пятница, 1 февраля 2008 г.

ТАЖНО Е КОГА МИ ГО КРИЕШ СОНЦЕТО – СЕРГЕЈ КОЗЛОВ

Над планината имаше облак и розово-портокалова светлина. Цел ден врнеше дожд, потоа престана, па изезе сонцето, отиде зад планината и затоа таа беше таква. Беше прекрасно, беше толку убаво така што ежето и мечето едноставно гледаа и ништо не велеа. А, планината цело време се менуваше: портокаловото се преместуваше налево, розовото надесно, а синото стана тиркизно и остана на врвот. Ежето и мечето многу ја сакаа таа игра: ќе ги затвореа очите, а кога ќе ги отвореа сé беше поинакво.
- Бргу отвори ги очите! – прошепоте ежето. – Супер!
Сега портокаловото се растече со портокалов блесок по сета планина, а розовото и синото исчезнаа. Облакот одеше сé погоре и погоре, а планината како да беше обвиткана со портокалова лента. Тие повторно ги затворија очите, па кога за миг повторно ги отворија повторно сé се беше изменило. Портокаловото беше отишло налево, розовото надесно, розово-синото исчезна и сета планина стана темна, величествена, да не можеш да го тргнеш погледот. Ежето и мечето повотно ги затвориле, па ги отвориле очите: планината била спокојна, облачна, со нежен розов сјај од десно, но тие не успејаа ни да ги затворат очите, а сјајот го снема. Облачната, прекрасна планина го гледаше ежето и мечето. Можеби им се причини на ежето и мечето, а можеби и навистина некој прогпворе во тој момент:
- Ви се допаѓа кога ме гледате?
- Да, - рекло ежето.
- А, кој? Кој зборува? - со шепот прашало мечето.
- Убава ли сум?
- Да, - рекло ежето.
- А, кога повеќе ви се допаѓам - наутро или навечер?
ТогаП мечето сфатило дека зборува планината.
- Мене наутро, - рекло мечето.
- А, зошто?
- Зашто тогаш цел ден е пред мене и...
- А, тебе еже?
- Тажно е кога ми го криеш сонцето, - рекло ежето. - Но јас најмногу сакам да те гледам навечер.
- А, зошто?
- Кога те гледам навечер како да стоиш онаму, на хоризонтот, и можам да гледам далеку-далеку.
- Што виде денес, еже? - прашала планината.
- Денес сонцето сакаше да се скрие, но некој не му даваше, така што не мислев на ништо, ами само гледав.
- А, јас... Ние... Ги отвораме очите, па ги затвораме. Така си играме, - рекло мечето.
Ноќта почнала да паѓа. И кога било сосема темно темнозеленото небо се одвои од планината, која можеше убаво да се види. Беше црна на бледосина позадина која ја одделуваше од темното небо.

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: