вторник, 5 февраля 2008 г.

УШИ - РИСТО ЛАЗАРОВ

Има уши магарешки,
има уши лопати,
уши начучулени,
уши клемпави,
уши издолжени,
уши камени,
уши дупнати,
или уши дупени,
има уши ѕидови,
и уши лустери,
уши телефони,
уши тапани,
има уши разно-разни.
Едни уши
слушаат Божји заповеди,
слушаат птичји црцор
и нечујни звуци,
слушаат коледе-леде,
слушаат вести на радио,
вести на телевизија,
слушаат камбани,
бајачки и тажаленки,
слушаат воени команди,
сирени и други тревоги,
слушаат лелекање,
слушаат лавежи
и февруарски мјаукања.
Други уши
не слушаат ништо,
а не се глуви, проверено,
не слушаат молби,
не слушаат клетви,
ни пцости, ни закани.
Има уши
на изопачени мераци
(колкави уши
- толкави глупости)
има и низ уши зачнати,
има женски со уши обетки
што се дупат
со кого ќе стасаат,
а и такви што трчаат
до кајшто глув слуша.
Сал Душко долгоушко ли зне
дека сите едноуви
не се Ван Гоговци?

Комментариев нет: