вторник, 5 февраля 2008 г.

И ТАНЕЦ ВОДЕТЕ И НА ДУПКА ГЛЕДАЈТЕ – МАКЕДОНСКА НАРОДНА ПРИКАЗНА ЗАПИШАНА ОД МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Једно време беше му се настрвил једен мачор на једни глувци да и јади под еден амбар. Откоа виделе глувците оти ќе и крдиса мачоро, се собрале на едно собрание и сториле мезлич глувците да не излегуваат од дупките надвор. Откоа виде мачоро оти не излегуал нити једен глушец од дупка, му текнало оти имале созбирлак да не излегуваат. Преесапил мачорот једен марифет, за како да и излажи, да излезат надвор. Се облекол во једни кауѓерски алишта, зел једно рало броеници и отишол кај амбарот и почнал да и трлат броениците и да се моли Богу, чинејќи метании. Во истото време излегло једно мало глувче на једна дупка и го видело мачоро кај чини метании и тргат бројаници; се вратило назад и му кажало на глувците. Једно чуле глувците, отрчале да видат дали је вистина. Кога и видел мачорот оти го гледаат од дупките, ватил да се моли и метании да чинит и да му велит на глувците да си излезат и да си јадат пченица од под амбаро.
- Излезете си, глувчиња и глувци и стаори - му рекол - оти јас сум веќе аџија, нема да ве јадам, чунки отсега јас ќе си постам и тревица ќе си пасам.
Кога го видоа пустите глувци мачоро да подбелуа со очите и да чини метании, и трева да паси, пуштија неколку глувчиња да појдат до него, да видат дали не ќе и јади. Отишле до него, и тој и погалил малку и и поканил да си појадат пченица од под амбар. Кога видоа друзите глувци од дупките, се натрчаа једни да јадат пченица, а друзи да му кажат на стаорите оти мачорот се покауѓерил и аџија се сторил. Дошле и тие до крај дупките и го виделе. Арно ама стаорите како поитри не излегуале од дупките. Мачорот му се таксуал оти не је чаре веќе да и лоит, само ако напраат сите по једна вечера и да му дојдат со неа, за чес да му сторат дека си дошол од аџилак, како што му оделе на сите аџии. Ама вечерата да била посна. Се поверуале пусти глувци и му дошле со вечера, како одкако да се смират со пустио мачор и да си живеат. Арно ама глувците друго думале, а мачоро друго, и откоа вечерале пред мачорот, и натерал да поиграат едно оро, да после си одат. Рипнале глувците и се ватиле рака за рака, та тргнале да играат оро. Еден стар стаор стоел близу до дупка, чунки непара се веруал на мачорот, чунки неколку пати бил фатен од мачори и му куртулисал.
- Хеј, глувци и вие стаори - му рекол со низок глас - и танец тргајте или водете и на дупка гледајте!
При се што пополека стаоро му рекол, мачорот чул и веднаш му се спуштил по нив и, до колку могол, издавил.
Оттогај веќе и ден-денеска се пизмат мачорот и глувците.

Комментариев нет: