пятница, 1 февраля 2008 г.

ПУШКИН И ГОГОЉ – ДАНИИЛ (ИВАНОВИЧ ЈУВАЧОВ) ХАРМС

Гогољ (паѓа на сцената од зад кулисите и мирно лежи).
Пушкин (излегува, се спрепнува од Гогољ и паѓа): По ѓавлите! Никако од Гогољ!
Гогољ (станува): Безобразие! Да не може човек да се одмори! (Оди, се спрепнува од Пушкин и паѓа). Никако не смеам да се спрепнам од Пушкин!
Пушкин (станувајќи): Ни минутка мир да се немало! (Оди, се спрепнува од Гогољ и паѓа). По ѓаволите! Никако повторно од Гогољ!
Гогољ (станувајќи): Постојано се меша! (Оди, се спрепнува од Пушкин и паѓа). Безобразие! Повторно од Пушкин!
Пушкин (станувајќи): Невоспитаност! Расипана невоспитаност! (Оди, се спрепнува од Гогољ и паѓа). По ѓаволите! Повторно од Гогољ!
Гогољ (станувајќи): Глупава шега е ова! (Оди, се спрепнува од Пушкин и паѓа). Повторно од Пушкин!
Пушкин (станувајќи): По ѓаволите! Навистина по ѓаволите! (Оди, се спрепнува од Гогољ и паѓа). Од Гогољ!
Гогољ (станувајќи): Безобразие! (Оди, се спрепнува од Пушкин и паѓа). Од Пушкин!
Пушкин (станувајќи): По ѓаволите! (Оди, се спрепнува од Гогољ и паѓа). Од Гогољ!
Гогољ (станувајќи): Безобразие! (Оди зад кулисите).
Зад сцената се слуша гласот на Гогољ:
“Од Пушкин!”
Завеса.

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: