пятница, 1 февраля 2008 г.

НЕПОВРАТЕН БАКНЕЖ - ПЈОТР КАПКИН

Тие седеа на дрвена необоена клупа во стар запуштен парк.Тој беше во облека од полувојнички крој со каки боја. Таа во трикотажна облека за фискултура. Седеа молчејќи, мислеа секој за своето, но во тоа време чувствувајќи го присуството на другиот, макар што седеа без да се припијат. Тој се сеќаваше на детството: на големоракиот, сличен на горила, татко, на редовните саботни шибања и на роденденските подароци што неговата слабичка мајка му ги подметнуваше под перницата. А таа размислуваше за Него не со злоба, ами со некаква, за неа необјаслива, нервоза: “Се загледа во една точка и ништо околу себе не гледа.
Покарај нив пролета Карлсон со шише пиво под мишка, важен и сосредоточен. ТОЈ се сепна и викна по пропелерот: “Колку е пивото?” -- викна така, без желба да добие одговор (ТОЈ не го сакаше пивото). Карлсон веќе се беше скрил, висејќи како темна точка што се оддалечува високо над зградите, но сепак, очигледно, го слушна извикот зашто се заврте назад и, пролетувајќи во бришан лет крај клупата, изговори во еден здив: “Шеесет копејки, “Праздрој”, во Бабушкина, кај станицата”, - и одлета. Но ТОЈ не слушна ништо зашто повторно се загледа некаде напред и надолу. Таа сé слушна, но со ништо не реагираше - ниту со поглед, ниту со движење.
Тие седеа молчејќи. Се стемни. Почна да врне дожд и снег. Тие станаа, без да се договараат, туку истовремено, и отидоа на различни страни... Веќе се беа скриле еден од друг на пушкино растојание и на човек од страна никако не би му текнало дека пред половина час ТИЕ седеа на една клупа во паркот. Тие сакаа да шетаат исто како што сакаа да седат. И одеа долго и со задоволство; излегоа од градот - ТОЈ на еден автопат, ТАА на спротивниот. НЕГО го префрли до морето еден возач на камион - ладилник. НЕА - до другото море - автобус со туристичка група. Тие се качија на параброди, ја обиколија земјината топка... излегоа од вагони на спротивни станици и појдоа во парк - седнаа истовремено на старата нефарбана клупа и, откако се погледнаа еден со друг, се насмевнаа...
ТОЈ сега седеше исто, гледајќи во далечина, и размислуваше со нежност за детството. ТАА размислуваше за НЕГО, но веќе без нервоза - размуислуваше топло и нежно.
Карлсон го зеде дурбинот и, наоѓајќи ја во стариот парк клупата, кадешто ТИЕ седеа, им прати неповратен воздушен бакнеж.

Превод од руски: Костадин Голаков

Комментариев нет: