пятница, 1 февраля 2008 г.

МАТЕМАТИЧАРОТ И АНДРЕЈ СЕМЈОНОВИЧ – ДАНИИЛ (ИВАНОВИЧ ЈУВАЧОВ) ХАРМС

МАТЕМАТИЧАРОТ (вадејќи топка од главата):
Извадив топка од главата.
Извадив топка од главата.
Извадив топка од главата.
Извадив топка од главата.
АНДРЕЈ СЕМЈОНОВИЧ:
Врати ја назад.
Врати ја назад.
Врати ја назад.
Врати ја назад.
МАТЕМАТИЧАРОТ:
Не, не ја враќам!
Не, не ја враќам!
Не, не ја враќам!
Не, не ја враќам!
АНДРЕЈ СЕМЈОНОВИЧ:
Е, па, не враќај ја.
Е, па, не враќај ја.
Е, па, не враќај ја.
МАТЕМАТИЧАРОТ:
И нема да ја вратам!
И нема да ја вратам!
И нема да ја вратам!
АНДРЕЈ СЕМЈОНОВИЧ:
Е, па, добро.
Е, па, добро.
Е, па, добро.
МАТЕМАТИЧАРОТ
Ете, победив!
Ете, победив!
Ете, победив!
АНДРЕЈ СЕМЈОНОВИЧ:
Ете, победи, сега смири се!
МАТЕМАТИЧАРОТ:
Не, нема да се смирам!
Не, нема да се смирам!
Не, нема да се смирам!
АНДРЕЈ СЕМЈОНОВИЧ:
Иако си математичар, ама жими се, ич не си паметен!
МАТЕМАТИЧАРОТ:
Не, паметен сум и знам многу работи!
Не, паметен сум и знам многу работи!
Не, паметен сум и знам многу работи!
АНДРЕЈ СЕМЈОНОВИЧ:
Знаеш многу, ама глупости!
МАТЕМАТИЧАРОТ:
Не, не се глупости!
Не, не се глупости!
Не, не се глупости!
АНДРЕЈ СЕМЈОНОВИЧ:
Ми здодеа да се препирам со тебе!
МАТЕМАТИЧАРОТ:
Не, не ти здодеало!
Не, не ти здодеало!
Не, не ти здодеало!
(Андреј Семјонович замавнува од здодевност со раката и заминува. Математичарот стои една минута и заминува по Андреј Семјонович).
Завеса.

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: