пятница, 1 февраля 2008 г.

АНДРЕЈ НАЈМУДРИОТ – БЕЛОРУСКА НАРОДНА СКАЗНА

Си било едно љубопитно момче по име Андреј. Тој сакал да знае сé! Каде и да се заврти, што и да види, за сé прашувал. На небото пливаат облаци... Од каде се појавиле? Каде одат? Шуми реката од селото... Каде тече? Рате шумата... Кој ја посадил? Зошто птиците имаат крилја и слободно летаат, а човекот нема?
Луѓето му одговарале, му одговарале и на крајот виделе дека и тие не знаат што да одговорат.
- Ти, Андреј, сакаш да бидеш најмудар од сите! – почн але да си играат мајтап со него. – Можно ли е сé да се знае?
Но, Андреј не верувал дека не треба сé да се знае.
- Ќе одам, - си рекол тој, - кај сонцето, тоа свети насекаде, сé гледа и сé знае. Тоа ќе ми раскаже сé што не знам.
И така тој ја напуштил својата куќа и отишол да го бара местото каде почива сонцето.
Одел тој така, одел и видел некој човек кој седел на каменот и постојано прашувал: Долго ли ќе седам тука?
Андреј не можел ништо да му одговори.
Тргнал тој понатаму. Гледа – еден човек со плеќите ја потпира оградата.
- Што правиш, чичко? – го прашал Андреј човекот. Зошто ја потпираш оградата?
- Не знам! Да не знаеш ти случајно?
- Да знаев не ќе го барав оној што сé знае – одговорил Андреј и продолжил понатаму.
Не поминало многу време, туку здогледал како еден човек се валка во ѓубре.
- Чичко, зишто се валкаш во ѓубрето?
- Не знам – му одговорил човекот.
- Па, и јас не знам – рекол Андреј и продолжил понатаму.
По некое време тој се нашол во длабока шума. Цел ден одел низ неа, а кога паднала ноќта излегол на една полјана. И тука тој замалку не ослепел: во полјаната засјал голем блесок. Замижал тој, а потоа малку отворајќи ги очите видел како сонцето искри со своите зраци, Тој тргнал кон него, но од блесокот ништо не гледал. Ѕорнал малку и гледа на еден трон седи мајката на сонцето.
- Зошто си дошло, момче? Што сакаш? – го прашала таа.
Андреј се поклонил и и рекол:
- Дојдов кај сонцето да го прашам за сé што не знам.
- А, што не знаеш?
Почнал Андреј да и раскажува. Старицата слушала, слушала и на крајот почнала да зева:
- Добро, - му рекла таа – почекај малку, а мојот син ќе се врати за да отпочине. За тоа време јас ќе дрменам, стара сум и болна, се заморив.
Тогаш Андреј излегол од зраците. Запалил оган и понал да пече месо на ражен зашто цел ден ништо не бил јаден!
Се најал тој, а потоа сакал да се напие и водичка. Отишол тој до реката и се наведнал над водата. Одеднаш видел како од дното на реката излегува една девојка, толку убава што не можел од неа очите да ги тргне. И таа во него се загледала.
- Не пиј вода од реката, - му рекла таа, - инаку сонцето ќе те изгоре!
- Ама, многу сум жеден – одговорил Андреј.
- Дојди со мене – му рекла девојката.
Го донела девицата кај стариот даб, а под него тој видел извор со чиста студена вода. Се наведнал Андреј и се изнапил ладна изворска вода. Тогаш небото почнало да се спушта за да отпочине. Андреј морал да отиде, но немал сила да се раздели од девојката.
- немој да си му кажал на сонцето дека си ме видел тука – му рекла девојката. Потоа се кренала нагоре, се претворила во ѕвезда и бледнала.
Тргнал Андреј во куќата на сонцето, а тоа толку силно печело што дури и ѕидовите на куќата почнале да пукаат. Но, Андреј се напил изворска вода, така што сонцето не можело да го изгоре. Само ја ставил капата на глава за да не гоо испече темето.
Му раскажал тој на сонцето зошто дошол, а тоа, пак, му одговорило:
- Немам време да те учам. Но, ќе направам сé сам да научиш.
Само што го кажало тоа, сонцето ги собрало сите свои зраци и му блеснал на Андреј во главата. Во тој миг Андреј почувствувал дека во глават му станало појасно и посветло, само што малку горела, а срцето одеднаш му станало ладно како мраз.
Изглегол тој од куќата на сонцето. Не му било убаво со ладно срце. Тогаш му текнало на девојката. Многу сакал да ја види. И така почнал да ја повикува. Тогаш од небото паднала ѕвезда ис е претворила во убава девојка. Кога ја погледнал, Андреј почувствувал дека срцето му станало како и пред тоа.
Ја зел тој девојката за рака и ја одвел во својот крај. Тој станал толку среќен што повеќе ни на крилатите птици не им завидувал. Оделе тие така и стасале до човекот кој се валкал во ѓубрето. Андреј го погледнал и му станало јасно.
- Ти, - му рекол тој на човекот, - во ѓубрето ги бараш изгубените пари, ама џабе трошиш време. Подобро фати се за работа, побрзо ќе ги заработиш тие пари одошто ќе ги најдеш.
Човекот го послушал, се фатил за работа и собрал многу пари.
Тргнале тие понатаму и го виделе човекот што со плеќи ја потпирал оградата. Андреј го погледнал, та му рекол:
- Не потпирај го, човеку, она што е гнило, како и да е ќе падне. Подобро направи нова ограда.
Човекот го послушал и наместо старата направил нова ограда.
Потоа дошле тие двајцата до човекот што седел на камен и не знаел уште колку треба да седи. Андреј му рекол:
- Не биди скржав, човеку. Дај им и на другите луѓе да седнат на каменот.
Го тргнал Андреј човекот од каменот, а на него седнал тој со девојката. Човекот, пак, задоволен отрчал дома.
Си се одмориле тие така и тргнале понатаму во крајот во кој живеел Андреј. Оттогаш Андреј повеќе не ги прашувал луѓето, ами тие него. Така тој станал најмудар.

Превод од белоруски: Емил Ниами

Комментариев нет: