пятница, 1 февраля 2008 г.

СОНЧЕВИОТ ЦВЕТ – ПРИКАЗНА ОД МАЈАМИ

Одамна индијанците од племето Мајами во шумата нашле една девојка – индијанка која била на умирање. Тие ја одевле кај водачот, па тој ја зел во своето семејство.
Поминале многу години. Девојката пораснала и станала вистинска стројна убавица. Индијанците ја нарекле Сончев цвет.
Таа умеела најдобро од сите свои врснички да управува со кану, трчала најбргу од сите и без многу сила можела да преплива големо растојание. Но, при тоа била и многу горделива.
Кога таа наполнила осумнаесет години и кога младите воини почнале да ја загледуваат, Сончевото цветче не претпочитала ниту еден од нив зашто сметала дека сите тие не се достојни за неа. Тогаш водачот на племето ја викнал кај себе и и рекол да си одбере маж. Но, девојката рекла дека ќе се омажи со оној што ќе успее да ја претрка во кану. Само победникот може да и стане маж.
Денот кога требало да се одржи натпреварот бил навистина топол. Веќе било септември. Птиците си ги пееле своите песни. Од нежниот ветрец по реката почнале да се појавуваат скромни бранови. Од време на време од водата изрипувале рибите, небаре сакале да видат дали се собрале многу луѓе.
А, луѓето се собрале за да видат кое е најсилното момче што ќе успее да ја победи и да ја земе за жена Сончевото цветче. Но само што момчето и Сончво цветче се качиле во кануата, се појавило уште едно кану. Во него седел некој непознат млад индијанец. Тој ги кренал рацете нагоре што значело дека дошол со мирни намери. Водачот му дал знак и тој се приближило. Момчето му кажало дека дошол од далеку за да ја побара Сончево цветче за жена.
На тоа водачот одговорил:
- Ако денес никој од воините од моето племе не успее да победи во натпреварот, утре ќе ти дозволам ти да си ја пробаш среќата.
Така започнало натпреварувањето. Еден по еден се натпреварувале младите воини, но кануто на Сончевото цветче секогаш стасувало прво. Сончевото цветче, пак, без срам гласно ги исмевала несреќниците:
- Никој не може да ме победи! Дури ни сонцето!
Но, дошол вториот ден. Сончевото цветче си седела во своето кану, а во другото седел непознатиот индијанец. Сите го чекале сигналот од водачот. И кога се слушнал сигналот, двете кануа не тргнале бргу по текот на реката како што очекувале сите, ами полека почнале да одат нагоре. Вчудовидените луѓе сето тоа со внимание го гледале се дури двете кануа не се скриле зад облаците. Луѓето од племето долго стоеле на брегот. На крајот стариот водач го прекинал молкот:
- Таа не сакаше да си најде маж меѓу луѓето. Го предизвика сонцето, па тоа дојде и ја зеде со себе.

Превод од англиски: Емил Ниами

Комментариев нет: