пятница, 1 февраля 2008 г.

НЕЗАВИСНО ОД ПОЛОТ – АЛЕКСАНДР ХУРГИН

Си биле две женски. Некои по грешка и жени ги нарекуваат. А, заедно со нив, во смисла заедно со тие погрешни жени, расфрлено живееле поети, сопрузи и љубовници. И уште неколку нормални мажи живееле заедно со нив. Но, тие биле на извесно растојание или, можеби, оддалеченост. До нив и раката да ја подадеш, нема да ги дофатиш, па ако сака нека ти се скрши. Не, се разбира ова е преувеличување и во поголема мера хипербола. Можело да се дофатат, но требало да се вложи труд. А, кај нас никој не сака да се труди – ни мажите, ни жените. Затоа никој и не ги дофаќал и тие живееле сами, автономно. Како сите нормални луѓе живеат независно од полот.
Женските си живееле тешко и беспросветно. Со мажите и поетите. Затоа што каде и да се завртиш, ако сретнеш маж, тогаш тоа е или твојот сопруг, или љубовникот или, Боже ме прости, поет. Кој исто така сака да се меша меѓу сопрузите и љубовниците. Кретен.Само страдање носи во радиус од три километри, а можеби и повеќе. Плус безнадежност беспросветна и безнадежна, плсу алкохолизам хроничен, плус мрсули и неврастенија.
Затоа женските-жени се собирале на женски совети ги поставиле сопрузите и љубовниците како основен облик за рефлексија од сопружничките и слични обврски. ЗапочНале, само по севбе се разбира, од поетите, а завршиле со љубовниците. А, нормалните – нив ги има само неколку – се погрижиле и за нив, оставајќи ги за развод и за продолжување на човековиот род.
И до што довело тоа? Кон тоа што требало да довдеде, едноставно не можело да доведе до тоа. Мажите и љубовниците – поранешни женски – почнале да пробуваат сами да се размножуваат, со свои сили и средства, и своите сопружнички должности почнале да ги исполнуваат без женските.
Но, се не им одело од рака. Мислам, процесот како процес се одвивал, го совладале, но без резултат. И деца, за да не им биде празно, не ги раѓаат сопрузите и љубовнисите дури во законски брак со спроведување на обредот на венчавање. Изгледа, во нивниот организам, на сопрузите и љубовниците, нешто не штима. Можеби имаат некој природен дефект – нешто недостига во организмот, а можеби се си има, но не работи она функционалното, атрофирало поради неупотреба додека заедно си живееле жените со сопрузите и љубовниците.
Нормалните мажи, пак, тие неколку, не биле доволни за сите женски, и за да стасаат до нив стојат со години во редици по претходно пријавување, но сите не успеваат да добијат. Да бидеме искрени, апсолутното мнозинство не успева. Затоа што побргу доаѓа нивната смрт, отколку нивниот ред во редицата.
А, научниците се борат, се борат, но не можат да сфатат, зошто населението паѓа и се намалува, демографски стремејќи се кон нулата.
Затоа и се намалува.

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: