пятница, 1 февраля 2008 г.

СИЖЕТО НА СЛИКАТА - ГЕНРИХ ВЕНЈАМИНОВИЧ САПГИР

Се движевме по неговиот стан по тесни и криви улички и сокаци, меѓу книги и весници, и воопшто, меѓу разни реткости, споени во вид на ѕид со висина нешто поглема од човек. Немаше на што да се седне. Јас сфатив дека Никифор Никифорович колекционира се.
Тој дури и му напишал на градоначалникот дека неговиот музеј пропаѓа од теснотија. Всушност, прв градоначалник тука беше големиот Гаврил Державин. Молбата била да му се даде нов трособен стан. Талкајќи по хартиените кањони, ние неизбежно се движевме кон за мене непозната цел.
Соба во длабочина. До ѕидот биро, на кој се возвишуваа две сиви кули, ако се завртиш невнимателно, ќе ги поткачиш, ќе се урнат и се ќе се покрие со стари весници “Нива”, жалби, документи, судски известувања, ќе те окружат брадести учители (тие се провинцијални писатели, бледи жртви), девојки и гимназијалци, некакви мажи во пижами, стрелани без да им се суди и последици на далечни долови, да не можеш до крајот на животот се да средиш. Се обидувам да не ја споменувам таа стара Русија, иако тоа по малку е срамно.
А, еве го и она на кое нашиот домаќин му го посветил сојот живот. Прстенот на Распутин. Со златен рубин. Еве ја шапката на Шаљапин. Со широки ивици. Палката на Державин. Како да е полирана. Неа – по грбот на полицаецот, секоја година, прочитај, градот пламнал. Новиот градоначалник повторно изградил прави и широки улици, камени куќи покриени со железо. А, оваа ваза му припаѓала на Александар Сергеевич*. Цртежот на ѕидот е на Рафаел. Другиот е скица од Леонардо да Винчи и така натаму.

*Александар Сергеевич Пушкин

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: