пятница, 1 февраля 2008 г.

ЖОЛТО ПОПЛАДНЕ – ВЛАДА УРОШЕВИЌ

Немојте никогаш да чекате некого в неделно попладне
кога ѕидовите на куќите
се како здолништа
прострени на сонце,
сами.

Тогаш доаѓаат сомневањата.
Ако сте сами
немојте жолтото попладне
да ве затече в соба
во која спијат жолти столови
и да истури во тишината
жолти веѓи и сомневања.

Во жолтото попладне
кога ѕидовите на куќите
се како корици на книги
заборавени и жолти,
ако сте сами
немојте да чекате некого.

Комментариев нет: