пятница, 1 февраля 2008 г.

ЛЕТОВИ – ГЕНРИХ ВЕНЈАМИНОВИЧ САПГИР

На чакалот седеше неподвижно, растревожено јато галеби. Разговараа. Од морето пролета човек. Остро писна под белата месечина. Никој дури ни со клунот не се заврте. Човекот седна недалеку во степата, каде беа расфрлени гигантски 'рѓосани потпори. Се гледа дека сакале нешто да изградат, но кој знае зошто се премислиле. Или, пак, како некој да го повикал детенцето и тоа ја фрлило играчката.
Пролета друг човек... Се врати и лебдеше со широко спружени раце. Месечева светлина, речиси блесок, држи и ја пренесува преку ридовите. Во толпата се забеспокоија, злобно се размрмореа.
– Млад, а лета!
– Па, јас би можел него со канџите и со клунот во лет да го столчам.
– Згора на тоа, луѓето за перници гнездата ги растураат.
Долго не можев да се смирам.
– И, зошто така се разлетале?
– Во сон летаат. Гледаш колку ниско над брановите.
– Немаат шанси со тебе, мамо.
– Собери го левото ноже и спиј.
(Заспивајќи) – Еве, сега ќе заспијам и на сон ќе летам... како човек...

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: