вторник, 5 февраля 2008 г.

УЧТИВОТО ЗАЈЧЕ – МЕКСИКАНСКА НАРОДНА ПРИКАЗНА

Си било некое зајче кое било многу скромно и учтиво. Еднаш, откако се најало зелка од селската градина, си тргнало кон дома, но по пат ја видело лисицата. Таа се враќала во шумата. Таа не успеала да украде кокошка од дворот на селаните и била многу лута и гладна. На зајачето му запрело срцето. Треба да се бега! Но, каде? И така, зајчето скокнало во пештерата. Тоа не знаело дека таму го чека друга закана зашто во пештерата се населила змијата. Сепак, зајакот бил воспитан и знаел дека не смее да влегува во туѓ дом без дозвола на домаќинот. “Треба да се поздравам, - си помисло тоа, - но со кого? Па, се разбира, со пештерата!”
Си седнало тоа на задните ноџиња и учтиво рекло:
- Добар ден, добра пештеро! Дозволете ми да влезам!
Змијата многу се израдувала кога го слушнала гласот на зајчето.
- Влези, влези! - му рекла таа, сакајќи да го залаже.
Но, зајачето по гласот многу добро знаело со кого си има работа.
- Извинете што ве обеспокоив, - рекло тоа. - Јас сосема заборавив дека ме чека зајчицата! До гледање! - и почнало да скока и да бега.
Кога дошло дома, во својата дупка, зајачето се присетило дека учтивоста никому му нема нанесено штета.
Змијата, пак, се склопчила и промрморела:
- Подобро да не му одговорев! Ах, тие учтиви зајчиња!

Превод од шпански: Емил Ниами

Комментариев нет: