пятница, 1 февраля 2008 г.

АВТОМОБИЛОТ – АДЕМ ГАЈТАНИ

Ќе го најдат
мозокот на исток
главата на залез

за себе немаш
за него секогаш

и кожата ја даваш
убавата сакана
и верна

срцето го даваш
него не го даваш
никогаш никогаш
едно чудно враже
владее во мене
ќе ми го најдат
мозокот на залез
главата на изгрев
молневита смрт
од брзината

кај одиш, под барјак црн
од смртта бегам како молња
а секогаш блиску ми седи
главата в торба
со радост ја држам
таа измама
мозок – глава
залез – изгревање

јас сум слободен
в кафез

воланот – коланот
четири брзини
со четири начини
на арабескната смрт
го дишам воздухот чист
смогот го оставам
риби сме
без жабри
се гледаат птици
само кај Ван Гог

гарвани
без нас можеме
без него не

воланот на гробишта
свети месечината

галаксија во заборав

Комментариев нет: