пятница, 1 февраля 2008 г.

СЕКСОТ МЕ НАЧЕКА НА ЧЕТИРИ – МОЛИ ПАРКИН

Моли Паркин - моден уредник на оригиналната НОВА, изумител на евтиниот секс роман, тешка тетка и британска национална икона.

Нема ништо позадоволително од насмевката на одамна пензионирана секс симбол. Сега имам 70 години, и сум во чекалната на Аеродром Бессмртност, преживувајќи го хедонизмот од минатото без сите тие дамнешни стравови на несакана бременост, непријатна болест, нестабилна емотивна состојба. А колку неверојатно пријатно е се во ова наелектризирано навраќање.
Меј Вест тврдеше дека дневникот кој девојката го води во младоста еден ден ќе и се најде на старост. Мислеше на тони кеш. Но заборави да го спомне фактот дека еротските фантазии, кои се целосно иживеани во младоста, обезбедуваат доволен материјал за слатки сништа подоцна. Многу често овие денови пловам задоволно низ муграта од неверојатно пријатни оргазми, сама, без раце, без, помош, без ништо. Мртви љубовници ми прават ноќни посети? Сензуални задоволства во духовна форма. Баш тоа.
Овие сочни сеќавања ме држат желно цел ден. Тие се навистина поостри, пофокусирани во моите мисли отколку моите наочари или, сега штрба, моите нови вилици. Вчера овие убави дребулии се најдоа во кантата за отпадоци заедно со лушпите од круши и празниот расрскувач за парфем. Ги барав насекаде се додека моето семејство не затропа на врата. Им отворив штрба и насмеана, страшно нешто навистина, и смртно ги исплашив внуците. Умниот десетгодишен внук беше тој кој ги најде во кантата подоцна. Ѕирнувам во пештерата колку што можам почесто само за да ги подмачкам тркалата на заборавеноста. И велам јас истото го правев на мојата баба.
Ова не е ново сценарио за мене; френетичното барање на вештачките заби. Често бев замолувана, после секс, да го правам истото за најстарите мои љубовници уште во 50-тите, еден аристократски господин кој најнежно лижеше. Навистина знаеше да им го расипе лижењето на младите пастуви. Нивните цврсти бели заби - толку груби, грицкаат, така непријатно. Само непца и јазик кога сакаш.
Ми беше духовито сугерирано од, сеуште хормонално-чукнатите, мои пријатели дека сеуште сензационално пушам на ист принцип. Но веќе изгубив апетит. Повеќе претпочитам да се лигавам на Тоблероне, од оние големите, признавам, не оние мини за цицалчиња што ги има по сите продавници.
Моето стареење никогаш не било пречка за мене. Јас секогаш сум се палела на постари и сум читала за се што има врска со геронтофилија, бидејќи јас тоа го имам. Абнормална желба за постари тела. Моите најсреќни сеќавања од детството се сцените кога спиев на пердувестиот кревет во седум, со дедо ми и баби ми, во куќата на врвот од Велшката планина. Будејќи се пред да се раздени, поспано го гледав дедо ми како мочка во пи-пи (семејно име за порцеланскиот нокшир) од под креветот, а потоа натопувајќи ги лицето и рацете со сопствената урина. Никогаш непрашав зошто, ниту ми било некогаш чудно ова, очигледно тоа беше единствената топла вода во куќата во тоа време.
Го спомнав ова години потоа на хербална козметичарка кога бев модна уредничка на The Sunday Times. Имаше прекрасна кожа; еден пристар шкотски научник кој патуваше по планините. Му упатив комплимент за кожата, велејќи му дека и мојот дедо имаше нежна и без брчки кожа исто така и тогаш му ја кажав приказната за пи-пи. Ми потврди дека свежата урина е полна со волшебни минерали, и дека е единствениот производ кој што може да се најде за оваа потреба. Но, кога се обидов да им го кажам ова на опседнатите-со-млад-изглед фанатици се смрштија и ми рекоа дека ова е уште една моја гадотија. Некои се навистина тврдоглави.
Кога мојот дедо ќе ја напуштеше собата да го запали огнот и да подготви овесна каша, да тури чај и да го намачка тостот со путер, пред да отиде во градината и да набере една од неговите прекрасни рози и да ни го донесе сето тоа на послужавник, јас своето драгоцено време го трошев простудирувајќи ја мојата заспана баба. Таа очигледно, никогаш не ја натопувала својата кожа со опствената урина или пак нечија друга. Бидејќи нејзиното лице, најфасцинантното кое сум го видела толку одблиску, беше извезано со видливи брчки и бразди. Изгледаше како рачно изработена чипка, карактеристична за нашето семејство. Женската страна од мојата фамилија, која низ вековите, немала подобра работа со часови од тоа да си го уништува видот и да шири нозе, везејќи ги овие мали чуда.
Но сепак како труп во ковчег, мојата баба беше толку мазна и сјајна како бел мермер. Беше како погребникот да ја испеглал со пегла на пареа. Навистина помислив дека закопуваат погрешен ковчег, кога ја препознав нејзината истуткана ноќница. Истата по која бев пратена да ја купам со божиќната книга. Ми рекоа да биде во пурпурна боја, нејзината омилена, но најдов само пурпурна со сини цветчиња.
Не беше истуткана кога си дојдов дома. Сите мои тетки се собраа и ме рекоа дека сините цветчиња одговараат со убавите очи на мојата баба и дека таа ноќница била мудар потег и дека сум била благословена со добар вкус и очигледна наклонетост кон цвеќињата што сум ја наследила од мојот дедо. Тој само ми се насмеа, и баби ми исто така.
Беше воена состојба и хаос во Лондон, и живеев привремено со нив додека војната не заврши и мајка ми не си дојде присебе, повторно. Нивната љубов кон мене беше зачудувачка, нивната топлина, нивното разбирање дека страдав од неможност да следам инструкции. Секогаш сакав да правам онака како ми било речено, но секогаш излегуваше обратно. Беше како да бев водена да одам спроти стадото, да се заштитам себе си и да се пазам од сопствената неумешност.
Сексот ме зачека на четири. Пристигна во форма на мојот татко, со неговата тврда ерекција додека седев кај него в скут на скалилата слушајќи како мајка ми го свири Бетовен на пијаното во заклучената гостинска соба. Бевме далеку од дома, меѓу нашите непријатели, Англичаните. Живеевме во едно од најраспаднатите лондонски предградија. Бевме Келти во туѓа земја, мајка ми вриштеше повеќе пати. Нејзината мизерија беше ужасна да се види а без да посакаш да избегаш. Зборовите и го раскинаа лицето наполу се додека не стана сета заби, како овчарски пес кој кружи наоколу стадото. Разбрав што всушност значи удирањето по пијаното, поминувајќи повеќе време со татко ми бидејќи мајка ми не можеше да се справи со ништо, дури ни со мене. Подоцна ќе го помини повеќето од времето во психијатриски болници, после уште еден обид за самоубиство. На почеток не ми пречеше сето ова, да останам сама со маж кој ми покажуваше како се црта репка пред да стане лице. Но после првата ерекција, следеа непристојни средби во базенот и размена на прсти додека ме учеше како да возам велосипед. Овој необјаслив бес кој се одвиваше во мојата соба, тежок ќотек по кој следеа сентиментални мрморења и нежни гушкања. Јас бев неговата “мазулка” секогаш ми го шепотеше тоа, што и да значеше тоа. Тоа беше наша тајна и неговите совети беа никогаш да не се каже тоа. Но во моите 50-ти, децении по неговата смрт, мојата мајка одамна почината, ги покажав своите вистински вредности, неспособноста да следам инструкции. Ја истурив вреќата. Кажав с#.
“Ајде сега сите дами кои ја паметат својата прва ерекција да кренат рака, не срамете се!” Сите се смеевме, смрамежливо се разбира, каква глупост! Срамежливоста не треба да е тука, не на овој семинар за просветлување. Рацете ги кренаа, сите 15, после долгиот викенд. Приказни се редеа за триења во училишните дворови, фаќања назад во колата, секс на кино, потфаќање во песок, пикање прсти, необрежани курови. Накрај мене ми дојде редот.
“Ерекцијата од татко ми мене ми беше прва.” Сите во просторијата занемеа. Мртва тишина. “Имав четири години кога прв пат имав секс,” завршив прилично тажно.
Збрка! Бес! Групно навредување.
“Ти си ќерка на педофил!” Бев запрепастена. Никогаш не сум се почувствувала така.
Бидејќи имам читано многу за инцестот и педофилијата, каде скоро и физички се разболев од самиот поглед врз зборовите на страницата. Ја започнав да ја читам Лолита кога беше прв пат објавена и ме акна по глава во заклучената бања. Не можев да ја дочитам. Ја препрочитав минатата година присилувајќи се себе си да ја дочитам до крај. Но се превиткав, почувствувајќи се повторно како девојчински објект на сласт. Познато дете кое се обидува да ја поврати својата невиност и нејзиното место во редот на врсниците. Многуте секс симболи биле сексуално злоупотребувани во детството, Монроу е меѓу нив. Таа, најголемиот секс симбол од сите.
Еднаш, собрани на чај и тост, и танки парченца праски со кондензирано млеко, мојата банда од тетки почна да озборува за дванаесет пати разведена фем фатал која го завлечка нашиот најзгоден вујко во свет брак. “Ниту еден маж не е сигурен да го оставиш во соба со неа,” оштро и пресудуваа. “Само еден поглед од тие заводливи очи , и секој маж е готов. Сите мажи се кукли во нејзините раце, кутрите тие!”
Тогаш имав 12 и многу ме заинтересира ова. мојот татко научи да не ме допира тогаш, физички и сексуално, но ме допираше со јазикот, кое беше по неморално но и помалку “валкано”. Но страста сеуште беше тука што значеше дека не требаше да останам сама со него в соба. Морав да бидам спремна да избегам кога тоа беше потребно, се до после пет години, кога мајка ми беше замината поради семејни причини, јас и татко ми бевме сами во куќата и се случи нешто злобно од кое немаше ниту одење назад ниту напред. Ставив крај. Го напуштив домот. Се беше готово. Беше спаковано во длабочината на мојат душа, обележано како “да остане неотворено”.
Му го дадов она што преостана од мојата невиност на еден постар маж, познат актер, познато име. На тоа гледам сега како на љубовта на мојот живот. Неговата љубов може да се мери со љубовта што моите баба и дедо ја имаа за мене. Мислам дека е неговата страст која ми ги разубавува ноќите повеќе од кој и да е друг, повеќе од стотици што секоја секс симбол може да ги има.
Сега му простив на татко ми. Повторно го сакам. Сега сочувствувам прашувајќи се себе си колку и тој скршено се има чувствувано, можеби повеќе од мене. Расчистив со тоа. Дури можам и да му се заблагодарам за фамфатал годините кога им се одмаздив на сите мажи, кога ниту еден од спротивниот пол не беше сигурен кога јас бев наоколу. Како сирената толку омаловажувана и гледана со завист од моите тетки. Никогаш не го насочија својот критизцизам кон мене така, туку сосема обратно.
“Еве ја, мила на тетка, нашето девојче, нашиот секс симбол.”

Превод од англиски: Љупчо Петрески

2 комментария:

nakisha комментирует...

Здраво моето име е nakisha Сакам сите да ми се придружите за да му се заблагодарам на овој човек за враќање на мојот дом со мојот екс-сопруг кој ми ја отфрли за друга жена 5 години. Отпрвин никогаш не верував дека ДР ОГУДУГУ ќе може да ми помогне да ја вратам мојата ЕХ-ХУСБАНД од оваа друга жена, но бидејќи сè уште го сакам и му треба во мојот живот .. работам и следам настава на DR OGUDUGU и ме изненади што по 3 Денови на фрлање на магија и работа со ДР ОГУДУГУ, мојот ЕХ-ХУСБАНД ме повика да простам и да заборавам на сè што ми направи за мене дека сè уште ме сака ... сега јас и мојот сопруг се полни заедно и ние сме многу среќен со нашиот нов живот ... сите благодарение на ДР ОГУДУГУ за одличната работа што ја има направено за мене .. ветувам дека секогаш ќе ја споделам неговата добра работа со целиот широк свет и ако некое тело е надвор, поминува низ какви било тешкотии во врска љубезно контактирајте го преку е-пошта: drogudugusolutionspell@gmail.com
Тој, исто така, специјализираат за следните проблеми
(1) Ако сакате вашиот екс назад.
(2) ако секогаш имате лоши соништа.
(3) Сакате да бидете промовирани во вашата канцеларија.
(4) Сакате жени / мажи да трчаат по вас.
(5) Ако сакате дете
(6) Сакате да бидете богати.
(7) Сакате да го врзувате вашиот сопруг / жена да биде
твое засекогаш.
(8) Ако ви треба финансиска помош.
(9) Хербална заштита.
 контактирајте го DR OGUDUGU преку неговата е-пошта за вкупно решение drogudugusolutionspell@gmail.com

Anonymous комментирует...

Неверојатно сведоштво за магионичар кој ми го врати сопругот. Среќно сум оженет со прекрасен и грижлив сопруг со две деца. Пред седум месеци се случи многу голем проблем во моето семејство, помеѓу мене и мојот сопруг. толку страшно што го однесе случајот на суд за развод. рече дека никогаш повеќе не сака да остане со мене и дека повеќе не ме сака. Така тој се спакуваше од дома и ме натера мене и моите деца да поминеме низ силни болки. Се обидов со сите можни средства да го вратам, по многу молење, но безуспешно и тој потврди дека ја донел својата одлука и никогаш повеќе не сакал да ме види. Така, една вечер, додека се враќав од работа, сретнав еден мој стар пријател кој го праша мојот сопруг. Затоа ѝ објаснив сè, па таа ми рече дека единствениот начин да го вратам мојот сопруг е да посетам магионичар, бидејќи и таа го стори тоа за да го врати својот љубовник. Потоа го следев нејзиниот совет и таа ми даде контакт со DR WALE WhatsApp :+2347054019402. веднаш му испратив на Д-Р Вејл порака на WhatsApp и му кажав за сите болки и неволји со кои се соочувам. Д-Р Вејл ми рече да не плачам повеќе и дека го користам, опушти ми го умот. По многу дискусии со Д-Р Вејл, платив за сите материјали и предмети потребни за да се изведе магијата, а магијата ме увери дека ќе го вратам мојот сопруг за една недела. Каква неверојатна изјава!! Затоа, тој зборуваше со мене и ми кажа сè што требаше да направам. Потоа, следната недела беше толку изненадувачки што мојот сопруг кој не ми се јавуваше во последните седум месеци ми се јави за да ме извести дека се враќа. Толку неверојатно!! Така тој се врати во куќата со многу љубов и радост и се извини за својата грешка и за болката што ја предизвика на мене и на моите деца. Потоа, од тој ден, нашата врска сега беше посилна од онаа како што беше порано со помош на DR WALE. Ќе ве советувам да контактирате со DR WALE WhatsApp/Viber +2347054019402 или е-пошта: drwalespellhome@gmail.com