пятница, 1 февраля 2008 г.

ПРЕЉУБА – АЛЕКСЕЈ АГАТИ

- А, сега? Забележа? – Сергеј ја подава главата нагоре, загледувајќи се во ноќното небо.
Стас се обидува да улови какво и да е движење меѓу ѕвездите, повторно станувајќи неподвижен, а потоа се врти кон Сергеј.
- Што посака? – небаре безначајно прашува тој.
- Погоди! – се смее Сергеј.
- Следната ѕвезда ќе биде моја. Важи? – Стас го впива својот поглед во толпата оганчиња.
Во малиот парк нема никој. Наоколу е тивко. Навечер никој нема да забележи дека две момчиња седат мошне близу еден до друг.
- Па? Успеа да посакаш? – со шепот праша Сергеј.
- Да! – Стас ги затвора очите. Неговите усни претскажуваат бакнеж.
* * *
По извесно време Стас престана да му се допаѓа на Сергеј.
Беше време да му се каже тоа на Стас, за да се прекратат непотребните односи.
Но, несакајќи Сергеј дозна, дека неговите родители решиле да се преселат кон крајот на летото. И тој ќе мора да замине со нив.
Тогаш Сергеј реши да почека за да му каже на Стас. И во последниот момент на разделбата да му каже дека престанал да го сака.
Зошто да се замрачуваат последните недели со скандали, да се трошат нерви.
Тие продолжија да се среќаваат. Како ништо да не се случило, Сергеј го минуваше времето со Стас.
Стас ништо не заблежуваше, капејќи се во својата љубов. Како и претходно се протегаше со своите наметливи бакнежи. Имаа еднообразен секс. Полудуваа од романтичните гестови на Сергеј. Ги броеја деновите до разделбата.
И летото продолжи.
* * *
Го помнам тоа лето. Во моите спомени бесконечното време се мешаше со соништата, со топлите пердуви, со ладникавите ноќи, со шепотот на слатките зборови, со ѕвездите што паѓаат.
Во моите спомени Сергеј е со мене.
* * *
Тони метал наоколу. Целата железничка станица беше опколена со железни столбови. Бетонот под нозете беше пронижан со челик. Тешките железни вагони беа довлечени еднододруго на перонот.
Разделувачка декорација. Остануваат неколку минути за последните зборови пред разделбата.
Среде метежот на челезничката тие беа сами еден со друг.
- Знаеш, ова беше најубавото лето, - вели Сергеј, обидувајќи се да не го погледне в очи.
- Те сакам, - рече Стас тивко за да може да слушне само Сергеј.
- Сакам да ти кажам… Намерно не ти кажав до последниот ден… - почнува Сергеј, гледајќи право пред себе.
- Сергеј! Веќе повикуваат! Доаѓај побргу! – мавта од прозорецот мајка му.
- Па, време е, - Сергеј се сеќава ненадејно и од џебот вади мобилен, - Земи го за спомен.
- Наоколу мешаница. Никој не забележа, дека две момчиња се прегрнаа за простување.
Пред да влезе во вагонот, Сергеј се завртува.
- Стас! Ќе те помнам.
Возот тргнува и по извесно време фаќа брзина. Се наоколу почнува да се движи.
* * *
По еден час од разделбата, откако си дојде дома, Стас му се јави на Сергеј. Чекаше за неговиот глас да го прекине титкањето, се дури не слушна како мобилниот на Сергеј ѕвони недалеку.
Познат звук, што тој го слушаше кога Сергеј беше до него.
Следниот ден мобилниот на Сергеј не беше достапен и повеќе не ѕвонеше.
* * *
Повеќе не ќе можам никого да сакам толку силно, колку што го сакав Сергеј.
Тоа е зашто светот наоколу многу се измени.
А, јас останав онаков каков што бев…

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: