пятница, 1 февраля 2008 г.

БАБА РОГА – РУСКА НАРОДНА СКАЗНА

Си живееле маж и жена и имале само една ќерка. Еден ден жената заболела и умрела. Тажел нејзиниот маж, тажел и еден ден решил да се ожени за друга жена. Новата жена не го сакала девочето, п постојано го тепало, го карало и се милела како да ја убие. Еднаш таткото отишол некаде, а маќеата му рекла на девојчето:
- Оди кај сестра ми, твојата тетка, и побарај и игли и конец, кошула да ти сошијам.
А, тетката била баба рога – дрвена нога. Не смеело девојчето да ја одбие маќеата, па тргнала, но пред тоа наминала кај нејзината вистинска тетка.
- Добар ден, тето!
- Добар ден, внучке! Зошто си дојдена?
- Ме испрати маќеата кај нејзината тетка по игли и конец, сакала кошула да ми сошие.
- Добро е што пред тоа си дошла кај мене, внучке, - и рекла тетката. – Еве ти една лента, малку путер, малку месо и парче леб. На патот ќе видиш една бреза кој во очите ќе ти се пика, а ти со лентата заврзи ја; потоа една врата ќе шкрипи и нема да сака да се отвори, а ти неа со путерот намачкај ја; потоа ќе наидеш на кучиња што ќе сакаат да те раскинат, а ти дај им лепче; потоа ќе ти с епојави една мачка што ќе сака очите да ти ги ископа, а ти на неа малку мевце дај и.
И се заблагодарило девојчето на теткаси и тргнала. Одела, одела и стасала во шумата. Аво шумата си стои една куќарка на кокошкини нозе, а во куѓарката си седи баба рога – дрвена нога и платно таке:
- Добар ден, тето!
- Добар ден, внучке! – одговорила баба рога. Што ти треба?
- Ме испрати маќеата да побарам од тебе игли и конец за да ми сошие кошула.
- Во ред, внучке, ќе ти дадам игли и конец, а ти седни тука малку и поработи!
Девојчето седнало до прозорецот и почнало да таке. А, баба рога излегла во дворот и и рекла на својата слугинка:
- Сега ќе си легнамд а спијам, а ти оди во бањата и избањај ја внука ми. Само убаво измиј ја зашто кога ќе се разбудам сакам да ја изедам.
Девојчето ги слушнало тие зборови и седи ни мртва ни жива. Кога отишла баба рога таа и се приближила на слугинката, па и рекла:
- Драга моја, не ставај толку дрва, повеќе вода ставај, а водата гледај со решето носи ја. – и и подарила шамивче.
Слугинката ја подгревала бањата, баба рога се разбудила и прашува:
- Такеш ли, внучке, такеш ли, мила?
- Ткаам, тетко, ткаам, мила!
Баба рога повторно легнала да спие,а девојчето и дала на мачката парче месо, па ја прашала:
- Мачко, сестро моја, кажи ми како да побегнам оттука.
Мачката, пак, и вели:
- Онаму, на масата има едно шамивче и едно чешле, земи ги и бегај што побргу оти баба рога ќе те изеде! Таа Ќе почне да те брка, а ти стави го увото на земјата. Кога ќе слушнеш дека таа е во близина фрли го чешлето и ќе израсне густа шума. Дури таа се пробива низ шумата ти далеку ќе избегаш. А, кога повторно ќе слушнеш дека е блиску, фрли го шамивчето и ќе се појави широка и длабока река.
- Ти благодарам, мачко, сестро моја! – рекло девојчето.
И се заблагодарила уште еднаш на мачката, го зело шамивчето и чешлето, та почнало да бега. Му се фрлиле кучињата и сакале да го оддерат живо девојчето, а тоа им фрлило леб и тие ја пуштиле. Стасала до вратата, но таа почнала да шкрипи и не сакала да го пушти девојчето. Тоа го зело путерот и ја подмачкало вратата, та таа се отворила. Одеднаш почнала да шумоли брезата и да му се пика в очи на девојчето, а тоа и врзало лента на брезата. Брезата, пак, го пуштила девојчето. Трчало девојчето колку што имало сила. Бега и назад не погледнува. За тоа време мачката седнала до прозорецот и почнала да таке. Ами не таке, туку се преправа!
Се разбудила баба рога и прашала:
- Такеш ли, внучке, такеш ли, мила?
А, мачката и одговорила:
- Ткаам, тетко, ткаам, мила!
Влегла баба рога во куќарката и гледа девојчето го нема, амачката седи и таке. Почнала да ја кара баба рога мачката:
- Ах, ти, мивке една! Ах, ти, злобнице! Зошто го пушти девојчето? Зошто не му ги ископа очите? Зошто лицето не му го одра?
А, мачката и одговорила:
- Јас тебе толку години ти служам, ти мене ни коска не си ми фрлила, а таа мевце ми даде!
Истрчала баба рога од куќарката и им се нафрлила на кучињата:
- Зошто не го искасавте девојчето?
Кучињата и одговориле:
- Ние тебе толку години ти служиме, ти сува корка не си ни фрлила, а таа лепче ни даде!
Отишла баба рога кај вратата:
- Зошто не шкрипеше? Зошто го пушти девојчето?
А, вратат и рекла:
- Јас тебе толку години ти служам, ти со вода не си ме полила, а девојчето со путер ме подмачка.
Тргнала баба рога кај брезата:
- Зошто не му се пикаше в очи на девојчето?
Брезата, пак, и одговорила:
- Јас тебе толку години ти служам, ти мене ни со конче не си ме подврзала, а девојчето лента ми подари!
Почнала баба рога да ја кара слугинкатаЛ
- Зошто, мори сакато една, не ме разбуди? Зошто ја пушти?
Слугинката и рекла:
- Јас тебе толку години ти служам и ни еден убав збор не сум добила, а таа мене шамивче ми подари, а и многу беше љубезна со мене!
Почналала да вреска баба рога, потоа седнала во аванот и тргнала да го лови девојчето. Со толчникот тера, а зад себе трагите со метла ги брише.
А, девојчето трчало ли трчало. Потоа застанало, се приближило кон земјата и слуша како се тресе земјата, баба рога е блиску!
Го зело девојчето чешлето, та го фрлило преку десното рамо. И одеднаш се појавила шума, густа и широка: корењата на дрвјата земјата длабоко ја продираат, а врвовите облаците ги пробиваат.
Се приближила баба рога и почнала да ја гризе и да ја крши шумата. Гризе ли, крши ли, а девојчето бега. Поминало некое време, девојчето се приближило кон земјата и слуша како се тресе земјата, баба рога е блиску!
Го зело девојчето шамивчето и го фрлило преку десното рамо. Во тој миг се разлеала река – широка – преширока, длабока – предлабока!
Дошла баба рога до реката и од злоба почнала да шкрипи со забите – не може да помине преку реката. Се вратила таа дома, ги собрала своите волови и ги однела кај реката:
- Пијте, волови мои! Сета вода, до дното, испијте ја!
Почнале да пијат воловите, а водата во реката сé иста останува. Се налутила баба рога, легнала на брегот и самата почнала да пие вода. Пиела, пиела – пиела, пиела сé дури не пукнала.
А, девојчето за тоа време бега ли бега.
Вечерта се вратил таткото дома и ја прашува женаси:
- Каде е ќерка ми?
Жена му, пак, му одговара:
- Отиде кај тетка и, требаше игли и конец да донесе, ама се задржа нешто.
Се загрижил таткото, па сакал да тргне и да ја бара ќерка си, а во тој миг девојчето влетало дома, сето задишано, воздух не може да земе.
- Каде беше, ќерко? – ја прашал таткото.
- Ах, тате! – му одговорила ќерката. – Маќеата ме испрати кај нејзината сестра, а сестра и е баба рога – дрвена нога. Таа сакаше да ме изеде. Одвај избегав од неа!
Кога дознал таткото толку многу се налутил што со најпогрдни зборови ја избркал жена си од дома. А, потоа? Си останал да си живее сложно со својата ќерка!

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: