пятница, 1 февраля 2008 г.

КРВ – ЉУПЧО ДИМИТРОВСКИ

Ја креваш раката да ме надбегаш
оти сум измамен од твојот здив

ова што ме напаѓа од ѕвездите на делфинот
е црвено
и бавно го голта просторот
со нашата средба

се мрачиш за немирот
што ми го фрла срцето в пустина
а молњите во бранот ги играат рибите и школките
да ти ја скршат мислата
дека ќе го преселам градот
пред да го накажеш
со глас

делфинот е подомолник
освојува тајно а спокојно

ова од ѕвездите ме удри с нож
и личи на остров
врзан со жили
што се тенчат
да ме пресечат

измамен сум од твојот здив
посејдоне
крвта ми ја пиеш
мудро да си го пречекаш
времето за смрт

Комментариев нет: