вторник, 5 февраля 2008 г.

САМО ЕДНАШ - ЕН СЕКСТОН

Само еднаш знаев зошто е животов.
Во Бостон, некако одеднаш, сфатив;
одев покрај Чарлс Ривер,
гледав како светлата се копираа едно со друго
сите неонски и заслепувачки, отворајќи
ги нивинте усти како оперски пејачи;
броев ѕвезди, мои мали придружници,
моите празнини хризантеми, и знаев дека одам, љубов моја,
по зелената страна од ноќта и им плачеше
моево срце на колите од исток и им плачеше
моево срце на колите од запад и ја премина
мојава вистина по малото заоблено мостче
и ја испрати мојава вистина, нејзиниот шарм, дома
и ги собра сите овие константи во утрото
само за да исчезнат.

Препев од англиски: Љупчо Петрески

СРЕЌНА ЉУБОВ - ИРЕНА ТУВИМ

Постојано доаѓаш. Јас сум среќна девојка.
Но, се простуваш од мене рано, за разлика од порано. Брзаш?Каде? И зошто?
Сакаш да ме изгубиш? Ако треба, ќе умрам. Имај милост.
Не гледај ме туку-така в очи. Криеш нешто. Кажи ми. Не зборувај.

Мајска ноќ, шарена како кинеска оперета,
Мириса на мокар асфалт, на Париз и на платниште небо.
О, раце мудри и праведни! Товарот твој јак, а лесен!
Ах, што би правела без вас? Заминуваш? Остани. Не треба.

Истекуваноќта, добро знаеш дека се плашам од муграта,
Не сакам сама да го видам тоа рано срамежливо небо.
Се плашам од тивките чекори. Спаси ме од крцкањето на клучот,
што звучи како некоја лоша приказна, кога ќе се затвори портата.

Ќе ја затворам по тебе вратат тивко, како срцето, што умира,
Без да го добијам најлесниот шепот. Ги притискам рацете на градите.
Ме учиш што е тоа љубов. Ја знам на памет. А, сега,
Ме учиш на самотија и ме учиш на смрт.

Препев од полски: Емил Ниами

ОНА ШТО ОЧИГЛЕДО ЌЕ ГО НАЈДАМ – КЕН ФОСТЕР

Беше на Магазин Стрит во Лоуер Гарден кога за првпат го сретнав Пит. Стоеше на постулатите од руинираниот комплекс станови каде имав закажано да видам стан за 150 долари месечно, за што мислев дека можам да си го дозволам бидејќи на мојата невработеност и дојде крајот.
-Не сакаш да живееш тука, - рече Пит, - можеме да најдеме подобро.
Сум го видел претходно, како се мотка низ студентскиот дом, каде што престојувам. Пит престојуваше таму, се додека не го замолија да си замине. Постоеја некои гласини, но никогаш не знаеш во што да веруваш. Нешто дека должел пари за собата. Но, сепак, тој повторно се враќаше, барајќи нови пријатели. Се моткаше во холот ова утро, кога ме слушна како закажувам средби за барање стан низ цел град, вклучувајќи го и тој на Магазин Стрит.
- Ми го украде состанокот, - реков.
Пит рече “Задоцни.” Ја крена капата завртена нопаку и помина со раката низ неговата црна коса пред повторно да ја стави назад. Неговата коса, потстрижена едноставно, беше излезена од под краевите на капата.
- Се обидував да направам некакво резиме, - реков.
Го поминав утрото во Францускиот кварт, седејќи во кафетеријата Калди, слушајќи џез и двоумејќи се каков вид на резиме да направам. Ако ги наведев добрите работни места што ги имав во минатото, можеби ќе изгледав преквалификуван за типот на работа што ќе ја добијам. Но, ако ги изоставам, луѓето ќе се прашуваат што сум правел цело ова време. Така најмногу што правев ова утро беше мојот отсјај во големите бронзени урни.
Пит рече, “Сакам да се пробивам во животот и без резиме.” Го рече тоа како само да сакаше да ме утеши или да си докаже себеси, дека се е океј, дека за се ќе се погрижи. Тоа беше тогаш кога решив дека го сакам за пријател, бидејќи знаев дека не може да му се верува. И се додека не можам да му верувам нема да може да ме разочара.
Се преселив во Њу Орлинс кон крајот на јануари, бидејќи не знаев ништо попаметно да направам, ако не друго барем е топло. Престојував во подрумот на едена пријателка во Портланд, спиејќи на душек на подот од собата која била на ќерка и пред да избега од дома. Само што ме отпуштија од работа - полноќни дежурства во Кинко, правејќи копии за шизофреничарите во близина на куќата – не планирав да останам подолго, но не планирав и што да се прави следно. Најчесто седев во дневната чекајќи го сонцето да изгрее, но некако тоа многу ретко се случуваше. Седејќи кабина наспроти Пит, сфатив дека не ќе да е постар од ќерка и на мојата пријателка. Се прашував дали знае дека имам скоро триесет.
Првите неколку дена во Њу Орлинс, го испоминав градот, со помош на моето сетило за мирис. Тревниците на погорните имоти, беа означени со нешто слатко, со привремени облаци чад како запалено лисје. Облаците прашина се издигаа зад трамваите на Чарлс Стрит. Во квартот, на Дектур Стрит, деновите беа исполнети со мирисот на шеќер во прав што доаѓаше од Кафе Ду Монд, заменето навечер со смрдеата на повраќаници и урина од пијаните туристи; но некако благиот мирис се провлекуваше и остануваше со мене, подолго и посилно од што било.
Мерките за време и пари беа променливи. Можеше да биде вторник или четврток или, пак, сабота. Никој како да знаеше точно. Две минути, два часа, два дена, два месеци. нечиј кеш може да трае седмица или да исчезне за едно попладне. Барам некаква си стабилност.
- Посакувам да има нешто да се прави интересно вечерва, - рече, - знаеш?
- Сакаш да одиме на пијалак? - го прашав.
Пит имаше дури и помалку пари од мене, ама имаше едн куп бонови за храна. По секој оброк и давав на келнерката крединта картичка која никогаш не планирав да ја покријам, а имаше малку на неа да се искористи, Пит ќе ми платеше со боновите за храна, давајќи ми секогаш малку повеќе, но никогаш онолку колку што јас посакував. Подоцна кога ќе останев без пари и живеев на тестенини и слични глупости, ги разменував боновите во Тајм Сејвер. Понекогаш ќе земев и два хот-дога за еден долар. Во многу лоши денови, ќе го потрошев останатиот четврт долар на сирење.
Пиејќи кафе во Калди, најдов паднат водич за Карневалот кој испаднал од средината на локалниот весник. Парадите што се одржуваа за време на Карневалот се провлекуваа дури до центарот, цик-цак низ соседствата неколку пати на ден, запирајќи го сообраќајот, всушност за време на Карневалот и немаше некаков сообрајќај. Тоа беше последна шанса за забава пред да заминат за Лент. Сите одат на парадите, или, ако се доволно среќлии да бидат поканети, тие се на еден од оние подвижни подиуми, разголени, маскирани, дразнејќи се, задевајќи се и покажувајќи ги своите ликови на публиката - Бахалиус, Орфеј, Рекс, Пегас... Градот ечи од електричните генератори на подиумите. Жените ги покажуваат цицките на публиката за да им фрли повеќе мониста, мажите на подиумите поминуваат сигурно покрај нив, мажите маскирани можат да побараат што сакаат, и најчесто го добиваат она што го сакаат.
Луѓето доаѓаат фамилијарно, татковците ги носат децата на раменици да гледаат, или во парови мажи и жени, преминувајќи ја таа линија за анонимен бакнеж. Грасмедианите се дел од публиката која се собира да се бори за подароци од организаторите, познати како Неутрален терен.
Вечерта на парадата на Баханалиите, стоев на неутралниот терен на аголот од Чарлс Стрит и Наполеон, гледајќи толпата што поминуваше истура пластични чаши, мониста, карти, и други дребулии во рацете на луѓето пред мене. Гледајќи како вечерниот воздух во Њу Орлинс не спроведува светло, како светлото се собира во воздухот околу светилките, и само платформите на најбогатите организатори беа осветлени, иако беа заобиколени со длабока темнина.
Хенри правеше забава на другиот крај од Наполеон. Го сретнав Хенри исто така кога бев во потрага по стан, но решивме дека нема да можеме да живееме заедно. Неговиот газда ја продаваше куќата во која тој живееше, па организираа голема забава пред да ја напуштат. Ми рече дека треба да дојдам. А, во меѓувреме се надевав дека ќе налетам на Пит, за да имам со некој да бидам таму. Можеби би било подобро да заминам со некој дома, ако не е таму Пит. Тоа беше мојата цел. Не беше важно со кого.
Една група по име Ламп, се подготвуваше за свирка во салонот, пивото беше во дворот. Се наведнав над ѕидот зад куќата и гледав една девојка како си игра со буренцето. Имаше уште двајца момци кои стоеја близу неа, и некоја си приватна шега се одвиваше заради цревото и бурето. Погледна накај дворот кон мене и ми се насмевна. Беше слатка, на јужњачки начин. Изгледаше полничко, но секси, баш како филмска ѕвезда што игра калуѓерка - баш такво лице имаше. Дојде накај мене со пиво в рака, препнувајќи се на една вреќа ѓубре во средината на дворот, но успеа да одржи баланс на телото и постојано да ме гледа в очи.
- Се прашував дали би ми помогнал, - ми рече. - Моите пријатели имаат натпревар, и сакам да помогнеш во донесувањето одлука.
- За што е натпреварот?
- Се расправаат кој има најголем кур, - ми рече. - Сакаш да ми помогнеш?
- Не можат сами да одлучат кој има? - ја прашав. Погледнав накај момците. Се уште се заебаваа со цревото.
- Баш и јас го помислив тоа, - ми рече. Се викаше Ејми, и почна да им се восхитува на моите мониста.
- Ги имаш многу по тебе. Луѓето фрлаа со нив на тебе?
- А-ха, - реков. - Така некако, - решив дека ништо не губам ако се обидам и ги начекав сите што другите ги пропуштија. Имам барем едно дузина од нив околу вратот, и купче пластични чаши за мојот нов стан, ако успеам да најдам.
- Имаш право, - рече Ејми. Погледна кон двајцата момци и бурето.
- Погледни ги сите овие, - рече. Нејзиниот врат беше нареден со безброј големи златни мониста. Оние што се чуваат за жени што ги разголуваат градите или му ги пушат на мажите на улица.
- Не ги сакав, ама тие само ми ги фрлаа. Мислиш дека е сексистички?
- Дали мислам дека ако си жена ќе собереш повеќе? - прашав.
- Да. Сакаш од моиве?
- Секако, - и реков.
Почна да извлекува од своите околу вратот, ставајќи ми ги мене. Двајцата момци дојдоа и гледаа. На крај едниот од нив рече:
- Сакаш да го ебеш? Тоа е?
Ејми му се изнасмеа, а тој и неговиот пријател отстапија.
- Мислам дека ќе си одиме и ќе одиме на некое друго место, - ми рече. - Сакаш да дојдеш со нас?
- Не знам, - и реков. – Мислам, да не бидам малтретиран?
Сакав само да заминам некаде со неа и да ја држам за рака, ама не знаев каде би одел.
Погледна кон едно од момчињата и ми рече:
- Не ми е дечко, само некако секогаш завршуваме заедно.
- Океј, - и реков. - Изгледа ќе биде забавно.
Четворицата заминавме заедно по Наполеон, поминувајќи низ парадата, пластичните чаши, монистата, картите и играчките што луѓето моментално ги фатиле, а потоа ги фрлиле. Камиони со затвореници пристигнуваа да чистат. Ејми и јас одевме пред двајцата момци.
- Ти се верува? - ми рече.
- На првата парада на која бев, луѓето се тепаа по овие глупави играчки, - и реков. - Потоа одненадеж се најдов како се борам со една жена на земја заради едена пластична паричка.
Ејми се изнасмеа.
- Еднаш кога ќе фатиш некоја од овие работи, се прашуваш зошто ти била.
- Баш така, - реков.
Откако се пробивме сите четворица низ толпата, типот со кој Ејми најчесто завршувала почна нешто да и шепоти. Пијан шепот, па помислив дека слушам како и шепоти “Мислам дека на твојот пријател му треба некој добро да го изебе”. Кога Ејми се направи дека не го слуша, тој додаде: “А јас ќе бидам тој што ќе го направи тоа.” Таа се поттргна.
Моторот од трамвајот квичеше и пулсираше со што правеше ритмички пумпачки звук, кој туристите го поистоветуваа со беља. Мене ми звучеше како отчукување на часовник фрлен во кутија со малечки мачиња. Може да те успие ако сакаш.
Погледнав кон Ејми и нејзините пријатели и се сетив дека овие работи воопшто не се забавни, како што треба да бидат. Паричка ми помина по образот и падна на земја. Уште една ме погоди по гради. Погледнав назад кон трамвајот. Пит беше таму, смеејќи ми се, држејќи уште една паричка во раката, целејќи накај мене. Влегов внатре и седнав до него. Ејми и нејзините пријатели слегоа на следната станица без да погледнат кон мене.
Пит и јас се возевме до внатрешноста на градот, а трамвајот брмчеше и труеше цело време. Пит ми рече дека се обидувал да ме најде, ама дека бил многу зафатен откако нашол место за живеење. Жената со која живеел била многу добра, рече, иако била дваесет години постара. Беше сигурен дека таа ќе ми најде работа и место за живеење. Ме праша дали се уште го чувам водичот за опстанок, и се прашував дали знаел дека погледнав внатре.
- Извини што те извисив, - рече, - но премногу беше добра понудата да се пропушти. Евелин не ни сакаше пари однапред, ми рече дека можам и да и должам. А и сите ги знае. Дури ми дозволува да ја позајмам нејзината кола. Мисли дека имам возачка дозвола.
Кога и да налетав на Пит на улица, или да му се јавев од говорница, секогаш ме потикнуваше дека треба да најдам работа или мој стан. “Евелин ги знае сите,” ќе ми речеше. “Може нам да ни најде нешто.” Рече “нам” како да бев вклучен во неговиот план, како да беше задолжен да се грижи за мене, но најмногу што имаше направено кога го замолив да ми најде работа беше дека не треба да се грижам. Ќе купевме храна или шише вино со она што останало на картичката, а Пит ќе ми дадеше малку од она што останало од боновите за храна.
Понекогаш ќе се јавев да го слушнам, а Евелин ќе се јавеше и ќе речеше “зафатен е”. Или, “сега гледаме телевизија.” Знаев дека очигледно се ебаваат. Ги замислував како го прават со позадина од серијата Dark Shadows.
Во деновите кога Евелин не беше тука, Пит ќе ме поканеше. Ќе седневме на кујнската маса и пушевме марихуана која ја чуваше во лимена кутија за колачи на масата. Марихуаната беше крупно сечена во големи грутки трева, како качакот на татко ми, и како никогаш да немаше никаков ефект врз мене. Сакав да лебдам, ама ете ти, седев покрај масата на Евелин, слушајќи го Пит, кој кога беше стониран, зборуваше во долги реченици кои звучеа како да траат со часови. Јас само слушав, со што станував потивок.
- Зошто ми дозволуваш да продолжам вака? - ќе речеше Пит, и продолжуваше.
Пит секогаш зборуваше за Кона, каде живееше со брат му цели две години. Ми кажуваше како стонирале со печурки и играле во фонтани и како преживувале јадејќи во хотели и пишувајќи погрешни броеви на собите во сметката.
- Брат ми секогаш велеше дека никогаш нема да не фатат, - велеше.
- Знам како е кога му веруваш некому и потоа дознаваш дека не требало.
Пит ја испружи раката преку масата и покажа кон мене. Посегна и го стави прстот на една малечка лузна под моето лево око. Помина со прстот нежно по неа, на единственото место на кое ме допре.
- Како го доби ова? - праша. - Дали некој ти го направил ова?
Конечно го достигнав нивото на немост кое го посакував. Го гледав плинскиот пламен кој гореше на ѕидот зад мене.
- Не е ни важно, - ми рече. - Не мора да ми кажеш.
Подоцна Пит ме праша:
- Дали некогаш си имал врска со некој кој не му направил ништо лошо на твоето лице?
-Дали го мислиш тоа буквално? - прашав, иако знаев што мисли. - Или фигуративно?
- Како било, - ми рече. - И двете.
Помислив за момент, пред да одговорам.
- Не, изгледа дека не.

Превод од англиски: Љупчо Петрески

ЕЈ, ТИ! - МИХАИЛ ПЉАЦКОВСКИ

Животните не сакале да поминуваат покрај куќата на папагалот Ејти. Така го викале зашто негов омилен израз бил “Еј, ти!”
Ќе го видел тој нилскиот коњ и ќе му свикал:
- Еј, ти, нилски коњ, што живее во вода, облеката твоја е најнова мода!
Ќе поминел крокодилот, та ќе му се потсмевал:
- Еј, ти, крокодил, никому не си мил!
Потоа ќе го видел носорогот, па и нему ќе му свикал:
- Еј, ти, носорог дебел, не те собира на ниту еден мебел!
И кој да сака да поминува покрај куќата на таков лош папагал? Но, сепак, морало оттука да се мине, зашто куќата на папагалот се наоѓала на централната улица, наспроти централната стоковна куќа.
Најнезадоволен од сите од дрскиот папагал бил директорот на стоковната куќа - жирафата Долгојазик, зашто престанале да му доаѓаат муштериите. Та, никој не сакал да го навредуваат.
И така директорот Долгојазик смислил начин како да го замолкне папагалот. Тој му подарил на Ејти за роденден големо, убаво огледало. Се видел себеси Ејти во огледалото и помислил оти некој друг папагал гледа во него.


Од тој ден Ејти постојано седел пред огледалото и самиот себеси се исмевал:
- Еј, ти, папагал, зошто ли си толку мал?

Превод од руски: Емил Ниами

ЗАЉУБИЛ СТОЈАН МАРИЈА - МАКЕДОНСКА НАРОДНА ЛИРСКА ПЕСНА

Заљубил Стојан Марија,
не може да си ја види,
и си ја праша мајка си:
“Умрев, мајко ле, загинав,
как да ја видам Марија?”
Мајка му тогај велеше:
“Стојане, синко, Стојане!
Ак ти сум мајка маштеа.
што ќе ти речам, да сториш:
поарчи азно сребрено,
напрај си чешма мраморна;
сите девојки ќе дојдат,
водица да си залеат,
белки ќе дојде, Стојане,
и твоја бела Марија!”
Стојан си мајка послуша:
напраи чешма мраморна,
напраи тасој сребрени
и синџирите јалдази,
поарчи азно големо.
Сите девојки дојдоа,
чешмата да ми ја видат,
водица да си залеат,
Марија не ми дошла.
Излезе Стојан, излезе,
со шарен кавал свиреше
и на мајка си велеше:
“Изгорев, мајко, изгорев,
Марија не си ја видов!”
Тогај му вели мајка му:
“Стојане, синко Стојане!
Ак ти сум мајка маштеа.
послушај што ќе ти речам.
Легни си, Стојан, умри си;
сите девојки ќе дојдат
свеќица да ти запалат,
белки ќе дојде, Стојане,
и твоја бела Марија!”
Стојан си мајка послуша:
легна си Стојан од наул,
легна си Стојан, умре си.
Сите девојки дојдоа,
свеќица му донесоа.
И бела Марија ми дошла,
кискица му е донесла,
високи гласје е дала:
“Стојане, мили Стојане!
На живот не се видовме,
на смрт ќе се видиме!”
Окото му е на поглед,
раката му е на пограб,
ногата му е на потскок.
Тогај си Стојан рипнало,
та си пограбил Марија.

Запишано и редактирано од Блаже Конески

РАЗМИСЛУВАЊА ЗА СЕБЕ - ДЕЈВИД ХЕРБЕРТ ЛОРЕНС

Земајќи предвид се, најголемиот дел од животот го минуваме сами и најдолго време во животот сме со немиот, иако ненаметлив тек на личните мисли. Размислуваме за себе и за работите кои најнепосредно не засегаат речиси цел ден и цела ноќ се дури сме живи. Многу помал дел од животот го минуваме во вистинска работа или во вистинска активност, кога велиме дека “не мислиме”. Определен дел од времето го минуваме во сон, при што не знаеме што мислиме и кога, во одредена смисла, продолжуваме да мислиме или да сонуваме или глупаво да мудруваме за себе и за работите за кои сме најдиректно заинтересирани.
Можеби свеста е нешто што оптеретува, можеби не сакаме да мислиме и можеби тоа е причината поради која луѓето им се посветуваат на некои непрофесионални омилени занимања, можеби е тоа причината поради која пијат, поради која играат голф, можеби затоа жените слушаат џез или флертуваат, а и сите одат во глупавите кина само за да “избегаат од себе”, како што велат самите. Да заборавиме на тоа! - е големиот лек за сите. “Сакате да се заборавите”, гласи изреката и се смета дека задоволството на сета егзистенција е во “заборавањето на себе”.
Можеби е така, а можеби и не е. Додека некое момче навечер “се налева” кога сака да заборави на себе, тој постојано е свесен дека следното утро со болка ќе се сети на себе. Истото е и со девојките што слушаат џез во веселите ноќи и за толпата што излегува од кината. Сите тие се таму за да се заборават, но ако ги погледнете, не би можело да се каже дека тоа нешто многу им годело. Тие наликуваат на мачка што изела пепариран канаринец, па сега во стомакот го чувствуваат памукот.
Кога ќе слушнете што зборуваат луѓето, ќе си помислите дека самите себеси сте си најголемото страшило што некогаш може да се има. Ако не можете да избегате од себе, ако не можете да се заборавите себеси, тогаш сте осудени на пропаст. Околу вратот ви е врзан камен, така што единствено можете да скокнете и да се удавите.
Тоа е чудно. Зошто самиот себеси да си најголемо страшило? Зошто толку би се плашел самиот себеси да си бидам друштво, небаре ќе ме фати некој костур со своите страшни раце во оној момент кога ќе останам самиот со себе?
Тоа е сенешто. Сосема е природно тоа што секој маж и секоја жена најголем дел од времето размислува за себе. Од што има да се плашиме? Па, сепак, луѓето масовно се плашат од тоа. Би поверувале дека секој во себе има костур, кој всушност го имаме. Во мене, како и во вас, се наоѓа костур. Што не е во ред? Тоа е сосем добар, цврст и здрав костур. А, што би правел без него? Не, не, сосема добро се чувствувам со мојот ковчест костур, па ако толку сака да разговара со мене, нека го стори тоа.
Се чини дека сите не прогонува некој наш дух, на кој не смееме да му погледнеме в очи. “Боже, та тоа сум јас!” И тогаш се даваме во бегство. “О, Боже, еден избеган тигар е на Пикадили! Да бегаме на Бондстрит.” - “Внимавајте, тигарот е таму! Одете по улицата Медокс!” “Господе, еве го тигарот тука! Да бегаме во метрото.” И така одиме под земја, немајќи предвид дека некаде повторно ќе излеземе надвор, кај Холанд парк или на кејот, и оти тигарот ќе не начека.
Единствено нешто што може да се направи во овој случај е следното: “Во ред, ако е тигарот таму, да го погледнеме.” А, секому му е познато дека се што треба да направи е да го погледне право в очи. Истото е и со алтер егото, со моето призрачно јас, кое ме прогонува во мислите.
“Јас сум млад човек, кого никој не го сака”, вели призракот, тигарот. Решително погледнете го в очи и одговорете му: “Да, тоа е мошне чудно. Зошто сте беден? Зарем сте само беден? Сакате ли да бидете љубен и како сакате да бидете љубен? Кој да ве љуби? И зошто треба да ве љуби?” Без сомнение, одговорите на овие прашања се интересни и се многу позабавни од бегањето од себе и од пасивното примање и инертноста.
Ако тој тигар е тигрица, таа ќе почне тажно да мјаука: “Јас сум толку пријатна личност, но тоа никој не го цени. Колку сум несреќна!” Тогаш девојката која е вистинска лавица, ќе ја погледне в очи својата тигрица и ќе каже: “Зошто си толку убедена дека си пријатна? Во кој поглед си пријатна? Зарем не постојат и други начини да се биде пријатен, освен твојот? Можеби луѓето копнеат по некој друг вид пријатност, а не по онаква каква што е твојата. Подобро е да направиш нешто во врска со тоа.”
Ако, пак, станува збор за млад брачен пар тигри, тие ќе цимолат: “Живееме во сиромаштија, немаме никакви изгледи.” - Потоа младиот човек и младата жена, ако имаат барем малку жар, решително ќе ги погледнат своите два тигра. “Нема изгледи! Што подразбирате под тоа? Доволно е да се прехраните. Што се тоа изгледи? Зошто и какви изгледи ни се потребни? За што станува збор?”
Одговарањето на овие прашања се интересни, тие се забава за сиот живот. Да му се одговара на тигарот е неопходна животна разонода. Да се мисли на себе и на работите кои навистина не засегаат претставува најголема забава, особено кога ќе почувствуваме дека повремено навистина сме разговарале со својот костур.

Превод од англиски: Емил Ниами

ШТО МОЖАМ ДА СТОРАМ - ЕНТОНИ

Што можам да сторам
кога птицата треба да умре?
Што можам да сторам
кога е преслаба да лета?
Што можам да сторам
кога ме повикува:
мамо, помогни ми да живеам!
Што можам да сторам?

Препев од англиски: Љупчо Петрески

ПО УЛИЦЕ МОЕЙ – БЕЛЛА АХМАДУЛИНА/ПО МОЈАТА УЛИЦА - БЕЛА АХМАДУЛИНА

По улице моей который год
звучат шаги - мои друзья уходят.
Друзей моих медлительный уход
той темноте за окнами угоден.

О одиночество, как твой характер крут!
Посверкивая циркулем железным,
как холодно ты замыкаешь круг,
не внемля увереньям бесполезным.

Дай стать на цыпочки в твоем лесу,
на том конце замедленного жеста
найти листву, и поднести к лицу,
и ощутить сиротство, как блаженство.

Даруй мне тишь твоих библиотек,
твоих концертов строгие мотивы,
и - мудрая - я позабуду тех,
кто умерли или доселе живы.

И я познаю мудрость и печаль,
свой тайный смысл доверят мне предметы.
Природа, прислонясь к моим плечам,
объявит свои детские секреты.

И вот тогда - из слез, из темноты,
из бедного невежества былого
друзей моих прекрасные черты
появятся и растворятся снова.

1959

По мојата улица неколку години
се слушаат чекори - моите другари заминуваат.
Спорото заминување на моите другари
на темнината зад прозорците и се допага.

О, осаменост, колку е крут твојот карактер!
Подбленувајќи со железен шестар,
толку ладно правиш круг,
не слушајќи ги бесполезните уверувања.

Дозволи ми да застанам на прсти во твојата шума,
на тој крај од успорениот гест,
да го најдам лисјето и да го приближам до лицето,
и да ја почувствувам бедата како блаженство.

Подари ми ја тишината на твоите библиотеки,
строгите мнотиви на твоите концерти,
и - мудра - ќе ги заборавам оние
што умреле или оние што се се уште живи.

И ќе ја почувствувам мудроста и тагата,
предметите ќе ми ја кажат својата тајна смисла.
Природата, што се потпира на моите плеќи,
ќе ми ги каже своите детски тајни.

И тогаш - од солзите, од темнината,
од бедната нељубезност на минатото,
прекрасните црти на моите другари
ќе се појават и повторно ќе исчезнат.

1959

ПРЕД ТРИ МЕСЕЦИ… - СЕРГЕЈ ДОНАТОВИЧ ДОВАЛТОВ

Пред три месеци посетував курсеви за филигранство. Таму учев и англиски јазик. Професорката Кетрин сакаше да поставува неочекувани прашања.
Помнам таа ме праша:
- Што мислиш, ќе има ли војна?
А, јас и одговорив:
- Војната веќе се води. Само што Американците тоа не го знаат.
- А, како тоа?
- Мошне едноставно. Во Техеран ја зазеле американската амбасада, а правно гледано, тоа е територија на САД. Освен тоа има и 50 воени заробеници.
- Што ни преостанува да направиме? - ме праша Кетрин...
Јас не сум дипломат, не сум политичар и не сум генерал. Дури не сум ни Американец. Јас се обидувам да гледам на таа работа од граѓанска гледна точка.
Однесувањето на човекот и однесувањето на државата се спротивставени. Самозаштитата и одбрамбената способност се идентични поими, разликата е во квантитетот, а не во кавалитетот.
Мојата претстава за самозаштитата се градеше во логорите. Таму јас запомнив еднаш за секогаш: Подготвеноста за кавга, значи способност за нејзино започнување,
доколку ситуацијата го бара тоа.
Можно е и да се воздржиш. Да си одиш со уништена физиономија, т.е. да капитулираш...
Навистина, поразот во кавгата не го означува нејзиниот крај. Ќе те претепуваат по пропис. И на крајот ќе го уништат човекот во тебе.
Истото се случува и со државата. Подготвеноста за војна, значи и способност за нејзино започнување, доколку ситуацијата го бара тоа.
Тито велеше:
- Ако треба сите ќе загинеме.
Него не го праќаа в затвор. Си го проживеа животот како почитуван човек. Нешто слично извика и Чаушеску. Или само напомена. Него не го праќаа в затвор...
Јас ги слушам само разумните, трезвени аргументи:
- А, ако има војна?! Тоа значи крај?! Што може да биде поужасно од смртта?!
Поужасно од смртта е страшливоста, малодушноста, и неминовното по нив - ропството.
Па, не е ли рано да се говори за смртта? Ете Евреите ги ослободија своите заложници, и ништо. Живи и здрави се.
Треба да се умее...

Превод од руски: Емил Ниами

ЌЕРКА - ГЕРТРУД СТАЈН

Зошто светот не војува?
Ова може да ве зачуди малку, но кога ќе сфатите како
лесно г-ѓа Чарлс Бјанко продава дела од американски
уметници на американски милионери ќе признаете дека
моќниците се принудени да бидат среќни. Дозволете ми да ви кажам една приказна. Еден уметник љубеше жена. Еден музичар не пееше.
Еден Јужноафриканец сакаше книги. Еден Американец беше жена и и требаше помош. Дали Американците се исти како инкубаторите.
Но, ова е остатокот од приказната. Тој стана моќник.

Препев од англиски: Љупчо Петрески

НОВА АНАТОМИЈА - ДАНИИЛ (ИВАНОВИЧ ЈУВАЧОВ) ХАРМС

На едно малечко девојче на носот му израснаа две сини панделки. Тоа беше особено редок случај, зашто на едната панделка беше напишано “Марс”, а на другата “Јупитер”.
1935
Превод од руски: Емил Ниами

КАСНИ ПОРАСНИ - ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

ЦРЕША

Како прво и прво црешата се
вцрви до врвот од црешовото дрво,
а како второ, а не прво,
се тресеше целото дрво
кога од неговите ветки
беревме црвени обетки.

ЈАГОДИ

Ко жарчиња в лице горат,
мислиш нешто срамно зборат
или пак на сите места
од нас им се зема свеста,
па одвај го држат сокот
за да не му мине рокот

КАЈСИЈА И ПРАСКА

Кајсијата и праската лично
си ја бараат својата сличност
и си светат кој знае до каде
тука нема што да се додаде,
без нив и ти можеби си видел
во бавчата потемно ќе биде.

ЈАБОЛКА

Јаболкниците имаат болка
не знаат што се без јаболка,
без јаболка и без птици
тие не се јаболкници,
јаболката, пак, од ред сите
си се мислат на гранките.

КРУША

Крушата е чудна чаша,
до врв полна слатка каша,
ене една кренал ежот
да измери колку тежи,
кај нас велат земи круша,
рани душа да те слуша.

ЛУБЕНИЦА

Ах, таа лубеница, таа деница
среде поле ко негова реченица,
дали има нешто повеќе што блажи,
не може со полна уста да се каже,
само една пчела остана да бучи
верувајќи дека друго ќе се случи.

ГРОЗЈЕ

Глеј, од лозјата не вика
сака со нас да се слика,
но, над него пчели јато
со прочуено минатот,
се караат и се мират,
првата ја пијат шира.

СЛИВА

Е, сливата не е жива
ако некој ја прозива,
за компот или за слатко трајно
или за нешто позначајно,
не знам зошто и е криво
што влегува во нов живот.

СМОКВА

Зелено е вирче роса,
торбе полно ситно просо,
низа на врат што се носи,
но најмногу од се е
слаткараница што умее
од теглата да се смее.

БАНАНА

Има една лоша страна,
само една мана знајна,
што не расте и кај нас,
но што значи
една мана
за позлатената банана.

ПОРТОКАЛ

Мирислив и жолт ко цвеќе,
а можеби и повеќе,
од родната земја, крајот,
му останал само сјајост,
како доказ спомен некој,
дека дошол од далеку.

ЛИМОН

Ако можеш намини
на свежи витамини,
од сончеви падини,
лимонови градини,
и здравје и понада
во чаша лимонада.

ОРЕВИ

Во секој орев јатки златни,
ко сестрички чистопатни,
уплашени во своите лица
што ги демне верверица,
уште не можат да сфатат
од кај паднале на патот.

КОСТЕНИ

Каква есен, каква есен,
не знам колку костени ни снесе,
сега надвор врне, снежи,
а ним им гори, жежи,
си пукаат на печката гласно,
како ништо да не им е јасно.

:-)

МАЖОТ - ДОМАЌИН - РУСКА НАРОДНА СКАЗНА

Мажот секој ден работел во полето, а жената дома домаќинлакот го терала.
Мажот мошне често и велел:
- Јас цел ден работам во полето, а ти што правиш? Ништо не работиш! По цел ден седиш дома!
- Во ред, - рекла еднаш жената. - Ти остани дома, а јас ќе одам во полето.
Така и направиле. Жената отишла на поле да работи, а мажот си останал дома да го тера домаќинлакот. Си дошла жената дома на ручек и кога што ќе види: козите ја јадат зелката, сите кокошки во градината отишле, крават мука гладна, мачката млекото го истурила, печката камен ладна, а ручек нема. Тргнала тогаш жената мажот да го бара. А, тој седнал покрај бунарот, ја фрлил во него кофата и не може да ја извлече...
Погледнала жената, па рекла:
- Што има да се каже? Никогаш домаќинлак не терал! Добро е што жив останал!

Превод од руски: Емил Ниами

УШИ - РИСТО ЛАЗАРОВ

Има уши магарешки,
има уши лопати,
уши начучулени,
уши клемпави,
уши издолжени,
уши камени,
уши дупнати,
или уши дупени,
има уши ѕидови,
и уши лустери,
уши телефони,
уши тапани,
има уши разно-разни.
Едни уши
слушаат Божји заповеди,
слушаат птичји црцор
и нечујни звуци,
слушаат коледе-леде,
слушаат вести на радио,
вести на телевизија,
слушаат камбани,
бајачки и тажаленки,
слушаат воени команди,
сирени и други тревоги,
слушаат лелекање,
слушаат лавежи
и февруарски мјаукања.
Други уши
не слушаат ништо,
а не се глуви, проверено,
не слушаат молби,
не слушаат клетви,
ни пцости, ни закани.
Има уши
на изопачени мераци
(колкави уши
- толкави глупости)
има и низ уши зачнати,
има женски со уши обетки
што се дупат
со кого ќе стасаат,
а и такви што трчаат
до кајшто глув слуша.
Сал Душко долгоушко ли зне
дека сите едноуви
не се Ван Гоговци?

ТРИ МИГА - НИКОЛАЈ ПЛАТОНОВИЧ ОГАРЕВ

Трилогија на мојот живот (посветено на љубовта и дружбата)

1

Сонцето заоѓаше на запад и со проштални зраци се капеше во водите на величествено-спокојната река. А таа, извиена како потковица, сотаен ропот минуваше покрај подножјето на стрмниот висок брег. А, на другата страна во далечината се протегаше огромниот град, и куполите на неговите храмови светеа во огнениот отблесок на вечерното сонце.
На високиот брег стоеја две момчиња. И двајцата беа во мугрите на своите животи, гледаа на денот што умира и веруваа во неговото идно раѓање. И двајцата, пророци на иднината, гледаа како се гаси светлината на денот што изминува и веруваа дека земјата нема долго да остане во темнина. И сознанието како електрична искра трпна во нивните души и нивните срца почнаа да бијат со иста сила. Тие се фрлија еден на друг в прегратка и рекоа: “Одиме заедно! Одиме заедно!”. Тој миг ангелите го запишаа на небото и тој радосно откликна во големата душа на светот.
Но, судбината ги раздели момчињата и ги однесе во далечни страни. Но, тој миг во нивните души растеше свето до бесконечност.

2

Во салата осветена со огнови, се туркаа луѓе и мислеа - треба да се веселиме. И во шумниот говор одѕвонуваше бездушното слово, и тажна мисла се изливаше во многусложните зборови. Се слушаше музика, и во таинствените звуци, зборувајќи за небесното, се одделуваше силно од празните извици на децата на правта и тлеењето.
Далеку од толпата седа девојка и момче. Нивните погледи со љубов тонеа во погледот на секој од нив. Тие зборуваа за светот небесен, за тој свет иден. И сознанието на длабока симпатија како електрична искра трпна во нивните души и нивните срца почнаа да бијат со иста сила. И во ист миг од нивните усти излегоа зборовите: те сакам! Тој миг ангелите го запишаа на небото и тој радосно откликна во големата душа на светот.
Луѓето со кикот ја гледаа двојката, благословена со љубов.
Но, девојката и момчето се фрлија во прегратка - и тој миг, кога кажаа: те сакам! - свето растеше во нивните души до бесконечност.

3.

Но, таа судбина, Божја судбина, што ги раздвои момчињата на далечни страни, повторно ги соедини. И секој од нив имаше љубена девојка, секој дојде со убавица.
Тогаш пред распетието, пред Бога, за љубов на настраданите, сите четворица паднаа на колена, занесно се молеа со благодарност во срцето, а солзите се лијеа по нивните образи. И потоа, во сознанието на високата љубов, сите четворица се фрлија в прегратка и со духот се слејаа во едно прекрасно чувство. Тој миг ангелите го запишаа на небото и тој радосно откликна во големата душа на светот.
И одново судбината ги раздвои момчињата, но секој си остана со својата девојка. И во четирите души тој миг свето растеше до бесконечност.
1839
Превод од руски: Емил Ниами

ТАБЛИЦА ПЕРВАЈА - БЛАЖЕ КОНЕСКИ

1. По законот на местото, можеме да го сфатиме само животот, не смртта. Затоа е оправдана надежта и секоја оптимистичка илузија.
2. Космосот се крепи на дуализмот и од него зема внатрешна сила. Ден и ноќ. Лето и зима. Добро и зло. Вечна борба без крајна победа и без краен пораз.
3. Во два следа се врти и историјата: по период на цицање крв со памук следи период на пуштање крв со нож.
4. Грабежот е неизоставна составка на економската дејност во така изделените етапи. Економските системи можат да бидат подобри или полоши, но нема економски систем ефикасен сам по себе, без да е во него вграден грабежот. Мит е дека богатиот, цивилизираниот Запад е создаден само со труд.
5. Во така изделените етапи, успешните протагонисти на релативната стабилност тврдат дека економијата решава сé, додека демонските природи се потсмеваат на тоа, подготвувајќи се, во смената на историските периоди, да го пљачкосаат тоа што други го спечалиле.
6. Има историски релјеф. Кајшто текло вода, пак ќе тече. Се менуваат ознаките, а се перпетуираат привилегиите. Важно е не да бидеш доследен, а да не плаќаш данок, како што плаќа рајата. Формите се менуваат, суштината останува. Затоа најмалку обнова, во смисла на активирање на трудот, има во региони со стара државност, во кои привилегиите се вкорениле подлабоко, отколку во периферните области на светската историска сцена.
7. Препорака. Поради законот на местото, оптимизмот значи подобар избор од песимизмот. Сé е загубено без верата дека човештината сепак може да си создава поширок простор. Тоа би значело безусловна капитулација на духот. Тоа не го допушта дуализмот што го проникнува космосот. Има смисла во Сизифовата работа. Дали сме доволно свесни дека понекогаш руините, и по својата убавина, нé импресионираат повеќе од зачуваните градби?

Скопје, марта 1851 лето
Јордан Хаџи Константинов - Џинот

Исповед на еден мистификатор

Овој текст го напишав јас едно претпладне во март 1993 г. На Џинот сум му благодарен што ми ја позајми формата. Решив да не брзам со објавувањето и само неколку копии поделив меѓу свои пријатели, со забелешка под текстот: соопштува Блаже Конески, Видов дека некои од нив не ја откриле веднаш играта, зашто ме распрашуваа во какви околности можел Џинот да се искаже на ваков начин.
Сега, кога се решив да ја објавам оваа “таблица”, не би сакал да ги доведам во иста ситуација и некои од читателите. Затоа сметав дека треба да го приложам ова објаснение.

Блаже Конески

ГРУБ СЕКС - НИКОЛАЈ ВЛАДИМИРОВИЧ ОБЛАКОВ

Го забаив својот алат меѓу нејзините нозе, така што таа вресна од болка.
И бев лут, поради тоа што почна да зборува за нашиот однос меѓу колегите. И бев директен претпоставен. Таа (се викаше Галина) беше моја десна рака… и моја љубовница (Да, женет бев и многу ја сакав жена ми).
Дојдов кај Галина дома. Без да и кажам нешто, дури и не поздравувајќи се, веднаш ја однесов во спалната. И го соблеков краткиот бадемантил и ја турнав на креветот. Бргу го слеков костумот од себе и веднаш и се нафрлив. И ги раширив нозете и без каква и да е подготовка го набив алатот меѓу нејзините нозе. Таа вресна од болка:
- Еј?! Што ти е? - извика таа. - Немој!
Гаља се обиде да се одслободи од мојата цврста прегратка. Почнав остро да се набивам, удирајќи со главата на мојот алат по дното на нејзината дупка. Таа почна да ме удира со тупаници по градите, по лицето, по плеќите; но јас, молчешкум, го набивав својот алат до крај. Таа гласно стенкаше и се искривуваше од болка, а понекогаш и врескаше. Од нејзините очи се тркалаа солзи.
Во тој момент почнав да свршувам и легнав врз неа. Спермата почна да бризга во неа. Но, јас не почувствував задоволство. Таа, освен болката и непријатниот однос, исто така ништо не почувствува.
Се тргнав од неа. Галина, превртувајќи се, почна да липа.
Ми стана жал и ја ставив мојата рака на нејзините плеќи, сакајќи да ја успокојам; но таа ми ја турна раката и продолжи да липа.
Излегов и отидов во кујната за да се смирам.
Откако испушив една цигара, се вратив. Гаља речиси се беше успокоила. Таа седеше на креветот, со брадата на колена и, гледајќи ме со прекор, рече:
- Што ти е тебе денес?! Секогаш си бил нежен и добар со мене!
- А, ти, што направи? - ја прашав јас. - Ако дознае жена ми, за мене тоа ќе биде катастрофа!
- Ми здодеа вака да живеам. Сакам семејство, деца, но, за жал, тебе те сакам!
- Ќе те отпуштам од работа, - и реков. - Ќе те обезбедам, но под услов да не се мешаш во мојот семеен живот.
- Нека биде така, се согласувам, - рече таа со иронија. - Но, мора да ме сфатиш.
Се смирив. Мојата лутина кон Гаља исчезна. Повторно почувствував привлечност и нежност кон неа. Нежно ја прегрнав одзади и со рацете и ги подигнав градите. Мојот дигант алат се најде меѓу нејзините бедра. Нежно ја легнав Галенка в кревет и почнав да ја милувам по телото. Таа ми одговори со своето милување. Нежно и ги раширив нозете и и го ставив својот алат. Почнавме заедно брзо да се движиме, приближувајќи се кон оргазмот.

Превод од руски: Емил Ниами

КУПУВАЊЕ КУРВА - ЕН СЕКСТОН

Ти си шницла што ја купив
и те полнам со мојот сопствен кромид.

Ти се брод што го изнајмив на час
и те возам збеснато додека не се отпревртиш.

Ти си чаша која ја платив да ја скршам
и да и ги проголтам стакленцата измешани со плункава.

Ти си ќумбе на кое ги греам рацеве што се тресат,
пржејќи го месото додека не стане убаво и сочно.

Смрдиш како мајка ми под градникот
и ги повраќам во твоите раце како џекпот
тие ладни тешки парчиња.

Препев од англиски: Љупчо Петрески

ГЛУПАВИТЕ ГУСКИ - ПРИКАЗНА ОД ПИЕГАН

Еднаш еден стар Индијанец од племето Пиеган забележал едни гуски, па им пришол и заплакал.
- Во што е работата? - го запрашале гуските.
- Вашиот голем водач умре.
- Никогаш не сме слушнале за него! - се зачудиле гуските.
- Срам да ви е! - ги искарал старецот. - Јас сум туѓ и го знам вашиот храбар и мудар водач, а вие не сте ни чуле за него. Гуските се растревожиле. Тогаш почнале да го молат старецот да им раскаже за водачот. Старецот се согласил, но под услов тие цврсто да замижат. Гуските ги затвориле очите, а старецот зел еден стап и удрил неколку гуски по глава. Гуските се налутиле и почнале да гакаат, а старецот им рекол:
- Колку сте прости вие, гуските, кога поверувавте дека такви неизделкани можат да имаат мудар водач!

Превод од англиски: Емил Ниами

И ТАНЕЦ ВОДЕТЕ И НА ДУПКА ГЛЕДАЈТЕ – МАКЕДОНСКА НАРОДНА ПРИКАЗНА ЗАПИШАНА ОД МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Једно време беше му се настрвил једен мачор на једни глувци да и јади под еден амбар. Откоа виделе глувците оти ќе и крдиса мачоро, се собрале на едно собрание и сториле мезлич глувците да не излегуваат од дупките надвор. Откоа виде мачоро оти не излегуал нити једен глушец од дупка, му текнало оти имале созбирлак да не излегуваат. Преесапил мачорот једен марифет, за како да и излажи, да излезат надвор. Се облекол во једни кауѓерски алишта, зел једно рало броеници и отишол кај амбарот и почнал да и трлат броениците и да се моли Богу, чинејќи метании. Во истото време излегло једно мало глувче на једна дупка и го видело мачоро кај чини метании и тргат бројаници; се вратило назад и му кажало на глувците. Једно чуле глувците, отрчале да видат дали је вистина. Кога и видел мачорот оти го гледаат од дупките, ватил да се моли и метании да чинит и да му велит на глувците да си излезат и да си јадат пченица од под амбаро.
- Излезете си, глувчиња и глувци и стаори - му рекол - оти јас сум веќе аџија, нема да ве јадам, чунки отсега јас ќе си постам и тревица ќе си пасам.
Кога го видоа пустите глувци мачоро да подбелуа со очите и да чини метании, и трева да паси, пуштија неколку глувчиња да појдат до него, да видат дали не ќе и јади. Отишле до него, и тој и погалил малку и и поканил да си појадат пченица од под амбар. Кога видоа друзите глувци од дупките, се натрчаа једни да јадат пченица, а друзи да му кажат на стаорите оти мачорот се покауѓерил и аџија се сторил. Дошле и тие до крај дупките и го виделе. Арно ама стаорите како поитри не излегуале од дупките. Мачорот му се таксуал оти не је чаре веќе да и лоит, само ако напраат сите по једна вечера и да му дојдат со неа, за чес да му сторат дека си дошол од аџилак, како што му оделе на сите аџии. Ама вечерата да била посна. Се поверуале пусти глувци и му дошле со вечера, како одкако да се смират со пустио мачор и да си живеат. Арно ама глувците друго думале, а мачоро друго, и откоа вечерале пред мачорот, и натерал да поиграат едно оро, да после си одат. Рипнале глувците и се ватиле рака за рака, та тргнале да играат оро. Еден стар стаор стоел близу до дупка, чунки непара се веруал на мачорот, чунки неколку пати бил фатен од мачори и му куртулисал.
- Хеј, глувци и вие стаори - му рекол со низок глас - и танец тргајте или водете и на дупка гледајте!
При се што пополека стаоро му рекол, мачорот чул и веднаш му се спуштил по нив и, до колку могол, издавил.
Оттогај веќе и ден-денеска се пизмат мачорот и глувците.

ПЧЕЛА - МАРИЈА ПАВЛИКОВСКА ЈАСНОЖЕВСКА

Ќе полетаме ли во тие далечни краишта,
за да добиеме уште малку огорченост,
од таа есенција,
од тој горчелив мед,
со кој наскоро ќе биде
преполнето улиштето златно
на мојата егзистенција?

Препев од полски: Емил Ниами

ТАА ГО ГЛЕДА НЕГОВОТО МРТВО ТЕЛО НА СТРАДУН - ГОРДАНА МИХАИЛОВА БОШНАКОСКА

Го носат мртов, оладен,
мојот љубовник,
младите момчиња од Дубровник,
на раце го носат,
а јас сé уште стојам
како лист хартија на неговата работна маса
и не можам да им викнам:
еј, вие таму, застанете,
сопрете,
тој не е тој вистинскиот мртовец
на мојата љубов,
тоа е неговата голема измама
што вие сега ја носите,
само привид на него самиот,
тој е овде над мене,
погледнете меѓу моите дојки
лежи неговата глава,
тој е лажица
во која јас лежам,
немојте да фрлате невин мртовец
во морето,
да го јадат морски риби
и солената вода.
Тие ништо не слушаат,
поминуваат покрај мене
и заминуваат,
и тој ми мавна со рака
и ми се насмевнува:
јас сум сé уште твојата лажица
во која ти лежиш.
А пријателите,
тие констатираа:
тој е сосема изменет,
овој мртовец не е тој.
Таа смрт од дванаесет години
тоа е неговиот живот.
Збогум, му велам
удави се во морето на мојата кожа,
влези во нејзините пори
и потони длабоко,
најдлабоко,
во рибата,
во отворената школка,
во бисерот на слатката измама.

ГУМА ЗА БРИШЕЊЕ - СЕРГЕЈ ГРИШУНИН

Во едно малечко гратче, во едно сосема обично училиште си учела Марина. Таа била во петто одделение и добила единица по географија. Но, тоа не и била првата единица. Петта за една недела. И така си одела дома натажена. Па, на што да се радува? Сите ќе и викаат. Нема да и дадат да си игра. Во темен агол ќе ја стават. И тогаш видела Марина едно искубано куче како си седи на автобуската станица. Си седи тоа така наспроти бутката за колбаси и тажно ја гледа продавачката, А, тетката од бутката, пак, низ прозорчето го кара кучето. Тоа, пак, тргнало кон месарницата. А, ќелавиот чичко го брка оттаму. Мелкарката, една баба во волнени чорапи и во сив фустан, замавнува со рацете. Не му е денес денот на кучето. Сите луѓе му се лути. Се натажила Марина. Таа во ранецот имала сендвич со салама. Од ужинаката и останал. Му го дала на гладното куче. Тоа, пак, многу се израдувало и веднаш го излело сендвичот. Благодарно замавнало со опашот и избегало. Марина тивко тргнала понатаму. Нејзиниот дом бил близу. Многу се натажила. Одвај нозете ги движи. Кога, слушнала како нешто шушка зад неа, небаре некој сака да ја престигне. Се завртела и кога што ќе види - искубаното куче и се приближува. Дошло тоа до неа и со белите заби и се насмевнува. Ја гледа весело и врти со опашката.
-Ти си добро момче, - му рекла Марина, - а јас денес добив единица по географија во книшката. Не знам што да правам сега.
-Ништо страшно, јас ќе смислам нешто сега, - и одговорило кучето и отрчало.
Марина, пак, не можела да си поверува на ушите. Таа само во цртаните филмови видела како кучињата зборуваат и си мислела дека сетоа тоа се само приказни. Сега и самата се уверила дека такви работи се случуваат. Го почекала та кучето да се врати. По пет минути тоа дотрчало, а во устата носело сина гума за бришење. И ја дало тоа на Марина.
-Држи, - рекло тоа, - една добра тетка ми го даде. Рече дека со неа сé може да се избрише.
-Ти благодарам, другар, - му одговорила Марина.
-Обиди се, - и рекло кучето.
Ја извадила Марина книшката од чантата и со еден потег ја избришала единицата.
-Супер, - рекла, - како ништо да немало. А, може ли уште нешто да избришам?
-Не знам, - одговорило кучето, - јас во такви работи не се разбирам. Можеш на мене да пробаш. Луѓето секогаш прават експерименти на кучињата.
-Не, со тебе нема да правам никакви експерименти. Јас и ти сме другари - му рекла Марина, - оваа гума на себе ќе ја пробам.
Поминала таа со гумата и сé било избришано.
-И што се случи? - го прашала таа кучето.
-Одлично! - и одговорило тоа, - Како ништо да немало. Сега можеш да одиш насекаде и да си земаш сé што сакаш. Ако е така и мене избриши ме.
На Марина не и било тешко да направи што и да е за своите другари, па така го избришала и кучето.
На девојчето му се допаднало таа игра. И така наоколу исчезнувале и луѓе и коли. Ги снемувало куќите и цели улици заедно со хоризонтот. Наскоро сé исчезнало и немало повеќе што да се брише. Останале само уличниот шум и гласовите во празното место. Навчер станало темно и тивко. Сиот град заспал и оттогаш во него можело да се види нешто само на сон. На училиште повеќе не предавале географија. Немало ни нагледни средства. Сите премети биле заменети со музичко и со слушање сказни.

Превод од руски: Емил Ниами

ПОКРИЕН – ЏУЛИЈА СЛАВИН

Мајка ми ми кажа дека како дете, никаде не сум одел без моето старо ќебе: сум спиел со него, сум јадел со него и сум го влечел по мене како животинче на врвка.
Тоа беше нашиот последен прибран разговор, потоа таа стана вознемирена и збунета, понекогаш помешувајќи ме со мојот мртов татко, а понекогаш дури и воопшто не препознавајќи ме. Една од тие вечери, се враќав дома од болница и се качив горе по скалите на таван. Не сум се качил таму откако се вратив дома да се грижам за моите родители. Во шкафот полн со фустани, лисица за околу врат, и мајчиниот венчален фустан, најдов кутија обележана со РАБОТИ ОД СТИВЕН.
Го одлепив селотејпот, а лепакот лепеше како фластерот кога го вадиш од рана. Внатре беа моите бејзбол трофеи, портрет на седумгодишно дете целосно обоено во зелено, мојот златен медал за фитнес и папка со свидетелства. И таму, на дното од кутијата, беше моето ќебе, употребено како мека површина за чајниците и мојот голем порцелански опус: глинен шах со животински фигури, мажиња и кучиња со скршени лица и без опашки.
Го кренав, а другите предмети паднаа, и го држев в раце. Го допрев материјалот и го доближив до моето лице. Можев да ги почувствувам сите миризби: онаа на прашестиот таван беше доминантна, но и на азелеата (парфемот на мајка ми), Шаламар (на баба ми), на багремот, урина и пот. Го протрев материјалот уште малку меѓу прстите, чувствувајќи го стариот ритам, старите сеќавања беа во допир со палците. Се изненадив колку ефективно беше сето ова, моментално ослободување од тагата што ја исполнуваше куќата толку долго.
Се разбира ја сфатив и апсурдноста на сето тоа, четириесет и шест годишен маж со ќебе. Го извлеков палецот од устата и ги вратив предметите назад во кутијата, оставајќи го ќебето одозгора. Но, и колку да се обидував, не можев повторно да ја залепам. Ја оставив кутијата отворена и со нозете ја турнав во шкафот. Вентилаторот на таванот дувна и свежо ветренце се почувствува во загушливата просторија. Ја откопчав кошулата, дозволувајќи му на воздухот да ја исуши потта од моите гради и од под пазувите.
Како што тргнав надолу по скалите почувстував дека нешто ми се заплеткало околу глуждот и ме влече наназад. Беше конец што се измолкнал од ќебето. Ја соблеков папучата и го извлеков конецот. Кошулата ми беше топла, па ја соблеков и го исушив испотениот грб. И кога се завртев повторно да одам, почувствував како нешто ме притиска на другиот глужд. Уште еден конец од ќебето се намоткал околу мене. Погледнав кон кутијата. Ќебете се креваше од врвот на кутијата и се стрклала кон мене, свиткувајќи се околу моите стапала и извивајќи ми се по нозе. Легнав на подот и почувствував како крвта ми надоаѓа во главата. Го завиткав околу градите и половината. Моите очи беа здрвени како да бев на некое друго место, место подготвено за оживување на сеќавање. Лежев таму, покриен, со часови, се додека не реков доста е и го напуштив таванот, заклучувајќи ги сите врати.
Подоцна, кога се разбудив од еден морничав сон, забележав како ќебето се довлечкало до мене в кревет. Спискав. Морав. Го потонав лицето во неговата мекост, вдишувајќи му ја миризбата, и галејќи го со прстите во бранчиња, без престан.
Така и продолжи. Кога се разбудив во пот, тука беше, завиткано околу мене, кај и да го скриев, ставив, потиснав, тоа секаде ме наоѓаше. Продолжи да се искрадува од темнината; некаде од мрачноста, го гледав како се довлечкува до мене, чешкајќи ме, легнувајќи во креветот, распафтувајќи се на моите гради, и јас велев не на сето тоа; не ќебето, на моите прсти кои го галеа, палецот кој ми отиде в уста. Ќе ги соблечев пижамите, собата толку сува од утринската топлина каде воздухот се исполнуваше со бурни електричн искри. Ќе го истуркав во креденецот, исцрпен, пребледен, згрозен од себе си, заколнувајќи се дека следниот пат нема да успее да ме намами на искушение.

Ми беше кажано дека ја губам работата, но фирмата ми ги повлече билетите за хокеј-билети што ги имаше мојот татко, и дедо ми пред него, уште од 1946. Му ги дадоа билетите на Вајмен.
- На Вајмен му требаат деловно, ми рекоа. Прилично е добар. Привлекува клиенти како што гомното привлекува муви.
И сега ќе дознаат дека ги губам Торвин и Мејс, најголемата компанија чиј сметководител бев јас. И го изгубив и важниот дел од татковата книга исто така. никогаш го немав неговиот магнетизам.
Го поканив Карл Сотерленг, заменик директор на Торвин, да ручаме заедно кај Менди, на истото место каде татко ми ги водеше своите клиенти на ручек. Ми намигна кога се поздравивме. Ми кажа колку драг му бил татко ми - навистина, ми кажа дека дедо ми му ја дал првата работа. Ме праша за здравјето на мајка ми. ми изгледаше вистински загрижен. мислев дека ќе го убедам да продолжиме со соработката. Згрешив.
- Не сме некако на иста бранова должина. Ги пропушташ трендовите на пазарот. Не барам кристална топка, синко, но не не стави во позиција да заработиме екста долар.
Требаше да одиме во друг ресторан, каде патеките во холот не се собираа на најмало движење, во ресторан недостоен за склужување на бизнис во кој големите фирми нема да го имаат главниот збор. Мои пријатели, мојот татко, мојот дедо, сите беа паралии. Јас би претпочитал некоја биртија.
Назад во канцеларијата, мојата актовка стоеше близу моето биро. Не се јавував на повици. Седев цело попладне чекајќи ја раката на Макс Батерфилд, мојот директор, да дојде да ме потапка по рамо. Ќе рече, “Стив, треба да зборуваме.” Дојде четири часот. телефоните замреа. Секретарките беа во собата за состаноци, имаа бебе журка.
По некое време, ја затворив вратата, ја отворив актовката, и го погледнав ќебето. Ја провлеков раката кон него и го наведнав вратот да го помирисам. И кренав, го спрострев и свртев кон светлото. дупките беа поголеми од вистинските шари, кои се поклопуваа на места или едноставно тука беше скапано. Ми изгледаше мало. И без да размислам почнав да го допирам и галам, и мојата канцеларија и канцелариите околу мене се урнаа.
Звук од интерфонот го крена мојот врат. Беше тоа од болницата, прашуваа дали да продолжат со третманите врз мајка ми.
Со д-р Нејлор се видовме во нејзината соба. Гледавме во неа. Очите и беа затворени, а градите и се креваа и спуштаа пополека без никаков ритам. Докторот ми ја подаде листата и ми рече да потпишам за новиот третман.
- Ќе почнеме со десет милиграми. Покажа кон квадратестото копче на нејзината морфимумска пумпа.
- Потпиша нарачка од триесет. Јас климнав. Одам сега на кафе.
- Што? прашав. Ме оставате тука? Сам?
-Можете да ја зголемите дозата.

Сите мислевме дека ќе остане така вечно. Г-ѓа Рејнолдс, сосетка, ми подаде хартиена чинија со шунка и швајцарски кифлички закачени на пластични чепкалки. Ја оставив чинијата на округлата масичка во библиотеката и отидов во дневната соба. Партнерите на татко ми, моите шефови беа закопани во уметничките книги со своите чинии со квадратеста храна, сите зборувајќи истовремено со полни усти. Макс Батерфилд, директорот, стоеше строго меѓу нив, не зборуваше, не јадеше, климнувајќи ми кога ке се начекавме со погледи. Сега сигурно дозна за Торвин и Мејс. Сотерлинг седеше до него на погребот. Ќе ми дадат една недела да бидам во жалост, а потоа ќе ми ја удрат клоцата. Ако де. нека е така.
Жените од инвестициониот клуб на мајка ми седеа на меките столици и каучи; чистачката на мајка ми плачеше сама на скалите. Грег Вајман, гордиот соственик на хокеј билетите, се прилепуваше кон кругот од партнери, за да стигне до Батерфилд. Карл Сотерлинг брцкаше едно по едно парче шунка во керамичкиот сад со благ сенф.
Покрај каминот ги видов сестрите на Батерфилд. Се препотив. Беа свртени со грбовите, зборувајќи со соседите. Ги немав видено со години. Викторија беше наједноставната од сестрите но беше необично привлечна, нешто на што во последно време се навикнав, отколку преизразената сексуална привлечност на сестра и Робин.
Робин им го препречи патот на нејзините две момчиња кои се разбркуваа низ собите, препотувајќи се од објаснување дека ова е сериозна ситуација. тогаш ме забележа. “Стив”. Округлите бразлетни строптија кога притрча, и ме гушна. “Ми беше како втора мајка.” Го помирисав Диориссимо, азалеја. “Ах, и оваа куќа”- погледна - “ми беше втор дом”.
“Е, баш така, мајка ти беше тука кога нашите се разведуваа.” Викторија се приближи од лево и јас бев меѓу двете, јазикот ми се склопчи во устата. Бев во состојба да ја скријам својата неудобност со тоа што бев преполн со јад додека зборував со сестрите за мајка ми и куќата, обземен од сеќавањата за кои бев наполно свесен; дванаесет годишната Робин како зјапа од таванот на куќата на батерфилдови, нејзината уста како прави кругчиња од парфето со банана, додека јас лежам меѓу нејзините нозе, осветлувајќи и ја вагината со извидничкото фенерче, сонувајќи за темнината внатре. Викторија беше исто така добар модел. Го правеше тоа бесплатно. Но за Робин тоа беше бизнис; благо за позирање. И баш Робин беше таа што сакав да ја гледам.
-И како е животот кај Силвермен? ме праша Викторија.
Ја ставив раката во џебот од пантолоните каде беше клучот од собата кај што го заклучив ќебето.
-мислам да разгледам други опции. Проверување вода за помали компании.
- Што? Да ја напуштиш големата фирма? рече Викторија.
- Не! Робин рече.
- Силвермен без својот Армистед?
- тато ќе биде многу разочаран.
Ги кренав рамениците. Голема фирма не значи многу. Како и да е, имам некои понуди кои се премногу добри да ги одбијам. Двете млади жени занишаа со главите инсистирајќи дека сум премногу драгоцен велејќи:
-Не смееш ни да ги разгледаш, и, исфрли ги од главата веднаш,
како да не сум бил никогаш меѓу нивните нозе, иако никогаш не сум се триел со колковите од сивиот душек за вежбање на мајка им.
Кршот во библиотеката ја примора Робин да ги смири децата. Се обвинуваа двете со машите кое е криво. Останав со Викторија, и за да ја разбијам тишината, покажав кон масата со храна.
- Никој не јади од патката.
- малку е тешка за сечење. Знаеш. Лесна храна.
Ја ценев нејзината искреност.
- Со вакво нешто само мајка ми знаеше да се справи. Знаеше како и со што да се сервира.
- Одлично си спремил.
- Никој нема да ме сака така повторно.
Не знам од кај ми дојде тоа, ама го промрморев. викторија ме фати за рака. Плачев и се стресов како кога бев мал, плачејќи во скутот на мајка ми. Но сега бев наведнат, скоро доближан, плачејќи на Викторија. Луѓето се собраа околу мене, ги ставаа рацете на мене, велејќи ми дека е во ред да плачам, да ми олесни. Погледнав преку главата на Викторија и го видов татко и како зборува со Сотерлинг и двајцата гледаа во мене. Се исправив и ги избришав очите со салфета. Бутерфилд ги стави рацете во џебови и тргна кон мене.
- Стив знам дека не е најпогоден момент за ова.
Кучкиниот син сакаше да ме откачи и тоа на погребот од мајка ми. Викторија се повлече во гужвата кон кујната. Батерфилд ми дојде близу увото.
- Ти си мојот нов директор за односи. Сакам да бидеш на деветиот кат близу мене. Извади марамче од неговиот џеб и си ги избриша очите. А потоа ги погледна штитовите над каминот во трпезаријата.
-Отсекогаш сакав некој Армистед во мојот тим.

Јас и Викторија поминувавме низ собите носејќи ги црните вреќи ѓубре и собриавме чаши и чинии. Во просторот меѓу трпезаријата и кујната се сретнавме и се бакнавме. Ја одведов горе во спалната на моите родители. Го откачи каишот од нејзиниот фустан и го фрли на подот. Потоа легна на сатенските покривки од баби ми и ги завитка рацете околу мене. И се качив и ја бакнав, нежно, длабоко, потоа силно. не можев да запрам. Не ми беше доволно. Го закопав јазикот длабоко во нејзината уста. Испушти звука како да се дави и ме истурка.
- Извини, реков. и јас останав без здив. Не сум бил подолго време со никоја.
- Не, во ред е. Само сакав да те гледам.
Ми ја тргна косата зад уши.
- Отсекогаш сум чувствувала нешто за тебе.
- Да?
Климна.
- Ти отсекогаш ја сакаше Робин.
- Не, не. Ми се допагаше и ти. Знаеше дека лажам.
- Се сеќаваш што правевме? Се почувствував засрамен и шокиран. Посакував да не го спомнеше тоа.
- Сеуште мислам на тоа.
Почнав да седрпам над неа. Ги рашири нозете. Ги затворив очите, и слика од Робин како си го лиже парфето од усните, нејзините нозе целосно раширени, ми се појави пред очиве, како и илијадници пати пред тоа. Се исправив и ги откопчав пантолоните. Викторија ги соблече своите беж гаќички до глуждови. И се качив повторно и почнав да ја бакнувам по врат, тријајќи се од неа, мирисајќи го нејзиниот парфем.
- Ммм, со што си намирисана?
- Сахара.
Но тоа не беше Сахара што јас го пожувствував. Тоа беше азалеа, Схалимар, прав, урина и пот. ќебето беше на креветот, под бедрата на Викторија. Ја завртев на геб, и еден конец се зафати околу мојот пенис.
- Не! се потргна. Не сакам така.
Главата од мојот пенис продираше во нејзиниот анус. Се обидував да запрам но упорно туркав.
- Реков престани.
Продирав во неа и пожувствував болка. колку се обидував да се одалечам од неа толку повеќе продирав . Ме истурка и ме изгреби по лице.
- Кучкин сине!
Стана од креветот и си ги собра алиШтата. Конецот од ќебето сеуште беше цврсто намоткан околу мојот пенис. Лежев и гледав како се затегнува. Толку ме болеше што и неможев да зборувам. Се обидов да го одврзам, но таму кај што едно конче остана друго се заврза. Беше како еден голем јазол околу патлакот и зацепот. Се обидов да се ослободам од мрежата. Со ќебето закачено за мене, истрчав по Викторија.
- Жал ми е, извикав по неа по скалите.
- Никогаш не сум го направил тоа со никој. Не е тоа мој фазон.
Ме погледна. мора да изгледав смешно, како да носев килт или парче ткаенина. Во бегството, го заврза својот фустан и ја држеше раката за да не и се приближам. Потоа се сопна на вратата.
Истрчав во кујната во потрага по нешто оштро да го пресечам јазолот. Еден по едне, ги пресеков сите конци околу мојот пенис со ножот се додека не останаа малку кноци кои можев да ги скинам со раце. ќебето падна. Се потпрев на работната маса, офкајќи опуштено. Потоа погледнав во ќебето, кое се беше собрало во едно парченце на подот. Го грабнав и почнав да го кинам со ножот, обидувајќи да го распарчам, како да распарчувам животно. Кога го распарчив со ножот по линолеумот, се искачив горе да се облечам и отидов по Викторија.
Возејќи го автомобилот на мајка ми, предизвикувајќи ги другите автомобили да возат побрзо, бев луд да ја најдам. Почувствував дека мора да ја најдам, дека не можам ни минута без неа. Тоа беше повеше од прошка; морав да ја имам. На раскрсницата кај Бурбранш и Спрус, ја помирисав мајка ми. И мајка и. И сите други миризби. Закочив,се завртев и го погледнав ќебето кај мене во тупаницата. “Што по ѓаволите правиш во мојот автомобил? Што по ѓаволите сакаш од мене?” Го протресив како да сакав да го удавам. Го плеснав од прозорецот, го ставив под седиштето и нагазив на гасот. насреде раскрсница завртев нагло и тргнав кон езерото.
Ја оставив колата на паркингот пред рибниот ресторан и се упатив кон плажата. На песокот, го распослав ќебето и ги раширив краевите. Најдов некои камења, полу празно шише масло, тениско топче за во вода, искината патика, и конзерва од боја за дрво. Се ставив среде ќебето и ги заврзав врвовите со врвката од патиката. Потоа ја кренав бовчата, ја префрлив преку глава, и ја фрлив. Летна право во вода и потона.
Водата се смири. Бротче се појави во хоризонтот. Месечината светеше над езерото, зраците светлина ја распаруваа темнината како жена со раширени нозе. Зад мене имаше една двојка што вечераше и пиеше во ресторанот; нејзиниот партнер ја засмејуваше. Одлучив дека треба да ја донесам Викторија тука. Ќе ја засмејувам и јас неа.
Потоа забележав лоша миризба околу мене. Најпрво на влажна волна, потоа на мочуриште, потоа на човечки фекалии. Беше насекаде; во тревата и во грмушките, во воздухот. Си ја помирисав кошулата. Беше и на мене. Почувствував како потта се тркала во бразди по мојот врат , но исто така и се искачуваше. Песочни вошки. Се избришив по вратоти се шлапнав по гради, ја растргнав кошулата и почнав да се борам сам со себе. Побрзав кон колата .
Возејќи кон домот на Викторија мирисот стануваше поизразен, ккао крв или мртво животно. Почувствував како нешто ми лази по носот. Се обидов да го издувам во марамче. Потоа почувствував нешто во увото. Се ме чешаше. Се ме печеше. Ја завртев колата за 180 степени и се вратив на езерото.
Од ресторанот луѓето заминуваа во парови, одеа дома да имаат секс, да се разбудат заедно и да читаат Тајмс. Се зануркав во плитката вода , потонувајќи во калта до коленици. Калта ми ги проголта чевлите кога се помрднав. Имаше масло кое пловеше по површината, парче дрво премачкано со боја, скапани лушпи од овошје, кондом. Се заречив дека акого најдам ќебето ке поминувам пет часа секоја недела да го чистам ѓубрево, да ги направам водиве и бреговите почисти. Би ја напуштил мојата работа, и би се посветил на прочистување на околината. Пристигнав на местото каде потона и се нурнав. Се зануркав низ отпадоци и посакав да плукнам. Повторно ги наполнив белите дробови со свеж воздух и повторно се нурнав на дното. Се отстранував, трева, корен или камен што ми се препречуваше кон дното, рацеве ми се истегнуваа, пробивајќи се низ калта. Излегов гушејќи се со празни раце.
Паднав на плажата, посакувајќи да потонам во калта и песокот засекогаш. Очиве ме печеа и солзеа. Бев жива вода и студен. Водата ми удираше во стапалата. Песокот ми ги закопа глуждовите.
Потоа пожувствував нешто. Погледнав долу. ќебето беше околу моите нозе. Го допрев влажниот, истрауматизиран материјал. Го гушнав. Како да беше смалено и истоштено. Го држев она што остана од него. Светот се замачка. Лежевме на валканата плажа долго време. Мирнотијата на водата доаѓаше и проаѓаше содоаѓањето на бродовите. Ресторанот затвори. Слушнав глас на жена, извици како избледуваат, мотор кој избледува. Една двојка водеше љубов во тревата во близина и не нагазија. Некое време во ноќта облаците ја покрија месечината. Се истегнавме едно до едно, заедно во темнината, скриени.

Превод од англиски: Љупчо Петрески

ПАЛИНДРОМ ВО АНТИСВЕТОТ - МИХАИЛ ПУХОВ

Постои хипотеза дека во антисветот, доколку тој постои, времето тече наназад. Затоа оваа минијатура, посветена ма летот на космонаутите во таква област на вселената, е напишана во палиндром - се чита и од почеток и од крајот. Секоја литературна творба е поток на информации, времето и информацијата се поврзани, и кога времето го менува знакот, текстот се појавува како во огледало, при што центарот на симетријата (зборовите “Удар. Уште еден удар”) му соодветствуваат на моментот на влегување во антисветот. Но, животот продолжува и втората половина на расказот не е едноставно превртено повторување на првиот дел, ами некаков развој на сижето.

Вселенскиот брод го јаде пространството. Забрзува. Забрзува. Се забрзува времето. Темнина. Наоколу - ѕвезди на галаксијата. Земјата е далеку одзади.
Капетанот тивко вели:
- Стасавме.
Вселенскиот брод е опкружен со сенки без форма. Напред соѕвездието е затскриено од обвивка, црна, како непродорен мрак. Навигаторот не одговара.
- Тука се. Сите десет бродови се урнале или исчезнале тука, - шепотејќи вели капетанот.
Ноќ. Пред вселенскиот брод е прозорецот во антисветот. Однекаде се појавува сјаење, темна светлина, блесок и молк на сондите и анализаторите. Темен екран. Темнина.
- Порано мислевме дека не може да се мине границата, - со потврда вели капетанот. Навигаторот одговара:
- Теоретичарите претпоставуваат нешто поинакво. Некои го докажаа тоа. Претставете си: ја минуваме бариерата. Така и ќе биде. Темнината ќе ја озари експлозија со голема сила. Магнетните и гравитационите полиња ќе се урнат и ќе се искриват. Тоа ќе се случи скоро, не треба многу да се чека. Антиматеријата, што го уништува времето, ќе го направи поинаков знак.
- Да испратиме радиосонда?
- Беспилотна сонда? Зошто? За луѓето не е опасно да се мине. - размислува на глас навигаторот. - Смртта е запирање. Движењето е живот. Нека не чекаат студ и мрак и темна темнина и ништо.
Напред е бариерата на антивремето, огледалото на антисветот, границата на вселената. Одзади е темнината.
- Можеме да пуштиме автоматска ракета. Зошто да одиме сами? - вели потоа капетанот. Малку замолче и призна: - Многу се плашам од одразот.
- Сега нема да успееме да закочиме, - остро вели навигаторот. - Напред!
И бродот се движи напред. Но, одважните ги чека нејасно и таинствено пространство, каде времето се движи наназад.
Минуваат часови, минути, секунди. Лицата се покриени со пот. Пултовите се облеани со светлина. Се се успорува. Уште една минута. Долго тресење. Удар. Уште еден удар.
Тресење.
Долгата минута продолжува. Се успорува. Сите пултови се облиени со светлина. Лицата се покриени со пот. Минуваат секунди, минути часови…
Времето се движи наназад. Каде е пространството? Таинственото и нејасното ги чека одважните. Но, бродот се движи понатаму - напред и напред.
Навигаторот остро вели:
- Да закочиме? Сега ќе успееме.
- Не ние - одразите. Се плашам. Многу, - признава, откако малку помолче капетанот. Потоа вели: - Сами да одиме. Зошто? Да пуштиме ракета, автоматска.
Темнина. Одзади - галаксијата на вселената, границата на антисветот, огледало на антивремето, бариера. Напред - ништо и темна темнина.
- И мрак и студ не чекаат. Ако. Смелите летаат понатаму. Не постои запирање без движење, и смрт без живот. Животот е движење. Запирањето е смрт, - гласно размислува навигаторот.. - Преминот не е опасен за луѓето. Зошто сонда?
- Беспилотна сонда? Да им пратиме знак на другите.
- Ќе го направи времето, уништувајќи ја антиматеријата. Треба многу да се чека - нема мошне бргу да се случи. Ќе се искриват и ќе се урнат полињата, гравитационите и магнетните сили. Голема експлозија ќе ја озари темнината. Така и ќе биде. Ја минуваме бариерата. Ние, претставете си, го докажавме тоа. Некои теоретичари претпоставуваа нешто поинакви, - одговара навигаторот.
Со потврда вели капетанот:
- Не е можно да се мине границата - ете што мислевме порано.
Темнина. Екраните се темни - се гасат и стануваат црни. Тивко е. Не светкаат ѕвезди, ами вакумот на празнината, куп густа материја. Сите индикатори светкаат.
Навигаторот вели:
- Ова е крај.
Долго молчат анализаторите и сондите, Молк. И - блесок. Светлина, темно сјаење. Се провлекува, од некаде се промолкнува антисветот во огледалото на вселенскиот брод. Напред - ноќ.
Капетанот вели со шепот:
- Тука се изгубиле или се урнале бродови десет. Сите се тука.
Но, не одговара навигаторот. Мрак, непродорен, како црна покривка, го затскрива соѕвездието напред. Форми без сенка го окружуваат вселенскиот брод.
- Стасавме, - тивко вели капетанот.
Назад - далеку - Земјата, галаксијата, ѕвездите. Околу - темнина. Времето забрзува, забрзува, забрзува.
Пространството го јаде вселенскиот брод.

Превод од руски: Емил Ниами

БОЛЕН ДОЈЧИН – МАКЕДОНСКА ЕПСКА НАРОДНА ПЕСНА

Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Глава имат колку еден казан,
Уши имат колу два таруна,
Очи имат колку два шиника.

Ми кондисал под Солуна града,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Па ми удрил белана чадара;

И ми собрал старци и попои,
Таин сакат од Солуна града,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракија,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п’ убаа нееста,
На ноќ сакат п’ една малка мома,
Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.

Сите ми се редум изредија,
Ред падна на млада Ангелина.
Ангелина Дојчинова сестра.

Ангелина Дојчинова сестра,
Дворје метит градум солзи ронит,
Со солзи ми дворје завадила.

Ја догледа брат је болен Дојчин
„Ајти тебе сестро Ангелино!
Што те тебе нужба дотерало,
Дворје метиш дробни солзи рониш?

Али ти се, сестро, здодеало,
Рамни дворје, сестро, меетејќи?
Мене болно, сестро, гледаејќи? –
Рани, болки, сестро, врзеејќи,
И понади мене готвеејќи?“

„Ајти тебе брате, Болен Дојчин!
Та не ми се мене здодеало,
Рамно дворје, брате, метеејќи,
Тебе болно, брате, гледаејќи,
Рани, болки тебе врзеејќи,
И понади тебе готвеејќи;

Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Глава имат колку еден казан,
Уши имат колу два таруна,
Очи имат колку два шиника.

Ми кондисал под Солуна града,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Па ми удрил белана чадара;

И ми собрал старци и попои,
Таин сакат од Солуна града,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракија,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п’ убаа нееста,
На ноќ сакат п’ една малка мома,
Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.

Сите ми се редум изредија,
Ред ми падна, мене ќе ме замат.“

И говорит брат је Болен Дојчин
„Ајти тебе сестро Анеглино,
Ал тоа те тебе брига нашло?

Ево имат за девет години,
Каде лежам болно на постела;
Веќе ми се коски раскостиле,
Веќе ми се меса раскапале;
Коса ми е долу до појаса,
Брада ми е до црната земја,

Ај отвори шарена ковчега,
Да изваиш триста лакти платно,
Триста лакти платно бамбакерно,
Да изврзиш рани од анџари;

И земи ми моја вита сабја;
Ево имат за девет години,
Сабја в рака не ми е фатена,
Не фатена, ни па наоточена,
Веќе ми е сабја ‘рѓосана.

Да ја носиш Умер калакчија,
Калакчија, мила побратима,
Да наточит моја вита сабја,
Да наточит сабја вересија,
Ако станам скапо ќе му платам,
Ак’ не станам, алал да ми чинит.“

Па ми стана млада Ангелина,
И ми зеде сабја ‘рѓосана,
Ми отиде дури у Умера

„Ајти тебе Умер калакчија,
Так ти Бога, ја ќе ти се мола!
Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
Болен лежит за девет години,
Веќе му се коски раскостиле,
Веќе му се меса раскапале;
Коса му е долу до појаса,
Брада му е до црната земја,
Сабја в рака не му е фатена,
Не фатена, ни па наоточена,
Веќе му е сабја ‘рѓосана.
Лели си му верна побратима,
Да му остриш сабја вересија,
Ако станит скапо ќе ти платит,
Ак’ не станит, алал да му чиниш.“

Проговори Умер калакчија
„Ајти тебе млада Ангелино,
Ангелино, сестро Дојчинова,
Чуму му е сабја наточена,
Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“

Проговара млада Ангелина
„Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Глава имат колку еден казан,
Уши имат колу два таруна,
Очи имат колку два шиника.

Ми кондисал под Солуна града,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Па ми удрил белана чадара;

И ми собрал старци и попои,
Таин сакат од Солуна града,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракија,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п’ убаа нееста,
На ноќ сакат п’ една малка мома,
Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.

Сите ми се редум изредија,
Ред ми падна, мене ќе ме замат.“

Проговори Умер калакчија
„Ајти тебе млада Ангелино!
Ангелино, сестро Дојчинова,
Ак’ ми даваш твојте црни очи,
Црни очи, морски пијавици,
Да ти острам сабја Дојчинова.“

Расплака се лична Ангелина,
Се поврати назад плачеејќи,
Плачеејќи, назад пиштеејќи;
Од далеку Ангелина викат

„Ајти тебе брате Болен Дојчин!
Не ми острит Умер калакчија,
Не ми острит сабја вересија,
Тук ми сакат мојве црни очи.“

Проговори брат је Болен Дојчин;
„Остај сабја, сестро Ангелино,
Остај сабја на бела постела,
И влези ми темни конушници,
Да изваиш моја брза коња,
Три години коња незобано,
Не глеано коња, ни чешано,
Ни па арно вода напоено,
Да ја водиш Митре Поморанче,
Налбатина, моја побратима,
Да ти коит коња вересија;
Ако станам скапо ќе му платам,
Ќе му платам жолтици дукати,
Ак’ не станам алал да ми чинит.“

Па ми стана млада Ангелина,
И ми влезе темни конушници,
Ми изваи нег’ва брза коња,
Ја однесе Митре Поморанче,
Да ми коит коња вересија

„Так ти Бога Митре Поморанче,
Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
Болен лежит за девет години,
Веќе му се коски раскостиле,
Веќе му се меса раскапале;
Коса му е долу до појаса,
Брада му е до црната земја,
Лели си му верна побратима,
Да му коеш нег’ва брза коња,
Да му коеш коња вересија,
Ако станит скапо ќе ти платит,
Ак’ не станит алал да му чиниш.“

Проговори Митре Поморанче
„Ајти тебе млада Ангелино,
Ангелино, сестро Дојчинова,
Чуму ти е коња Дојчинова,
Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“

Проговара млада Ангелина
„Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Глава имат колку еден казан,
Уши имат колу два таруна,
Очи имат колку два шиника.

Ми кондисал под Солуна града,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Па ми удрил белана чадара;

И ми собрал старци и попои,
Таин сакат од Солуна града,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракија,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п’ убаа нееста,
На ноќ сакат п’ една малка мома,
Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.

Сите ми се редум изредија,
Ред ми падна, мене ќе ме замат.“

И је велит Митре Поморанче
„Ајти тебе млада Анелино,
Ангелино, сестро Дојчинова,
Ако даваш твое бело лице,
Твое лице како јасно сонце,
Твојте веѓи, морски пијавици,
Твојте очи како црно грозје,
Да ти ковам коња Дојчинова,
Да ти ковам коња вересија.“

Па ми викна млада Ангелина,
Викна, писна, на глас да ми плачит,
Раце кршит од бели колена,
Солзи ронит по бели образи,
Од образи, шарени пазуви,
Од пазуви, шарени скутои,
Од скутои, по земја сурова.

Си поведе коња Дојчинова,
Љуто к’лнит млада Ангелина -
„Бог те убил Митре Поморјанче!
Заш не тргна сабја да м’ загубиш,
Туку мене ти ме посрамоти!“

Па си тргна дома си отиде,
И му кажвит брату си Дојчину

„Ајти тебе брате болен Дојчин!
Што ми стори голема срамота,
Со твојата верна побратима,
Што јадефте, брате, што пиефте,
Што одефте в гори на лоење;
Кога реков за твојата коња,
Да ја коит, брате, вересија,
Што ми рече Митре Поморанче,
Ако даиш твое бело лице,
Ќе ти коам коња вересија.“

И се фрли јунак Болен Дојчин,
И се фрли на нога јуначка
„Ајти тебе сестро Ангелино!
Страф да немаш, сестро, страм да немаш!
Ја отиди Плетикоса Павле,
Берберина, моја побратима,

Ево имат за девет години,
Каде лежам болно на постела;
Веќе ми се коски раскостиле,
Веќе ми се меса раскапале;
Коса ми е долу до појаса,
Брада ми е до црната земја,
Да ми стрижит коса вересија,
Да ми стрижит, брада да ми бричит.“

Па ми стана млада Ангелина,
Ми отиди Плетикоса Павле
„Ајти тебе Плетикоса Павле
Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
Болен лежит до девет години;
Веќе му се коски раскостиле,
Веќе му се меса раскапале;
Коса му е долу до појаса,
Брада му е до црната земја,
Лели си му верна побратима,
Да му стрижиш коса вересија,
Да му стрижеш, брада да му бричиш,
Ако станит скапо ќе ти платит,
Ак’ не станит алал да му чиниш.“

Проговори Плетикоса Павле
„Ајти тебе млада Ангелино,
Ангелино, сестро Дојчинова,
Чуму му је коса острижена,
Чуму му је брада обричена,
Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“

Проговара млада Ангелина
„Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Глава имат колку еден казан,
Уши имат колу два таруна,
Очи имат колку два шиника.

Ми кондисал под Солуна града,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Ми удрила белана чадара;

И ми собра старци и попои,
Таин сакат од Солуна града,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракија,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п’ убаа нееста,
На ноќ сакат п’ една малка мома,
Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.

Сите ми се редум изредија,
Ред ми падна, мене ќе ме замат.“

Тогаш велит Плетикоса Павле
„Ајти тебе млада Ангелино,
Ангелино сестро Дојчинова,
Ал ми даваш твоја тонка става;
Става имаш како морска трска;
Да ти стрижам коса Дојчинова,
Да ти стрижам, па и да ти бричам.“

Се поврна млада Ангелина,
Си отиде во рамно дворои
„Ајти тебе брате Болен Дојчин!
Не си имал верни побратими,
Туку биле Турци неверници!
Ми посака тонката ми става.“

„Ајти тебе сестро Ангелино!
Убило ‘и мојте побратими,
Убило ‘и јадење пиење!

Ево имат за девет години,
Каде лежам болно на постела;
Веќе ми се коски раскостиле,
Веќе ми се меса раскапале;
Коса ми е долу до појаса,
Брада ми е до црната земја,

Ја отвори шарена ковчега,
Па извади триста лакти платно,
Триста лакти платно бамбакерно,
Да изврзеш рани од анџари,
Да престегнеш моја половина,
Да собереш коски раскостени,

Па подај ми моја боздогана,
Боздогана, моја вита сабја,
Доведи ми моја брза коња.“

Извади му млада Ангелина
Триста лакти платно бамбакерно,
Изврза му рани од анџари
Престегна му коски раскостени,
Рипна Дојчин на нога јуначка,
Си опаса сабја ‘рѓосана,
Па ми вјана коња некована,
Си ја грабна тешка боздогана,
Право одит под града Солуна,
Право одит на бела чадара,
Право одит црна Арапина,
Пиштит, викат колку глас го држит

„Ја излези црна Арапино!
Ја излези гламјо опалена!
Ја излези да се обидеме!
Та да видиш јунак од јунака!“

Си излезе црна Арапина,
Туку врескат како некој аждер
„Чекај Дојчин, жолта восочино!
Чекај моја тешка боздогана,
Малу тежит, седумдесет ока.“

Арап фрли тешка боздогана,
Ја пречека Дојчин во десница.

„Чекај, чекај црна Арапино,
Црн Арапин, гламјо опалена,
Чекај моја тешка боздогана,
Малу тежит тристотини ока.“

Фрли Дојчин тешка боздогана,
Го погоди меѓу двете очи,
Се откина глава Арапова.

Рипна Дојчин од брзаго коња,
Глаа кладе на коња пред себе,
И ми тргна во града Солуна.

Врвит Дојчин по среде Солуна,
Што го виде се’ ми се зачуди –
„Што ќе биде ова чудно чудо,
Овој јунак, како суво дрво,
Лице имат, како восок жолто,
Што ми стори голема умера!
Јунак било, јунак ќе да бидит!
Не му требат цркви манастири,
Да и’ праит, добро да им чинит!“

Ми помина по среде чаршија,
Право појде Умер калакчија
„Ајти тебе Умер калакчија!
Сум те имал верна побратима,
Ти ја пратив сестра Ангелина
Да наточиш моја вита сабја,
Да наточиш сабја вересија,
Ако станам скапо да ти платам,
Ак’ не станам алал да ми чиниш.

Ајти тебе Умер калчкија,
Не си било верна побратима,
Не наточи моја вита сабја,
Не наточи сабја вересија,
Тук посака сестрините очи.

Ајти тебе Умер калчкија,
Сум станало скапо да ти платам,
Да ти платам твоја вересија“

Рипна Дојчин од брзаго коња,
Па ми тргна сабја дипленица,
Му ја зеде неговата глава.

И појде при Митре Поморанче
„Ајти тебе Митре Поморанче,
Поморанче, верна побратима,
Што те имав кај мои црни очи,
Ти ја пратив сестра Ангелина
Да ми коеш моја брза коња,
Да ми коеш коња вересија,
Ако станам скапо да ти платам,
Ак’ не станам алал да ми чиниш.

Ајти тебе Митре Поморанче,
Не си било верна побратима,
Не окое моја брза коња,
Не окое коња вересија,
Тук посака сестриното лице.

Ајти тебе Митре Поморанче,
Што је ова голема срамота,
Што ми стори на мојата сестра!

Ајти тебе Митре Поморанче,
Сум станало скапо да ти платам,
Да ти платам твоја вересија“

Рипна Дојчин од брзаго коња,
Па ми тргна сабја дипленица,
Му ја зеде и негоа глава.

И појде при Плетикоса Павле
„Ајти тебе Плетикоса Павле,
Сум те имал верна побратима,
Ти ја пратив сестра Ангелина
Да острижеш коса до појаса,
Да обричеш брада вересија,
Ако станам скапо да ти платам,
Ак’ не станам алал да ми чиниш.

Ајти тебе Плетикоса Павле,
Не си било верна побратима,
Не остриже коса до појаса,
Не обриче брада вересија,
Тук посака сестрината става.

Ајти тебе Плетикоса Павле,
Сум станало скапо да ти платам,
Да ти платам твоја вересија“

Рипна Дојчин од брзаго коња,
Па ми тргна сабја дипленица,
Му ја зеде и негоа глава.

Вјана Дојчин коња некована,
Отплатило таин на Арапа,
Отплатило верни побратими,
Отплатило скапа вересија,
Дома одит, од далеку викат
„Ангелино, моја мила сестро,
Отвори ми наши вити порти,
Постели ми шарена одаја,
И барај ми свешти и ламбади,
Доведи ми попој законици,
Што сакаше, сестро, се’ ти свршив,
Ќе се делит душа од снагава.

Да не жалиш, сестро, да не плачиш,
Тук да земеш свирци, дабоани,
Та да сториш голема донамба.“

И ми стана сестра Ангелина,
Ми отвори нивни вити порти,
Уплашена, мошне устрашена;
Кога виде глава од Арапа,
Го прегрна млада Ангелина,
Го однесе в шарена одаја,
Колку легна на мека постела,
Дури сестра свешта му запали,
Даде душа брат је Болен Дојчин.

Се собраје старци и попои,
Ми кладое свирци дабоани
Што ми бие три дни и три ноќи.

УЧТИВОТО ЗАЈЧЕ – МЕКСИКАНСКА НАРОДНА ПРИКАЗНА

Си било некое зајче кое било многу скромно и учтиво. Еднаш, откако се најало зелка од селската градина, си тргнало кон дома, но по пат ја видело лисицата. Таа се враќала во шумата. Таа не успеала да украде кокошка од дворот на селаните и била многу лута и гладна. На зајачето му запрело срцето. Треба да се бега! Но, каде? И така, зајчето скокнало во пештерата. Тоа не знаело дека таму го чека друга закана зашто во пештерата се населила змијата. Сепак, зајакот бил воспитан и знаел дека не смее да влегува во туѓ дом без дозвола на домаќинот. “Треба да се поздравам, - си помисло тоа, - но со кого? Па, се разбира, со пештерата!”
Си седнало тоа на задните ноџиња и учтиво рекло:
- Добар ден, добра пештеро! Дозволете ми да влезам!
Змијата многу се израдувала кога го слушнала гласот на зајчето.
- Влези, влези! - му рекла таа, сакајќи да го залаже.
Но, зајачето по гласот многу добро знаело со кого си има работа.
- Извинете што ве обеспокоив, - рекло тоа. - Јас сосема заборавив дека ме чека зајчицата! До гледање! - и почнало да скока и да бега.
Кога дошло дома, во својата дупка, зајачето се присетило дека учтивоста никому му нема нанесено штета.
Змијата, пак, се склопчила и промрморела:
- Подобро да не му одговорев! Ах, тие учтиви зајчиња!

Превод од шпански: Емил Ниами

СЛЕКУВАЊЕТО НА ЕНА – ЈОВАН КОТЕСКИ

Катец гола сé до пола и од пола,
очна белка жедно црнка што ја пие,
сребрен бран в нежна дланка низ млаз што лие
- два зрака ко сјајни лака в жолта смола.

Едниот е гулаб – сонце што го прати
низ урвишта чудно скудни, болно зрачни,
другиот е росен славеј в преѓи драчни
нежен столб што делка месец кој се злати.

Од подвижен мермер градба сé во блесок
сјае – зјае, шумно снопје, ломна снага,
белегија, брс од бои, лажна дага,
морничава скокотливост, жешка песок.

Сета ѕурки и шабурки стракој дели,
се допира, се опира, мазни, трепне,
како искра наковално кога клепне
во дамари гледаш грешни кај се сели.

ВРЕМЕНСКА СПИРАЛА - СЕРГЕЈ ЛУКЈАНЕНКО

Временската спирала беше собрана во вторник, доцна навечер. Беше мошне убава - сета од син, полупрозрачен облак, со две црвени оганчиња што се нишаа внатре. И не беше многу голема - во шака може да се стисне.
Семјон Иванович уште еднаш ја погледна спиралата, ја погледна нејзината светлина - да не има пукнатина во времето? - потоа ја остави на страна. Со чудење забележа како му се тресат рацете - од грижа ли, од старост ли. Поседе малку, веќе беше се решил да свари чај, но одеднаш се премисли и ја зеде спиралата в раце. Добра е. Ако убаво се загледа човек, на едниот крај од спиралата може да види како рунатави, меки мамути се судруваат со исто такви влакнести, но поитри неандерталци. А, на другиот крај кристално блескаа покривите на невидени дворци, млади и убави луѓе, кои се наведнуваат над умните книги…
Возидвнувајќи, Семјон Иванович почна да ги меша оганчињата на временската спирала. Управувањето беше сосема упростено: доволно беше да се прилагоди сегашното време со посакуваното време за спиралата да проработи.
Но пред да се спојат оганчињата, Семјон Иванович запре за момент. Се чинеше дека се колеба.
Погледна во плафонот и промрморе:
- Те предупредив.
Плафонот молчеше, па Семјон Иванович поцврсто доврши:
- Не, штом е решено, тогаш така мора и да биде!
Крадешкум гледајќи околу себе, небаре во собата може да има уште некој, тој од кутијата со алати зеде грст ситни клинци и ги стави в џеб. А, потоа со показалците ги спои двете оганчиња во едно.
Светот се затресе, заискре со црвен облак. Од масата исчезнаа приборите, на местото на телевизорот се најде старо радио, моерниот фински кревет се претвори во железен, панцирен. Од зад полуотворената врата се слушна пискав глас:
- Прохор Кузмич, а Прохор Кузмич! Семка повторно кај будалетинката на состанок тргна! Како не му е жал за парите, па такви по кино да ги носи!
Очите на Семјон Иванович блеснаа. Ете ја, неговата младост! Родниот комунален стам, осамената младост, кога се уште не можеше да биде свој. Ете го изворот на сите негови конструкторски напори!
Не мораше да чека многу. Кога и соседот и сосетката излегоа од кујната на минута, тој пргаво се мушна таму. Со сласт, која е тешко да се опише со зборови, се приближи до шпоретот и во супата на Прохор Кузмич ги истури собраните клинци.
Се помисли, па во компотот на сосетката додаде половина пакетче сол. Потоа ја зеде спиралара и ги врати оганчињата на своето место.
…Веќе еден час Семјон Иванович спиеше мирно во својот модерен фински кревет од темно неполирано срво. Од време на време во сон повторуваше:
- Ти велев да го исклучуваш светлото кога излегуваш или и по триесет години ќе те најдам…
А, заборавената временска спирала дремеше на аголот од масата. На едниот крај титкаше земјата под нозете на мамутите и на неандерталците. На другиот… Ех, да може да се знае кој е таму, под кристалните куполи на невидените дворци, во тоа далечно и прекрасно утре…

Превод од руски: Емил Ниами

СЕЧИЛО - ЕН СЕКСТОН

Што да правам со сечилово?
Цветна градина?
Да го шибнам во месечината?
Да си ги избричам нозете со него?
Да уловам златна рипка?
Не. Не.

Го направив
на сон,
за тебе.
Очиве ми беа затворени.
Бев фетално заоблена,
а имав сечило
посебно направено за твојот стомак.
Папокот ја кажува гатанката.
Цревата се превиткуваат како планински патишта.
Беше создаден да влезе во тебе
како што ти влезе во мене
и да ја извади твојата закопана срцевина,
да ја извади лажицата со која ме наколка,
да ја извади птицата која рече еби се,
да го изделка во скулптура додека е бел
и да го ставам на полица,
предмет мртов како камен,
но со сите вибрации
на распетие.


Препев од англиски: Љупчо Петрески

ЦРТЕЖИ – ЈЕВГЕНИЈ ИВАНОВИЧ ЗАМЈАТИН

Отидов кај еден пријател да побарам пари на заем. Ни тој не е дома, ни жена му: во дневната ме пречека детнце – чистичко така.
- Почекајте малку: тато – мама сега ќе дојдат.
И за да не ми биде здодено, момченцето почна да ми покажува цртежи.
- А, што е ова?
- Волк, – му одговарам.
- Така е, волк. Знаете волкот не јаде тревичка, ами овчички…
И така почна да ми ги објаснува сите цртежи ми се слоши до смрт – преку глава. Ми покажа петел.
- Што е ова? – ме прашува.
- Тоа? Куќа, - му велам.
Ги ококори момчето очите, занеме. Но се снајде и ми покажа вистинска куќа.
- А, ова што е?
- Е, тоа е брезов венец.
Се насмевна внимателно момченцето и почба да ну докажува: куќата не колве зрна, а петелот колве, во петел не може да се живее, а во куќа може, венецот нема врата, а петелот…
- Знаеш што, - му реков, - мило момче, ако во моментов не ми се тргнеш ќе те исфрлам низ врата.
Ме погледна момчето во очи и виде – навистина ќе го исфрлам. Почна да плаче и отиде на баба си да и се жали.
Дојде бабата во дневната и почна да ме кара:
- Како не ви е срам, млад човеку? Зошто така му направивте на милото момче? Тоа вистината ви ја кажувало.
1916
Превод од руски: Емил Ниами

ЗАФИР УТ - СЛАВКО ЈАНЕВСКИ (ФРАГМЕНТ ОД РОМАНОТ “ЧУДОТВОРЦИ”)

Во близина на некоја река западно од Кукулино што невратно се стреми со поројна сила да се најде на она место на кое ќе стаса дури и со бавност на инсект, виден е необичен камен, до крајна мера измазнет и валчест како јајце. Од него можеби ќе се изведе животно од стари преданија: остри личунки на грбот, око на чело, нозе продолжени во живи и жилави ластари. Доколку еднаш во десет столетија, некоја река ќе го измени текот, на местото на кое се префрлила само за делче од ноќта, ќе остави таков камен. Барај, ќе го најдеш. Всушност, има секакви толкувања. Едно од нив е дека валчестиот облик е ларва на џиновски поткорник или тврдокрилец, пред чија челуст бегаат и човек и ѕвер. Проклетството ни со умните не се разминува, зашто згреши ли некој и го земе ли како зглавје, каменото јајце ќе му ја исмука топлината. Несреќниот потоа ќе е труп со душа. Според стари верувања, каменото јајце носи несреќа дури и кога некој ќе го допре само со рака, по што следат секакви непријатности: пченицата ќе му ја позобаат коњи вампири, овците преку ноќ ќе ги соголат до коски црви, во каците со вино ќе се намножат смртоносни габички. Кон тоа уште стотина тегоби.
Со малите радости и неостварени надежи, и преданијата станувале човечка судбина, нејзино тајно крвотечение. Преданијата биле и утеха и здеглавје на секоја заедница, сеедно дали некој ќе ја нарекол племе, народ или толпа на сонувачи.
Петмината натрапници што господареле со Еремија Сидор, го гонеле од татковата софра неговиот постар син Зафир Ут. И тој бил извртен како старецот, дури и повеќе. Немал никаков допир со врсниците, се плашел и од помладите, Нешто чудно се случувало под покривот на најбогатата куќа во Кукулино: се шекнал таткото, не останал зад него ни синот, постариот, Зафир Ут. Меѓутоа, натрапниците, велмошки бабуњосани од туѓа пијачка, и не се обидувале да го поврзат Зафировиот живот со каменото јајце, иако тој, доколку некој ќе го натерал, ќе откриел чуден настан за кој можело да се претпостави дека му се присенил, настан за кој понекогаш и поголем мајстор на раскажување не ќе можел да најде вистински зборови.
Зафир Ут немал повеќе од девет години кога нашол во сура суводолица големо и нескршливо јајце, под него испукана земја со скудни тревки, над него жолто небо, сурнак низ кој се просејува сончев прав. Јајцето, со розови жили и овде онде со по некоја дамка, пулсирало: допреш ли уво до неговата валчестост, се слуша шум и бавно отчукување на живо срце. Изненаден од совршениот облик на своето откритие, тој се обидел да го однесе од тоа место, да го дотркала до својата куќа. Попусто се мачел, бил мал и слаб. Возбуден од откритието, се вратил во селото и им раскажал на врсниците дека на тоа и тоа место, недалеку од Модра Спила, непозната птица оставила исполинско јајце, еден лакот, и уште еден, и пак уште еден во должина. Потоа открил дека е без чувство за болка и не плачел кога го намердале, зашто во суводолицата не нашле такво јајце, според описот толку големо што од него можела да се изведе змија долга дванаесет до тринаесет чекори или исто толку долг гуштер или птица што ќе можела да поклопи со крилја куќа. На тие што го мердале им ги заборавил имињата, најпосле тоа и не биле некои имиња за паметење - Коле Делев, Невен Цапко, Кирил Десовски, Џоџо Фаци, можеби и Дано Бучка, кој од кого побезначаен, со мала разлика што првиот умеел да пее со женски глас но така како да гребе со нешто по стакло, од што и козите се морничавеле.
Тој син на Еремија Сидор, во детството неизмерно гален од мајка му, раснел некако накосо, чиниш левиот дел на телото од половината нагоре му била од олово и го влечела секогаш на една страна. Пелтечел, малкумина разбирале што меле, а мелел такво брашно што и не вредело човек да се помачи и да го разбере. Сепак, уште од мал малку зборувал и малку му зборувале. Раснел, ларвената обвивка на детството ја оставил зад себе и се нашол пред загатка што со помош на трпелив граматик, ќе можела да се сведе на следното: големиот разум на вселената (или на Кукулико, сеедно) е составен од мозочните клетки на секој жив човек. Од загатката ќе произлегло прашање: како тоа тогаш едно такво единство да создава толку недоразбирања во селото, во куќите, во секој човек?
Никој, ни татко му Еремија Сидор, не знаел од каков пат скршнал кога, веќе без мајка, стапил со три чекори во третата деценија и каков бил пред тоа.
Каков?
Смешен и тажен и ваков некаков: џиновски расчекор на две оддалечени временски стапалки, помеѓу нив зрела калинка од сипаници на лицето, модринки заради изгубена овца, сомнабулно момчештво, невесела свадба, сватовски и соседски подбиви, соништа појасни отколку животот. И секакви тегоби, несовладливи и затоа плодни: котеле она што биле и самите - мали и големи зла. За него можело мошне тажно да се пее, не како што пеел Коле Делев, танко, женски, туку од срце, со глас од кој ќе затреперел и најкорав стробјак, а стробјак бил Невен Цапко но мразел пеење исто како и Џоџо Фаци, две педи помал од него, а не пеел ни Кирил Десовски, му стврднал јазикот од земја што во детството ја посолувал со песок и ја ивакал. Никој не знаел зошто, но Зафир Ут се плашел и од својата домаќинка Нева здрава женичка по која и камен ќе воздивнел. Повеќе ноќи на заедничкиот живот со неа тој преспал по плевни и стаи.
Дење, иако ретко, косел или жнеел подолго отколку што било нужно, очигледно настојувал да е подалеку од дома. ?екорел осамен по свои врвици. Ја пребарувал суводолицата во која во детството го нашол каменото јајце, еден лакот, и уште еден, и пак уште еден во должина. Одел и подалеку, до некое замислено море, рудина оградена со камен и без капка вода на која напролет цутела кандилка, а наесен, слични на нежни плодови, болскале на згрчени смреки дождовни капки. Го прегазувал тоа непостоечко море, пред него бегале жолти и црвени и сини риби и се криеле водоземни ветроштини меѓу потонати кораби. Но, никогаш не зачекорил по сокаците на бучливиот град јужно од Кукулино, уриван и обновуван, со многу лица и со секаков морал, со домородници и со дојденци од пет страни. Не го привлекувале грчките караѓози во шарени облеки, латинските проповедници, по некој со кус меч под мантијата, малоазиските занаетчии, трговците Евреи, верските занесеници, меѓу кои имал пријатели само еден од селото, Трпе Бабушко, со мило лице на заспана ласица или на слично животинче - стоболка, од чие сало сварено во ракија тој лекувал три болештини -заушки, подуен мев и тага по умрените, дури го излекувал и кивавичавиот Добромир Ански од модринки кога ќе го натепале снаите со помош на брат му Неделко Ански, помлад но посилен, потоа во покајание да оди и да се дави во мочуриштето и да се откажува од намерата, не поднесувал вода во која се множат полноглавци.
Во долгите зимски вечери, на постариот Сидоров син му било најтешко, доколку малите и големите тешкотии можел да ги споредува. Немал пријатели да поседи со нив крај огниште, да се напие, да се развесели. Ни на роднините, сите подалечни, не им се доближувал. Дури и да го сторел тоа, тие ќе нашле начин да го избегнат. Понекогаш се чувствувал како жив мртовец во куќата на недоизумреното семејство Сидоровци, со влез свртен кон гробиштата и со тесни прозорци, западните загледани во каллива кочина, источните затворени со плевна. Од старите ѕидови на таа куќа понекогаш се слушало отчукување, звук што некои подоцна ќе го наречат мртовечки часовник. Кукулино не знаело дека тоа тик-так произлегува од свадбен ритуал на невидливи бубачки. Зафир Ут со занес му се предавал на тоа претскажување на смртта. Отчукувањето го слушал само тој. Еремија Сидор оглувнувал, жената и помалиот брат Филип Близнак секогаш биле зафатени со нешто: таа, Нева, ткаела, готвела, перела во издлабено стебло и сонувала вистински маж, тој, Филип, се грижел за добитокот, за овците, за нивите, повеќето необработени: секој имал свое парче земја, луѓето се поретко се прифаќале за наполичари.
Навистина, Зафировите зими биле долги - јаже спуштено во 'рвеник без дно, на неговата јамка се прпелка тој.
Отчукувањето на мртовечкиот часовник кошмарно се враќало во свеста, како ехо на вчерашно ехо. Тој умирал, срцето гниело во него. Само мртов сфаќал што е тоа среќа: упокоен е, им нанесува болка на оние што го измачувале жив и ја поткопувале земјата под неговите нозе, го отфрлале.
Мртов! И пак понекогаш со чувство на страв, тогаш кога на гради му седела мачка и, предејќи, шепотела со гласот на Нева зборови на некој одминат или несоздаден јазик, но тој неја сфаќал смислата, само со некое непознато сетило чувствувал прекори или нешто слично.
И мртов умирал.
А имало и поинакви ноќи. Место мачка, на неговите малку длабнати гради седел Еремија Сидор. Го мерел со здравото лево око и не зборувал, само предел со два гласа, ф и р, се намалувал, окото покриено со бела павлака му бабрело, се ширело, го затворало темниот простор на одајата. Обидувајќи се да го стресе од себе човечецот со глас на стар мачор или, пред тоа, да ја отфрли мачката што шепотела нејасни слогови, Зафир Ут минувал од смрт во живот, од мора во кошмар. На стебликите на стравот се отворале пупки на одбивност кон Нева и кон Еремија Сидор. Се исправал од сламарник и одел да седи на прагот на надворешната врата, слепо загледан во гробиштата под неподвижна синкава магла, чиниш небото ги покрило со своја кожа расфрлените крстови. Не чувствувал студ. Седел и само седел, потоа се враќал и ги држел дланките врз неистинатиот пепел во огништето.
Времето на мртовечкиот часовник од секаде го демнело. Како да не можел да дише без тој звук со стотици еха во неговата крв што бездруго произлегувало од опаките чинки на Сирма Мајска. Напати, штом веќе отчукувањето го следело го слушал звукот во мочуриштето и во црногорицата. Околу него се се менело, не и тој, освен напролет, онаа брза и куса што може да почне и во март и во мај. Тоа време го успокојувало. Во март бадемот бело пукал, во април крцкала од сок кората на јасенот, во мај околу жолто отворениот седум на карпите брчеле бумбари. Им се придружувал на звуците и, каде и да ќе се нашол, лежел на лакот и пеел детски песни или танцувал околу стар даб со тромавост на мечок припитомен од Цигани,оние со православни празници и обичаи но со исламска лесно прифатена вера, со надеж дека не ќе бидат гонети како скитници и измамници.
Како оној, нели, од пред една година или од порано, оној што му побарал коњ побрзо да му донесе секакви чуда дванаесет штурчиња спрегнати во кола од обработени речни школки, еж исправен на задни нозе што собира во торбуле малини и лешници, самовила од меко сребро, пее и лета. Куќата останала без коњ, тој без своите играчки. Потоа веќе на ништо не се сеќавал, ни на лицето со многу лузни и темни крадечки очи, две капки врел катран, ни на чудното циганско име - Тутифан.
Мал по раст, на него се се наголемило; стапалките, дланките, главата. Вилицата му се издолжувала, долните заби ги преклопувале горните.
Зафир - добро. Но зошто Ут? Веројатно заради некоја сличност со таа птица: умеел да се огласува со нејзин повик, освен тоа повремено му се враќало во сеќавањето дека еднаш бил покриен со пердуви што го варделе од пек и од студ и дека летал, без презир кон земјата под себе но и без голема љубов за она што е на неа, бескрајно проклета штом ги држела, ги хранела и ги поела со туго вино неговите врсници Коле Делев, Невен Цапко, Дано Бучка, Кирил Десовски и Џоцо Фаци. Од нив, кога ќе се натрескале, се живо пропиштувало. И се мртво. Од пат им се тргале и призраците. Зафир Ут не им стоел на пат. Ни тие на неговиот. Не се сретнувале. Не биле во заемна љубов, не се ни мразеле.
Бавен во многу нешта, во мисла и во збор, одел шантраво и недооблечен под дожд и под снег, секогаш накривен: срцето, стежнато од јад, го влечело на една страна. Срце, мртов мал ут во кафез на ребра! Сеедно, тој мислел кога можел да мисли дека и без срце ќе бил жив, штом веќе умирал со него. Со насмевка, каква што можеле да ја имаат кучињата кога тие ќе им фрлале на луѓето по некое ковче, се движел по жолти омарнини или низ магли и виулици, без страв од дивина, од вештици со двоен ред горни заби, од јамки на ѓаволски опашки обесени на гранки. Во Кукулино не знаеле како се одржува здрав и со што се храни кога е далеку од дома. Не ја проверувале неверојатноста дека пие змијски јајца, верувале во неа. Потоа помалку чекорел зад рало и меѓу откоси, Преспивал насекаде, во копа сено, во секогаш отворената воденица, пред портите на манастирот Свети Никита. Ноќе му биле отворени сите плевни и сите стаи. Не забележувале кога ќе застанел пред олтар: пиел масло од кандила, цвакал свеќи. Старците во раса не го гоштевале, самите си ги пребројувале залаците. Дарежливи биле само со молитви. Зафир Ут се разделувал од нив без ракување и без зборови и бил среќен што нивните сенки го испраќаат до оној негов даб, да потскокнуваат со него околу стеблото до последното огласување на сојките.
Сенки, човечки копии со своја душа, тивки минувачи преку песочини и скрки, чесни сопатници.
Така е. Тие сенки му биле поблиски од луѓето, му останале верни. И тој им бил верен. Секогаш. Заедно, тие претставувале дружина, семејство, таинствено единство.
Во големиот миг кога тоа го узнал, ги кренал рацете кон небото и ги разбуричкал облаците со прсти. Над него зинал самиот пекол. Зататнело. Бувнал силен дожд, летен и топол, благ под јазик. Му ги измил очите. Не се засолнил под стеблакот на својот даб. Останал да стои. На исток се протегале молскавици. А и од земја гргала вода. Рамно во него. Го пречистувала. Му ги измивала сите сеќавања. Пред нозе му се скротувале громови, ползеле покорно, слични на змии опијанети од чад на темјан, се заплеткувале, се свивале во клопче, можеле да пуштаат нокти и да го бранат од зло, а тој стоел сам, голем, непознат. Името можело да му е Вселена, обновување. Немал свој бог, самиот бил тоа. И немал татко и немал жена, и немал брат. Околу него, до бескрај, немало никого. Тој бил се, и бил Свет, зашто бил сам, без чувство на осаменост, далеку од селото во кое еднаш месечно, под полна месечина, сите биле чудотворци, најмногу бајачката Сирма Мајска, кога, како некогаш, во намера да и ги посвојат децата, кој знае од чие семе, за да не стане чедоморка, се спуштала во плиток и празен бунар и од мрак со чинки казнувала или наградувала кого сака: на вечниот селски кум Трпе Бабушко тогаш му се случувало - надолж наполу да е испотен, наполу кожата да му се покрива со првут, на Митре Манчев и на Митре Славиче да им се замрсат врвиците и да си ги изменат куќите, секој да преспие крај жената на другиот, на Смиле Дарданко под кожа поткорници да му остават ларви. Можеби под нејзини чинки биле и сенките што се влечеле покорно по Зафир Ут.
Манастирските отци не забележувале дека сенките им се губат повремено. Еден од нив, најучениот, човек со знаење на писмо и јазици, по секој обед, обично посен, повторувал дека таквите како Зафир Ут стануваат кесари но не го фрлаат во оган вековниот човечки разум, како што се случило еднаш во Рим. Може да се претпостави дека манастирскиот старејшина со име Георги мислел на Августовата библиотека спепелена во пожарот на Вечниот Град, пламнат од оган на Нерон, кога тој, со лира в раце, ја испеал песната Пеколот е мој вечен дом. Иако не знаеле за што зборува најстариот, калуѓерите му одобрувале со глава - огнот е чистилиште низ кое секоја душа ќе мине.
Една по друга, сенките кришум им се враќале.