пятница, 1 февраля 2008 г.

ВО СПОМЕН НА ПРИЈАТЕЛОТ – РАДЕ СИЛЈАН

Каменот те клевети Каменот те коби
Не знаеш на која страна може да ти одлета главата
Побрз си од мислата и звукот
Преспиваш на бела виделина и лоша заветрина
Црна дамка криеш во својто нежно срце.

Те бараат темни пори и зелени очи
Кајшто мириса роса за љубов и смрт
Штом трагата ќе ти ја најдат
Ќе ти го заборават одот
Никој не ти го знае ни почетокот ни крајот.

Во утробата изгубена надеж талка
Под јазикот рти корен на осојно цвеќе
Од тебе подалечно со сета лажна среќа
Со тебе По тебе Во тебе За лек – за навек
Треба да се оди пеш до изворот на песната.

Комментариев нет: