пятница, 1 февраля 2008 г.

ЖЕНА ИЛИ КУР – МЕТЈУ СТАДЛЕР (ФРАГМЕНТ ОД РОМАНОТ “АЛЕН СТАЈН”)

Почесто бев заљубен во жени отколку во мажи, мислам дека тоа е поради фактот што тие се поврзани со момчињата на начин на кој мажите не можат да се поврзат. Херберт се жали дека не сум вистински хомосексуалец, бидејќи она што мене ме привлекува е предавство, и има право, но сепак не се чувствувам како бисексуалец или нешто такво, подеднакво глупаво. Еднаш ми рече дека јас сум всушност стрејт, а момчето за мене, е само жена со кур. “Гледаш на момчето како на жена со кур,” се збуни една вечер дома гледајќи слајдови. “И мислиш, ах, Боже, жена со убав, голем кур, најсовршеното суштество што можеш да го замислиш.” Херберт ме нервира бидејќи оваа несериозност ме удира во глава и дури и да имаше право, што беше случај со оваа идеја. Немаше право, се разбира, но колабираната слика ме примора против мојата волја, да размислам дека вистината е фрлена тука некаде. Жена со кур ме плаши, но жена со син е магично. Многу пати сум го посакал тоа што хербертовото обвинување ми одѕвонува в уши. Не само што убавиот кур е таму во центарот со мајката до него да се восхитува, но и момчешкото вообичаено претворање во брутално, грдо мажиште е и за неа одвратно. И додека мајката го држи, тој останува момче. Нивната врска е доволна. Таа го сака, а нему му се допаѓа тоа нејзино сакање. Би сакал да се вмешам во ова, да го сакам заедно со неа, или да ја сакам неа зашто го сака него, или да го сакам него како неа, или најубаво, да го сакам него, а таа да ме сака мене и него како некој двоглав кур. Миријам се уште беше Миријам, не само мајката на момчето, но тука беше духот на ехо од мисла која наѕира, претпоставка или сеќавање.

Превод од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: