вторник, 5 февраля 2008 г.

ЦРТЕЖИ – ЈЕВГЕНИЈ ИВАНОВИЧ ЗАМЈАТИН

Отидов кај еден пријател да побарам пари на заем. Ни тој не е дома, ни жена му: во дневната ме пречека детнце – чистичко така.
- Почекајте малку: тато – мама сега ќе дојдат.
И за да не ми биде здодено, момченцето почна да ми покажува цртежи.
- А, што е ова?
- Волк, – му одговарам.
- Така е, волк. Знаете волкот не јаде тревичка, ами овчички…
И така почна да ми ги објаснува сите цртежи ми се слоши до смрт – преку глава. Ми покажа петел.
- Што е ова? – ме прашува.
- Тоа? Куќа, - му велам.
Ги ококори момчето очите, занеме. Но се снајде и ми покажа вистинска куќа.
- А, ова што е?
- Е, тоа е брезов венец.
Се насмевна внимателно момченцето и почба да ну докажува: куќата не колве зрна, а петелот колве, во петел не може да се живее, а во куќа може, венецот нема врата, а петелот…
- Знаеш што, - му реков, - мило момче, ако во моментов не ми се тргнеш ќе те исфрлам низ врата.
Ме погледна момчето во очи и виде – навистина ќе го исфрлам. Почна да плаче и отиде на баба си да и се жали.
Дојде бабата во дневната и почна да ме кара:
- Како не ви е срам, млад човеку? Зошто така му направивте на милото момче? Тоа вистината ви ја кажувало.
1916
Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: