пятница, 1 февраля 2008 г.

ФЕЈСЛИФТИНГ – СИЛВИЈА ПЛАТ

Ми носиш добри вести од клиника
ја одвиткуваш свилената шамија, откривајќи ги цврсто-белите
мумијски завои, смеејќи се: Добро сум.
Кога имав девет, зелен анестезиолог
Ме успи. Исповратив
Опседнав со лоши сништа и пророчки гласови на хирурзите.
Тогаш мајка ми се појави, држејќи лимен сад.
О, бев болна.

Сe сменија. Патувајќи
гола како Клеопатра во мојата болничка облека,
наколкана со седативи и необично духовита,
се превртувам во шок-соба каде фин човек
ме држи за рака. Како драгоцена течност
да течи од моите прсти. Бројам до два,
темнина ме обзема како креда на табла...
Не знам ништо.

Пет дена лежам така,
затворена како ковчег, годините се сушат на мојата перница.
Дури и најдобрите мои пријатели мислат дека сум в село.
Кожата нема корен, се лупи лесно како хартија.
Кога се смеам, конците се оптегнуваат. Растам наназад. Имам дваесет,
Штира во долги сукњи на креветот од мојот сопруг, прстиве
се закопуваат во волната на мртвата пудла
Не сум имала мачка до сега.

Завршија со неа, разочараната жена
Гледав како, брчка по брчка, во моето огледало-
старото чорап-лице, се провисна на проклетото јајце.
Ја пикнаа во некоја лабораториска тегла.
Нека умре таму, или нека бледнее постојано наредниве педесет години
нишајќи ја, тресејќи ја и виткајќи ја својата танка коса.
Како мајка, се разбудив завиткана во газа,
розова и мазна како бебе.

Препев од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: