пятница, 1 февраля 2008 г.

ПРАШАЊЕ – ДАНИИЛ (ИВАНОВИЧ ЈУВАЧОВ) ХАРМС

- Постои ли нешто на Земјава што може да го измени значењето и дури би можело да го измени текот на настаните не само на Замјата, туку и на другите светов? – го прашав мојот учител.
- Постои, - ми одговори учителот.
- Што е тоа? – го прашав јас.
- Тоа е… - почна мојот учител и замолче.
Јас стоев и напрегнато го очекував одговорот. А, тој молчеше.
И јас стоев и молчев
И тој молчеше.
И јас стоев и молчев
И тој молчеше.
Двајцата стоиме и молчиме.
О-ла-ла!
Двајцата стоиме и молчиме.
Е-ле-ле!
Да, да, двајцата стоиме и молчиме.

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: