Овој леб што го кршам некогаш бил жито,
ова вино од некое туѓо дрво
е исцедено од плодот негов;
Човекот преку ден или виното преку ноќ
го спружува житото, ја крши радоста на грозјето.
Некогаш ова време, виновата летна крв
течеше во месото на лозницата,
некогаш во овој леб
житото беше весело на ветрот;
Човекот го скрши сонцето, го смири ветрот.
Ова месо што го кинеш, оваа крв што ја пролеваш,
која пустоши во вените,
беа житото и грозјето
родени од сензуален корен и сап;
Моето вино ти е в грло, мојот леб ти е в заб.
Препев од англиски: Љупчо Петрески
Показаны сообщения с ярлыком poetry. Показать все сообщения
Показаны сообщения с ярлыком poetry. Показать все сообщения
четверг, 31 января 2008 г.
МАКЕДОНИЈА – АНТЕ ПОПОВСКИ
Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи по градините
Еве ја таа проста земја
од пајажина
и од води
Мудро слободата кај што ги запишува
селските имиња
Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат
Еве ја таа проста земја
од заморено дишење
и од молк
Низ која времето одминува
и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.
О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае.
од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи по градините
Еве ја таа проста земја
од пајажина
и од води
Мудро слободата кај што ги запишува
селските имиња
Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат
Еве ја таа проста земја
од заморено дишење
и од молк
Низ која времето одминува
и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.
О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае.
НЕГАТИВ – ВИСЛАВА ШИМБОРСКА
На небото темно
облаче уште потемно
со црна сончева обвивка.
На лево значи на десно
бела црешова гранка со црни цветови.
На твоето темно лице светли сенки
си седна на маса
и ги стави на неа помодрените раце.
Личиш на призрак
кој се обидува да ги повикува живите.
(Оти и јас сум една од нив
треба да му се појавам и затропам:
добра ноќ значи добар ден
збогум значи добредојде.
И да не се скржавам да му поставам прашања за ниеден одговор,
ако се однесуваат на животот,
значи бура пред затишје).
Препев од полски: Мимоза Кочова
облаче уште потемно
со црна сончева обвивка.
На лево значи на десно
бела црешова гранка со црни цветови.
На твоето темно лице светли сенки
си седна на маса
и ги стави на неа помодрените раце.
Личиш на призрак
кој се обидува да ги повикува живите.
(Оти и јас сум една од нив
треба да му се појавам и затропам:
добра ноќ значи добар ден
збогум значи добредојде.
И да не се скржавам да му поставам прашања за ниеден одговор,
ако се однесуваат на животот,
значи бура пред затишје).
Препев од полски: Мимоза Кочова
ВИЕТНАМ – ВИСЛАВА ШИМБОРСКА
Девојко, како се викаш? - Не знам.
Кога се роди, од каде потекнуваш?- Не знам.
Зошто си ископала јама во земјата?- Не знам.
Од кога се криеш тука?- Не знам.
Зошто ме касна за средниот прст?- Не знам.
Дали знаеш дека нема да ти направиме ништо лошо?- Не знам
На чија страна си?- Не знам.
Сега е војна, мора да одбереш.- Не знам.
Дали твоето село се уште постои?- Не знам
Дали се ова твои деца?- Да.
Кога се роди, од каде потекнуваш?- Не знам.
Зошто си ископала јама во земјата?- Не знам.
Од кога се криеш тука?- Не знам.
Зошто ме касна за средниот прст?- Не знам.
Дали знаеш дека нема да ти направиме ништо лошо?- Не знам
На чија страна си?- Не знам.
Сега е војна, мора да одбереш.- Не знам.
Дали твоето село се уште постои?- Не знам
Дали се ова твои деца?- Да.
Препев од полски: Виолета Димовска
САМО ДА ТИ КАЖАМ - ВИЛИЈАМ КАРЛОС ВИЛИЈАМС
Ги изедов
сливите
што беа
во ладилникот
и кои
веројатно
ги чуваше
за појадок.
Прости ми
беа вкусни
толку слатки
и толку ладни.
Препев од англиски: Емил Ниами
сливите
што беа
во ладилникот
и кои
веројатно
ги чуваше
за појадок.
Прости ми
беа вкусни
толку слатки
и толку ладни.
Препев од англиски: Емил Ниами
ПРИЛОГ КОН СТАТИСТИКА – ВИСЛАВА ШИМБОРСКА
Од сто луѓе
такви што се подобро знаат
- педесет и двајца,
при секој чекор несигурни
- скоро сите останати,
спремни на помош,
доколку не потрае долго
- дури четириесет и деветмина,
секогаш добри,
оти поинаку не знаат
- четворица, може и петмина,
склони за восхит без завист
- осумнаесетмина,
измамени
од младоста која минува
- горе долу шеесетмина,
со кои шега нема
- четириесет и четворица,
кои живеат во постојан страв
пред некого или нешто
- седумдесет и седуммина,
способни за среќа
- највеќе дваесетмина,
безопасни поединечно,
подивени в толпа
- сигурно повеќе од половина,
свирепи,
кога околности ќе ги примораат
- подобро ова да не се знае
дури ни приближно,
мудри по штета
- не многу повеќе
од мудрите пред неа,
тие што ништо од животот не земаат освен нешта
- триесетина,
иако би сакала да грешам,
свиткани, оболени
и без светло во мракот
- осумдесет и тројца
порано или подоцна,
праведни
- прилично многу оти се триесет и петмина,
ако таа особина се поврзува
со напорно разбирање
- тројца,
за сочуство достојни
- деведесет и деветмина,
смртни
- сто на сто.
Број, кој засега на промена не подлега.
Препев од полски: Владимир Василевски
такви што се подобро знаат
- педесет и двајца,
при секој чекор несигурни
- скоро сите останати,
спремни на помош,
доколку не потрае долго
- дури четириесет и деветмина,
секогаш добри,
оти поинаку не знаат
- четворица, може и петмина,
склони за восхит без завист
- осумнаесетмина,
измамени
од младоста која минува
- горе долу шеесетмина,
со кои шега нема
- четириесет и четворица,
кои живеат во постојан страв
пред некого или нешто
- седумдесет и седуммина,
способни за среќа
- највеќе дваесетмина,
безопасни поединечно,
подивени в толпа
- сигурно повеќе од половина,
свирепи,
кога околности ќе ги примораат
- подобро ова да не се знае
дури ни приближно,
мудри по штета
- не многу повеќе
од мудрите пред неа,
тие што ништо од животот не земаат освен нешта
- триесетина,
иако би сакала да грешам,
свиткани, оболени
и без светло во мракот
- осумдесет и тројца
порано или подоцна,
праведни
- прилично многу оти се триесет и петмина,
ако таа особина се поврзува
со напорно разбирање
- тројца,
за сочуство достојни
- деведесет и деветмина,
смртни
- сто на сто.
Број, кој засега на промена не подлега.
Препев од полски: Владимир Василевски
ВЉУБЕНОСТ - ЉУДМИЛА ВИЉКИНА
Не ја сакам љубовта, ами ја сакам вљубеноста,
Таинственоста на некој збор,
Нарочното смеење, исклучителниот звук на секој чекор,
Срамежливите погледи на страста и умиленоста.
Ја сакам надминливата збунетост,
Во безгрижното трошење проживеаните часови,
Лутањето долж опасните брегови,
И стравот со срцето да се осети задлабоченост.
Го сакам моментално создадениот кумир:
Неговиот миг новото ќе го урне.
Љубовта е тага. Вљубеноста - голем пир.
Разумот безгрижните огнови не ќе ги згасне.
Љубовта е како смрт. Вљубеноста, пак, како сон.
Вљубениот - сновиденија гледа он.
Препев од руски: Емил Ниами
Таинственоста на некој збор,
Нарочното смеење, исклучителниот звук на секој чекор,
Срамежливите погледи на страста и умиленоста.
Ја сакам надминливата збунетост,
Во безгрижното трошење проживеаните часови,
Лутањето долж опасните брегови,
И стравот со срцето да се осети задлабоченост.
Го сакам моментално создадениот кумир:
Неговиот миг новото ќе го урне.
Љубовта е тага. Вљубеноста - голем пир.
Разумот безгрижните огнови не ќе ги згасне.
Љубовта е како смрт. Вљубеноста, пак, како сон.
Вљубениот - сновиденија гледа он.
Препев од руски: Емил Ниами
ОД УСТА ДО УСТА - ТАДЕУШ РУЖЕВИЧ
Идеја.
Има јазик
убав и превртлив,
како змијаво рајот е.
Од устата на филозофот
излегува чиста,
далечна од “стварноста”
како душата од телото.
Тогаш на јазик
ја зема
политичарот,
активист.
Ја прежива
и ја плука врз главите
на граѓаните.
Идејата расте во устите.
Од устата на политичарот
идејата ја презема
новинарот.
Ја зачинува со плунка,
ароганција,
провокација
и ја исфрла преку средствата за
“масовно информирање”.
Идејата досега до калдрмата.
Излегува на улица,
се тетерави
како пијана проститутка
на десно и на лево.
Идејата преминува
од раце в раце
пред очите на
онемениот свет,
се претвора во
злосторнички инструмент.
А, што прави филозофот?
Молчи и заминува,
не гледајќи
зад себе,
како да не ги слуша зборовите:
“Не она што влегува во устата
го осквернавува човекот,
а она што излегува од устата,
тоа го осквернавува човекот”.
Препев од полски: Емил Ниами
Има јазик
убав и превртлив,
како змијаво рајот е.
Од устата на филозофот
излегува чиста,
далечна од “стварноста”
како душата од телото.
Тогаш на јазик
ја зема
политичарот,
активист.
Ја прежива
и ја плука врз главите
на граѓаните.
Идејата расте во устите.
Од устата на политичарот
идејата ја презема
новинарот.
Ја зачинува со плунка,
ароганција,
провокација
и ја исфрла преку средствата за
“масовно информирање”.
Идејата досега до калдрмата.
Излегува на улица,
се тетерави
како пијана проститутка
на десно и на лево.
Идејата преминува
од раце в раце
пред очите на
онемениот свет,
се претвора во
злосторнички инструмент.
А, што прави филозофот?
Молчи и заминува,
не гледајќи
зад себе,
како да не ги слуша зборовите:
“Не она што влегува во устата
го осквернавува човекот,
а она што излегува од устата,
тоа го осквернавува човекот”.
Препев од полски: Емил Ниами
Подписаться на:
Сообщения (Atom)