вторник, 5 февраля 2008 г.

СЕЧИЛО - ЕН СЕКСТОН

Што да правам со сечилово?
Цветна градина?
Да го шибнам во месечината?
Да си ги избричам нозете со него?
Да уловам златна рипка?
Не. Не.

Го направив
на сон,
за тебе.
Очиве ми беа затворени.
Бев фетално заоблена,
а имав сечило
посебно направено за твојот стомак.
Папокот ја кажува гатанката.
Цревата се превиткуваат како планински патишта.
Беше создаден да влезе во тебе
како што ти влезе во мене
и да ја извади твојата закопана срцевина,
да ја извади лажицата со која ме наколка,
да ја извади птицата која рече еби се,
да го изделка во скулптура додека е бел
и да го ставам на полица,
предмет мртов како камен,
но со сите вибрации
на распетие.


Препев од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: