пятница, 1 февраля 2008 г.

СЛИКА ОД ДЕТЕ - ЕН СЕКСТОН

Во срцето на гроздот
таму е насмевката.
Во виорот на косата
таму е насмевката.
Во ременот од мантилот
таму е насмевката.
Која насмевка?
Насмевката на моето седумгодишно дете
доловена на сликава.

Се лупи сега, времето си го стори своето,
некаков вид рак на позадина
и на други места.
Како некое скапано знаме
или зеленчук од фрижидер,
прошаран со мувла.
Стареам без крик,
во темнина, темнина.

Ен,
која си ти?

Ја отворам венава
и крвта бликнува како тобоган.
Ја отворам устава
и моите заби се разгневена војска.
Ги отворам очиве,
а тие вртат како пци
околу она што го здогледале.
Ја пуштам косава
и се распаѓа како топчиња прав.
Го откопчувам фустанов
и гледам дете свиткано на тоалетната шолја.
Се свијувам, седејќи тапо,
исфрлајќи фекалии како сладолед,
и сиот кафеав свет
го правам сладок.

Ен,
која си ти?

Само дете кое одвај живее.

Препев од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: