четверг, 31 января 2008 г.

НАЈСРЕЌНИОТ МОМЕНТ – ЛИДИЈА ДЕЈВИС

Ако ја прашаш која е нејзината омилена приказна што ја има напишано, ќе се двоуми подолго време, а потоа мислам дека ќе ја каже следнава: прочитала во една книга дека професор по англиски јазик во Кина го прашал својот кинески студент за најсреќниот момент во неговиот живот. Студентот долго време се двоумел. На крај, се насмеал засрамено и кажал дека неговата сопруга еднаш отишла во Пекинг и јадела патка таму, а потоа често пати му кажувала за тоа, и поради тоа тој рекол дека најсреќниот момент во неговиот живот било нејзиното патување и јадењето патка.

Превод од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: