пятница, 1 февраля 2008 г.

БЕЗ НАСЛОВ - ХУЛАХОПА

пред да зајде последната светлинка на денот, од различните подруми, улици, паркчиња во форма на коцки, се појавуваше по некој побратим четириножник со остри и жолти песјаци и подигнат опаш. на исто место во слично невреме го започнувавме маратонот на гладната ноќ низ остатоците од измиените контејнери.
наоѓавме нови кавги за коска помалку.
глутница на остри заби и инстинкти на клање.
ни беше полесно да се групираме, а барем навечер луѓето се плашеа од нас. неретко ги напаѓавме за да им се осветиме за дневното малтретирање што ни го приредуваа. господари на темните ноќи, почувствував што значи да си вистинско куче. се гордеев на глутницата и на моите заби за ржење.
таа сабајина ...

Ова е коментарот на таинствениот посетител-читач на постови на овој блог алијас ХулаХопа! Навистина текстот не не остави рамнодушни, напротив бевме безмерно восхитени, па затоа решивме дека местото му е меѓу содржините, а не долу, во коментарите!

Комментариев нет: