пятница, 1 февраля 2008 г.

ЛУДАТА АНА - ЕН СЕКСТОН

Лудата Ана,
Јас имам нож под мишка.
Кога стојам на прсти тапкам пораки.
Инфекција ли сум?
Дали те спобудалев?
Јас да не ги направив звуците непријатни?
Јас да не ти реков да скокнеш од прозорец?
Прости. Прости.
Речи не сум јас.
Речи не.
Речи.

Кажувај невини зборови по нашава перница.
Одведи ме, оваа дванаесетгодишна
во твојот мек скут.
Шепоти како ѕуница.
Изеди ме. Изеди ме како крем-пудинг.
Земи ме внатре.
Земи ме.
Земи.

Кажи ми што се случува во душава моја.
Кажи ми што да преземам со телово мое.
Дај ми магнолија и остави ме да слушам.
Зауздај ме и нека помине цела толпа низ мене.
Наброј ми ги гревовите на листата за купување и
дозволи ми да ги купам.
Дали те спобудалев?
Дали јас бев таа која ти ги вклучи слушалките и
сирената одекна?
Дали јас му ја отворив вратата на мустакливиот
психијатар
кој те влечкаше како златна кочија?
Дали те спобудалев?
Од гробот пиши ми, Ана!
Само пепел си, ама ако,
земи го скапото пенкало што ти го дадов.
Пиши ми.
Пиши.

Препев од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: