вторник, 5 февраля 2008 г.

ПРЕД ТРИ МЕСЕЦИ… - СЕРГЕЈ ДОНАТОВИЧ ДОВАЛТОВ

Пред три месеци посетував курсеви за филигранство. Таму учев и англиски јазик. Професорката Кетрин сакаше да поставува неочекувани прашања.
Помнам таа ме праша:
- Што мислиш, ќе има ли војна?
А, јас и одговорив:
- Војната веќе се води. Само што Американците тоа не го знаат.
- А, како тоа?
- Мошне едноставно. Во Техеран ја зазеле американската амбасада, а правно гледано, тоа е територија на САД. Освен тоа има и 50 воени заробеници.
- Што ни преостанува да направиме? - ме праша Кетрин...
Јас не сум дипломат, не сум политичар и не сум генерал. Дури не сум ни Американец. Јас се обидувам да гледам на таа работа од граѓанска гледна точка.
Однесувањето на човекот и однесувањето на државата се спротивставени. Самозаштитата и одбрамбената способност се идентични поими, разликата е во квантитетот, а не во кавалитетот.
Мојата претстава за самозаштитата се градеше во логорите. Таму јас запомнив еднаш за секогаш: Подготвеноста за кавга, значи способност за нејзино започнување,
доколку ситуацијата го бара тоа.
Можно е и да се воздржиш. Да си одиш со уништена физиономија, т.е. да капитулираш...
Навистина, поразот во кавгата не го означува нејзиниот крај. Ќе те претепуваат по пропис. И на крајот ќе го уништат човекот во тебе.
Истото се случува и со државата. Подготвеноста за војна, значи и способност за нејзино започнување, доколку ситуацијата го бара тоа.
Тито велеше:
- Ако треба сите ќе загинеме.
Него не го праќаа в затвор. Си го проживеа животот како почитуван човек. Нешто слично извика и Чаушеску. Или само напомена. Него не го праќаа в затвор...
Јас ги слушам само разумните, трезвени аргументи:
- А, ако има војна?! Тоа значи крај?! Што може да биде поужасно од смртта?!
Поужасно од смртта е страшливоста, малодушноста, и неминовното по нив - ропството.
Па, не е ли рано да се говори за смртта? Ете Евреите ги ослободија своите заложници, и ништо. Живи и здрави се.
Треба да се умее...

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: