пятница, 1 февраля 2008 г.

ПЕЧУРКИНА РАБОТА – СЕРГЕЈ ГРИШУНИН

Печуркарот Микеев одел по шумата во кабаница, заканувачки мавтајќи во водухот со остриот нож за печурки. Наоколу свирел птици, а клукајдрвецот чукал небаре е куршум. Микеев незадоволно се муртел, но да речеме дека тој бил сосема нормално расположен. Имал среќа, а печурките како да трчале кон него. Оние што не му се допаѓале тој едноставно ги шутнувал со нога. Микеев излегол на полјаната и свикал од восхит: Ооооо!, така што неколку парчиња кора од дрво која била излупена паднале од стеблото и полека се пуштиле врз портокаловата капка со мрежа за вентилација. Тој го исчистил ѓубрето и почнал да оди околу огромниот вргањ кој бил голем колку половина човек. Ете ти среќа! Микеев, без мислење ги фрлил собраните печурки, му се приближил на огромниот вргањ и го фатил со двете раце неговото стебло, па почнал да го ниша небаре игра некој тажен танц. На крајот тресејќи с# покусо, печурката се откорнала, па Микеев седнал на земја гушкајќи го својот плен. Тој ја одвлечкал печурката кон колата и бришејќи си го челото од пот, решил да се освежи со една конзерва пиво. Откако го нашол пивото под седиштето, тој излегол од колата и останал подзинат. Пената од конзервата се леела по неговите чевли. Десно од него, на багажникот, си седела печурката, чистејќи си ја единствената ног од шумското ѓубре. Откако го истресол од себе и последното парче пилевина, вргањот ја погледнал својата чиста нога, зел од земја една деланка, па со неа си го пресекол вратот, та му паднала месестата глава и запеал со груб и силен глас:
Држи се, мувло, сестро,
удри со тресок мову стар.
Белата печурка забла и весела
станува сега, ох!
Бела заблеста печурка? - се зачудил Микеев, а печурката пеела ли пеела на сет глас:
Паѓајте, паѓајте,
дождови мои, вие, дождови мои!
Тогаш вргањот престанал да пее и го запрашал вчудовидениот Микеев:
-Што се случило, едноноги?
-Од кај, пак, јас едноног? - не издржал Микеев и со злоба посегнал по ножот во џебот. Тргнал тој кон печурката, но во тој момент се затетеравил, а од долу се слушнало некакво крцкање. Тој ја наведнал главата и видел дека навистина има само една нога, тој станал печурка!
-Е, па здраво и голем да растеш - му замавнал за збогум со шапката вргањот, -Ме чекаат моите другарки, лисичарки, - и заминал кон шумата.
А, печурката Микеев останал да стои таму и да го гледа светот со поинакви очи. Тој и сега е таму. Ако сакате и ако ви е интересно можете да одите во шумата и да го видите.

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: