пятница, 1 февраля 2008 г.

ДЕДО ПЕТКО И БАБА ПЕНА – БУГАРСКА НАРОДНА ПРИКАЗНА

Си живееле во некое село старец и старица – дедо Петко и баба Пена. Си сакале тие вкусно да се најадар, на зима на топло да си поспијат, а на лето под ладовина да си дремнат. Но, само едно нешто не сакале – да работат.
- Што има да работам, - велел дедо Петко.
Еднаш баба Пена направила цело грне каша. Си седнале бабата и дедото на маса и цело грне го изеле, се најала – се прејале.
И тогаш бабата рекла:
- Јас направив каша, а ти сега засукај ги ракавите и измиј го грнето. Утре ќе ми треба за да ја измолзам кравата.
- Е, како да не, - рекол дедо Петко. – Тоа е женска работа. Сама измиј си го.
- Е, нема да го измијам.
- Е, па, нека си седи неизмиено.
Ноќта паднала. Бабата и дедото си легнале да спијат, а грнето останало неизмиено.
- Слушај, - и рекол дедо Петко на својата жена, - изутрина стани и стопли ми млеко. Ќе јадам попара и ќе одам во полето.
- Па, во што да измолзам млеко? Грнето не е измиено. Ако го измиеш ќе измолзам млеко.
- Нема да го измијам, - почнал да се кара дедо Петко. – Туку, ајде да се кладиме, па кој ќе изгуби ќе го измие грнето.
- Ајде, - рекла баба Пена. – А, во што?
- Обајцата ќе молчиме. Кој нема да издржи и прв ќе проговори, тој и ќе го измие грнето.
Така тие замолкнале и заспале. Поминала ноќта и сонцето почнало да излегува. Селаните тргнале на работа. Овчарот го собрал стадото и го потерал на ливадата за да пасе, а во дворот на бабата и дедото кравата мука ли мука – нема кој да ја измолзе и на пасење да ја однесе.
Баба Пена и дедо Петко, пак, си седат и си молчат. Соседите почнале да се загрижуваат и почнале да ѕиркаат преку оградата. Што ли се случува кај дедо Петко – кравата си седи заврзана, а во дворот никој нема.
Влегле соседите во куќата и почнале да прашуваат:
- Што е, баба Пена? Зошто не ја молзеш кравата?
А, баба Пена си молчела.
- Дедо Петко, кажи некој збор! Зошто баба Пена не зборува?
Но, ни дедото не проговорил ниту збор, ами само занишал со главата како коњ.
- Ете ти работа! – рекол еден од соседите. Старите изгледа онемеле. Трчајте побргу по лекар! Игњат, сине, оди и викни го лекарот.
Игњат потрчал по лекарот кој живеел на другиот крај од селото. Додека момчето трчало, селаните почнале да се разотидуваат кој-каде: еден брзал во полето, друг на пазар, а трет дома работа го чекала. Само двајца останале кај “онемените” баба и дедо – една старица и попот.
Попот исто така тргнал, па и рекол на старицата:
- Ти, бабо, остани тука дури не дојде лекарот. Гледај ги баба Пена и дедо Петко да не им се случи нешто.
- Не можам, попе.
- Зошто не можеш?
- Денес никој без пари не работ. Ако ми платите ќе останам.
- Што? Треба да ти платам? Јас? Каде се чуло и видело попот да плаќа?
Се завртел попт и здоледал една кецела што висела на ѕидот. Тргнал тој да ја земе кецелата, а баба Пена вреснала:
- Што ти е, бе? Сакаш мојата кецела да и ја дадеш на мрзливкава? А, јас што ќе носам?
Кога слушнал дедото како вика баба Пена, станал и и рекол:
- Ете ти, стара, ти прва проговоре. Ја изгуби опкладата. Сега оди и измиј го грнето.
Тогаш попот и старицата се сетиле зошто онемеле дедо Петко и баба Пена. Кимнале тие со главата и си го фатиле патот.

Превод од бугарски: Емил Ниами

Комментариев нет: