пятница, 1 февраля 2008 г.

ХРАБРИОТ ЕЖ – ДАНИИЛ (ИВАНОВИЧ ЈУВАЧОВ) ХАРМС

На масата стоела кутија.
Се доближиле животните до кутијта и почнале да ја разгледуваат, да ја мирисаат и да ја лижат.
Кога одеднаш – ен, два, три – се отворила
А, од кутијата – ен, два, три – излегла змија.
Се исплашиле животните и се разбегале.
Само ежот не се исплашил, скокнал врз змијата и – ен, два, три – ја гризнал.
А, потоа седнал на кутијата и извикал: “Ку-ку-ри-ку!”
Не, не така! Ежот извикал: “Ав-ав-ав!”
Не, не е ни така! Ежот извикал: “Мјау-мјау-мјау!”
Не, ни така не е! Е, не знам како е.
Кој знае како вика ежот?

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: