вторник, 5 февраля 2008 г.

МАЖОТ - ДОМАЌИН - РУСКА НАРОДНА СКАЗНА

Мажот секој ден работел во полето, а жената дома домаќинлакот го терала.
Мажот мошне често и велел:
- Јас цел ден работам во полето, а ти што правиш? Ништо не работиш! По цел ден седиш дома!
- Во ред, - рекла еднаш жената. - Ти остани дома, а јас ќе одам во полето.
Така и направиле. Жената отишла на поле да работи, а мажот си останал дома да го тера домаќинлакот. Си дошла жената дома на ручек и кога што ќе види: козите ја јадат зелката, сите кокошки во градината отишле, крават мука гладна, мачката млекото го истурила, печката камен ладна, а ручек нема. Тргнала тогаш жената мажот да го бара. А, тој седнал покрај бунарот, ја фрлил во него кофата и не може да ја извлече...
Погледнала жената, па рекла:
- Што има да се каже? Никогаш домаќинлак не терал! Добро е што жив останал!

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: