврши:
- Не, штом е решено, тогаш така мора и да биде!
Крадешкум гледајќи околу себе, небаре во собата може да има уште некој, тој од кутијата со алати зеде грст ситни клинци и ги стави в џеб. А, потоа со показалците ги спои двете оганчиња во едно.
Светот се затресе, заискре со црвен облак. Од масата исчезнаа приборите, на местото на телевизорот се најде старо радио, моерниот фински кревет се претвори во железен, панцирен. Од зад полуотворената врата се слушна пискав глас:
- Прохор Кузмич, а Прохор Кузмич! Семка повторно кај будалетинката на состанок тргна! Како не му е жал за парите, па такви по кино да ги носи!
Очите на Семјон Иванович блеснаа. Ете ја, неговата младост! Родниот комунален стам, осамената младост, кога се уште не можеше да биде свој. Ете го изворот на сите негови конструкторски напори!
Не мораше да чека многу. Кога и соседот и сосетката излегоа од кујната на минута, тој пргаво се мушна таму. Со сласт, која е тешко да се опише со зборови, се приближи до шпоретот и во супата на Прохор Кузмич ги истури собраните клинци.
Се помисли, па во компотот на сосетката додаде половина пакетче сол. Потоа ја зеде спиралара и ги врати оганчињата на своето место.
…Веќе еден час Семјон Иванович спиеше мирно во својот модерен фински кревет од темно неполирано срво. Од време на време во сон повторуваше:
- Ти велев да го исклучуваш светлото кога излегуваш или и по триесет години ќе те најдам…
А, заборавената временска спирала дремеше на аголот од масата. На едниот крај титкаше земјата под нозете на мамутите и на неандерталците. На другиот… Ех, да може да се знае кој е таму, под кристалните куполи на невидените дворци, во тоа далечно и прекрасно утре…
Превод од руски: Емил Ниами

СЕЧИЛО - ЕН СЕКСТОН
Што да правам со сечилово?
Цветна градина?
Да го шибнам во месечината?
Да си ги избричам нозете со него?
Да уловам златна рипка?
Не. Не.
Го направив
на сон,
за тебе.
Очиве ми беа затворени.
Бев фетално заоблена,
а имав сечило
посебно направено за твојот стомак.
Папокот ја кажува гатанката.
Цревата се превиткуваат како планински патишта.
Беше создаден да влезе во тебе
како што ти влезе во мене
и да ја извади твојата закопана срцевина,
да ја извади лажицата со која ме наколка,
да ја извади птицата која рече еби се,
да го изделка во скулптура додека е бел
и да го ставам на полица,
предмет мртов како камен,
но со сите вибрации
на распетие.
Препев од англиски: Љупчо Петрески

ЦРТЕЖИ – ЈЕВГЕНИЈ ИВАНОВИЧ ЗАМЈАТИН
Отидов кај еден пријател да побарам пари на заем. Ни тој не е дома, ни жена му: во дневната ме пречека детнце – чистичко така.
- Почекајте малку: тато – мама сега ќе дојдат.
И за да не ми биде здодено, момченцето почна да ми покажува цртежи.
- А, што е ова?
- Волк, – му одговарам.
- Така е, волк. Знаете волкот не јаде тревичка, ами овчички…
И така почна да ми ги објаснува сите цртежи ми се слоши до смрт – преку глава. Ми покажа петел.
- Што е ова? – ме прашува.
- Тоа? Куќа, - му велам.
Ги ококори момчето очите, занеме. Но се снајде и ми покажа вистинска куќа.
- А, ова што е?
- Е, тоа е брезов венец.
Се насмевна внимателно момченцето и почба да ну докажува: куќата не колве зрна, а петелот колве, во петел не може да се живее, а во куќа може, венецот нема врата, а петелот…
- Знаеш што, - му реков, - мило момче, ако во моментов не ми се тргнеш ќе те исфрлам низ врата.
Ме погледна момчето во очи и виде – навистина ќе го исфрлам. Почна да плаче и отиде на баба си да и се жали.
Дојде бабата во дневната и почна да ме кара:
- Како не ви е срам, млад човеку? Зошто така му направивте на милото момче? Тоа вистината ви ја кажувало.

1916
Превод од руски: Емил Ниами
ЗАФИР УТ - СЛАВКО ЈАНЕВСКИ (ФРАГМЕНТ ОД РОМАНОТ “ЧУДОТВОРЦИ”)
Во близина на некоја река западно од Кукулино што невратно се стреми со поројна сила да се најде на она место на кое ќе стаса дури и со бавност на инсект, виден е необичен камен, до крајна мера измазнет и валчест како јајце. Од него можеби ќе се изведе животно од стари преданија: остри личунки на грбот, око на чело, нозе продолжени во живи и жилави ластари. Доколку еднаш во десет столетија, некоја река ќе го измени текот, на местото на кое се префрлила само за делче од ноќта, ќе остави таков камен. Барај, ќе го најдеш. Всушност, има секакви толкувања. Едно од нив е дека валчестиот облик е ларва на џиновски поткорник или тврдокрилец, пред чија челуст бегаат и човек и ѕвер. Проклетството ни со умните не се разминува, зашто згреши ли некој и го земе ли како зглавје, каменото јајце ќе му ја исмука топлината. Несреќниот потоа ќе е труп со душа. Според стари верувања, каменото јајце носи несреќа дури и кога некој ќе го допре само со рака, по што следат секакви непријатности: пченицата ќе му ја позобаат коњи вампири, овците преку ноќ ќе ги соголат до коски црви, во каците со вино ќе се намножат смртоносни габички. Кон тоа уште стотина тегоби.
Со малите радости и неостварени надежи, и преданијата станувале човечка судбина, нејзино тајно крвотечение. Преданијата биле и утеха и здеглавје на секоја заедница, сеедно дали некој ќе ја нарекол племе, народ или толпа на сонувачи.
Петмината натрапници што господареле со Еремија Сидор, го гонеле од татковата софра неговиот постар син Зафир Ут. И тој бил извртен како старецот, дури и повеќе. Немал никаков допир со врсниците, се плашел и од помладите, Нешто чудно се случувало под покривот на најбогатата куќа во Кукулино: се шекнал таткото, не останал зад него ни синот, постариот, Зафир Ут. Меѓутоа, натрапниците, велмошки бабуњосани од туѓа пијачка, и не се обидувале да го поврзат Зафировиот живот со каменото јајце, иако тој, доколку некој ќе го натерал, ќе откриел чуден настан за кој можело да се претпостави дека му се присенил, настан за кој понекогаш и поголем мајстор на раскажување не ќе можел да најде вистински зборови.
Зафир Ут немал повеќе од девет години кога нашол во сура суводолица големо и нескршливо јајце, под него испукана земја со скудни тревки, над него жолто небо, сурнак низ кој се просејува сончев прав. Јајцето, со розови жили и овде онде со по некоја дамка, пулсирало: допреш ли уво до неговата валчестост, се слуша шум и бавно отчукување на живо срце. Изненаден од совршениот облик на своето откритие, тој се обидел да го однесе од тоа место, да го дотркала до својата куќа. Попусто се мачел, бил мал и слаб. Возбуден од откритието, се вратил во селото и им раскажал на врсниците дека на тоа и тоа место, недалеку од Модра Спила, непозната птица оставила исполинско јајце, еден лакот, и уште еден, и пак уште еден во должина. Потоа открил дека е без чувство за болка и не плачел кога го намердале, зашто во суводолицата не нашле такво јајце, според описот толку големо што од него можела да се изведе змија долга дванаесет до тринаесет чекори или исто толку долг гуштер или птица што ќе можела да поклопи со крилја куќа. На тие што го мердале им ги заборавил имињата, најпосле тоа и не биле некои имиња за паметење - Коле Делев, Невен Цапко, Кирил Десовски, Џоџо Фаци, можеби и Дано Бучка, кој од кого побезначаен, со мала разлика што првиот умеел да пее со женски глас но така како да гребе со нешто по стакло, од што и козите се морничавеле.
Тој син на Еремија Сидор, во детството неизмерно гален од мајка му, раснел некако накосо, чиниш левиот дел на телото од половината нагоре му била од олово и го влечела секогаш на една страна. Пелтечел, малкумина разбирале што меле, а мелел такво брашно што и не вредело човек да се помачи и да го разбере. Сепак, уште од мал малку зборувал и малку му зборувале. Раснел, ларвената обвивка на детството ја оставил зад себе и се нашол пред загатка што со помош на трпелив граматик, ќе можела да се сведе на следното: големиот разум на вселената (или на Кукулико, сеедно) е составен од мозочните клетки на секој жив човек. Од загатката ќе произлегло прашање: како тоа тогаш едно такво единство да создава толку недоразбирања во селото, во куќите, во секој човек?
Никој, ни татко му Еремија Сидор, не знаел од каков пат скршнал кога, веќе без мајка, стапил со три чекори во третата деценија и каков бил пред тоа.
Каков?
Смешен и тажен и ваков некаков: џиновски расчекор на две оддалечени временски стапалки, помеѓу нив зрела калинка од сипаници на лицето, модринки заради изгубена овца, сомнабулно момчештво, невесела свадба, сватовски и соседски подбиви, соништа појасни отколку животот. И секакви тегоби, несовладливи и затоа плодни: котеле она што биле и самите - мали и големи зла. За него можело мошне тажно да се пее, не како што пеел Коле Делев, танко, женски, туку од срце, со глас од кој ќе затреперел и најкорав стробјак, а стробјак бил Невен Цапко но мразел пеење исто како и Џоџо Фаци, две педи помал од него, а не пеел ни Кирил Десовски, му стврднал јазикот од земја што во детството ја посолувал со песок и ја ивакал. Никој не знаел зошто, но Зафир Ут се плашел и од својата домаќинка Нева здрава женичка по која и камен ќе воздивнел. Повеќе ноќи на заедничкиот живот со неа тој преспал по плевни и стаи.
Дење, иако ретко, косел или жнеел подолго отколку што било нужно, очигледно настојувал да е подалеку од дома. ?екорел осамен по свои врвици. Ја пребарувал суводолицата во која во детството го нашол каменото јајце, еден лакот, и уште еден, и пак уште еден во должина. Одел и подалеку, до некое замислено море, рудина оградена со камен и без капка вода на која напролет цутела кандилка, а наесен, слични на нежни плодови, болскале на згрчени смреки дождовни капки. Го прегазувал тоа непостоечко море, пред него бегале жолти и црвени и сини риби и се криеле водоземни ветроштини меѓу потонати кораби. Но, никогаш не зачекорил по сокаците на бучливиот град јужно од Кукулино, уриван и обновуван, со многу лица и со секаков морал, со домородници и со дојденци од пет страни. Не го привлекувале грчките караѓози во шарени облеки, латинските проповедници, по некој со кус меч под мантијата, малоазиските занаетчии, трговците Евреи, верските занесеници, меѓу кои имал пријатели само еден од селото, Трпе Бабушко, со мило лице на заспана ласица или на слично животинче - стоболка, од чие сало сварено во ракија тој лекувал три болештини -заушки, подуен мев и тага по умрените, дури го излекувал и кивавичавиот Добромир Ански од модринки кога ќе го натепале снаите со помош на брат му Неделко Ански, помлад но посилен, потоа во покајание да оди и да се дави во мочуриштето и да се откажува од намерата, не поднесувал вода во која се множат полноглавци.
Во долгите зимски вечери, на постариот Сидоров син му било најтешко, доколку малите и големите тешкотии можел да ги споредува. Немал пријатели да поседи со нив крај огниште, да се напие, да се развесели. Ни на роднините, сите подалечни, не им се доближувал. Дури и да го сторел тоа, тие ќе нашле начин да го избегнат. Понекогаш се чувствувал како жив мртовец во куќата на недоизумреното семејство Сидоровци, со влез свртен кон гробиштата и со тесни прозорци, западните загледани во каллива кочина, источните затворени со плевна. Од старите ѕидови на таа куќа понекогаш се слушало отчукување, звук што некои подоцна ќе го наречат мртовечки часовник. Кукулино не знаело дека тоа тик-так произлегува од свадбен ритуал на невидливи бубачки. Зафир Ут со занес му се предавал на тоа претскажување на смртта. Отчукувањето го слушал само тој. Еремија Сидор оглувнувал, жената и помалиот брат Филип Близнак секогаш биле зафатени со нешто: таа, Нева, ткаела, готвела, перела во издлабено стебло и сонувала вистински маж, тој, Филип, се грижел за добитокот, за овците, за нивите, повеќето необработени: секој имал свое парче земја, луѓето се поретко се прифаќале за наполичари.
Навистина, Зафировите зими биле долги - јаже спуштено во 'рвеник без дно, на неговата јамка се прпелка тој.
Отчукувањето на мртовечкиот часовник кошмарно се враќало во свеста, како ехо на вчерашно ехо. Тој умирал, срцето гниело во него. Само мртов сфаќал што е тоа среќа: упокоен е, им нанесува болка на оние што го измачувале жив и ја поткопувале земјата под неговите нозе, го отфрлале.
Мртов! И пак понекогаш со чувство на страв, тогаш кога на гради му седела мачка и, предејќи, шепотела со гласот на Нева зборови на некој одминат или несоздаден јазик, но тој неја сфаќал смислата, само со некое непознато сетило чувствувал прекори или нешто слично.
И мртов умирал.
А имало и поинакви ноќи. Место мачка, на неговите малку длабнати гради седел Еремија Сидор. Го мерел со здравото лево око и не зборувал, само предел со два гласа, ф и р, се намалувал, окото покриено со бела павлака му бабрело, се ширело, го затворало темниот простор на одајата. Обидувајќи се да го стресе од себе човечецот со глас на стар мачор или, пред тоа, да ја отфрли мачката што шепотела нејасни слогови, Зафир Ут минувал од смрт во живот, од мора во кошмар. На стебликите на стравот се отворале пупки на одбивност кон Нева и кон Еремија Сидор. Се исправал од сламарник и одел да седи на прагот на надворешната врата, слепо загледан во гробиштата под неподвижна синкава магла, чиниш небото ги покрило со своја кожа расфрлените крстови. Не чувствувал студ. Седел и само седел, потоа се враќал и ги држел дланките врз неистинатиот пепел во огништето.
Времето на мртовечкиот часовник од секаде го демнело. Како да не можел да дише без тој звук со стотици еха во неговата крв што бездруго произлегувало од опаките чинки на Сирма Мајска. Напати, штом веќе отчукувањето го следело го слушал звукот во мочуриштето и во црногорицата. Околу него се се менело, не и тој, освен напролет, онаа брза и куса што може да почне и во март и во мај. Тоа време го успокојувало. Во март бадемот бело пукал, во април крцкала од сок кората на јасенот, во мај околу жолто отворениот седум на карпите брчеле бумбари. Им се придружувал на звуците и, каде и да ќе се нашол, лежел на лакот и пеел детски песни или танцувал околу стар даб со тромавост на мечок припитомен од Цигани,оние со православни празници и обичаи но со исламска лесно прифатена вера, со надеж дека не ќе бидат гонети како скитници и измамници.
Како оној, нели, од пред една година или од порано, оној што му побарал коњ побрзо да му донесе секакви чуда дванаесет штурчиња спрегнати во кола од обработени речни школки, еж исправен на задни нозе што собира во торбуле малини и лешници, самовила од меко сребро, пее и лета. Куќата останала без коњ, тој без своите играчки. Потоа веќе на ништо не се сеќавал, ни на лицето со многу лузни и темни крадечки очи, две капки врел катран, ни на чудното циганско име - Тутифан.
Мал по раст, на него се се наголемило; стапалките, дланките, главата. Вилицата му се издолжувала, долните заби ги преклопувале горните.
Зафир - добро. Но зошто Ут? Веројатно заради некоја сличност со таа птица: умеел да се огласува со нејзин повик, освен тоа повремено му се враќало во сеќавањето дека еднаш бил покриен со пердуви што го варделе од пек и од студ и дека летал, без презир кон земјата под себе но и без голема љубов за она што е на неа, бескрајно проклета штом ги држела, ги хранела и ги поела со туго вино неговите врсници Коле Делев, Невен Цапко, Дано Бучка, Кирил Десовски и Џоцо Фаци. Од нив, кога ќе се натрескале, се живо пропиштувало. И се мртво. Од пат им се тргале и призраците. Зафир Ут не им стоел на пат. Ни тие на неговиот. Не се сретнувале. Не биле во заемна љубов, не се ни мразеле.
Бавен во многу нешта, во мисла и во збор, одел шантраво и недооблечен под дожд и под снег, секогаш накривен: срцето, стежнато од јад, го влечело на една страна. Срце, мртов мал ут во кафез на ребра! Сеедно, тој мислел кога можел да мисли дека и без срце ќе бил жив, штом веќе умирал со него. Со насмевка, каква што можеле да ја имаат кучињата кога тие ќе им фрлале на луѓето по некое ковче, се движел по жолти омарнини или низ магли и виулици, без страв од дивина, од вештици со двоен ред горни заби, од јамки на ѓаволски опашки обесени на гранки. Во Кукулино не знаеле како се одржува здрав и со што се храни кога е далеку од дома. Не ја проверувале неверојатноста дека пие змијски јајца, верувале во неа. Потоа помалку чекорел зад рало и меѓу откоси, Преспивал насекаде, во копа сено, во секогаш отворената воденица, пред портите на манастирот Свети Никита. Ноќе му биле отворени сите плевни и сите стаи. Не забележувале кога ќе застанел пред олтар: пиел масло од кандила, цвакал свеќи. Старците во раса не го гоштевале, самите си ги пребројувале залаците. Дарежливи биле само со молитви. Зафир Ут се разделувал од нив без ракување и без зборови и бил среќен што нивните сенки го испраќаат до оној негов даб, да потскокнуваат со него околу стеблото до последното огласување на сојките.
Сенки, човечки копии со своја душа, тивки минувачи преку песочини и скрки, чесни сопатници.
Така е. Тие сенки му биле поблиски од луѓето, му останале верни. И тој им бил верен. Секогаш. Заедно, тие претставувале дружина, семејство, таинствено единство.
Во големиот миг кога тоа го узнал, ги кренал рацете кон небото и ги разбуричкал облаците со прсти. Над него зинал самиот пекол. Зататнело. Бувнал силен дожд, летен и топол, благ под јазик. Му ги измил очите. Не се засолнил под стеблакот на својот даб. Останал да стои. На исток се протегале молскавици. А и од земја гргала вода. Рамно во него. Го пречистувала. Му ги измивала сите сеќавања. Пред нозе му се скротувале громови, ползеле покорно, слични на змии опијанети од чад на темјан, се заплеткувале, се свивале во клопче, можеле да пуштаат нокти и да го бранат од зло, а тој стоел сам, голем, непознат. Името можело да му е Вселена, обновување. Немал свој бог, самиот бил тоа. И немал татко и немал жена, и немал брат. Околу него, до бескрај, немало никого. Тој бил се, и бил Свет, зашто бил сам, без чувство на осаменост, далеку од селото во кое еднаш месечно, под полна месечина, сите биле чудотворци, најмногу бајачката Сирма Мајска, кога, како некогаш, во намера да и ги посвојат децата, кој знае од чие семе, за да не стане чедоморка, се спуштала во плиток и празен бунар и од мрак со чинки казнувала или наградувала кого сака: на вечниот селски кум Трпе Бабушко тогаш му се случувало - надолж наполу да е испотен, наполу кожата да му се покрива со првут, на Митре Манчев и на Митре Славиче да им се замрсат врвиците и да си ги изменат куќите, секој да преспие крај жената на другиот, на Смиле Дарданко под кожа поткорници да му остават ларви. Можеби под нејзини чинки биле и сенките што се влечеле покорно по Зафир Ут.
Манастирските отци не забележувале дека сенките им се губат повремено. Еден од нив, најучениот, човек со знаење на писмо и јазици, по секој обед, обично посен, повторувал дека таквите како Зафир Ут стануваат кесари но не го фрлаат во оган вековниот човечки разум, како што се случило еднаш во Рим. Може да се претпостави дека манастирскиот старејшина со име Георги мислел на Августовата библиотека спепелена во пожарот на Вечниот Град, пламнат од оган на Нерон, кога тој, со лира в раце, ја испеал песната Пеколот е мој вечен дом. Иако не знаеле за што зборува најстариот, калуѓерите му одобрувале со глава - огнот е чистилиште низ кое секоја душа ќе мине.
Една по друга, сенките кришум им се враќале.

Подписаться на:
Сообщения (Atom)