вторник, 5 февраля 2008 г.

КУПУВАЊЕ КУРВА - ЕН СЕКСТОН

Ти си шницла што ја купив
и те полнам со мојот сопствен кромид.

Ти се брод што го изнајмив на час
и те возам збеснато додека не се отпревртиш.

Ти си чаша која ја платив да ја скршам
и да и ги проголтам стакленцата измешани со плункава.

Ти си ќумбе на кое ги греам рацеве што се тресат,
пржејќи го месото додека не стане убаво и сочно.

Смрдиш како мајка ми под градникот
и ги повраќам во твоите раце како џекпот
тие ладни тешки парчиња.

Препев од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: