пятница, 1 февраля 2008 г.

XXXV (ОД “КАМЕРНА МУЗИКА”) – ЏЕЈМС ЏОЈС

Цел ден ги слушам водите
како офкаат,
Тажно, како морската птица, кога
полетува сама,
и ги слуша ветровите како плачат над водената
монотонија.
Сивите ветришта, ладните ветришта дуваат
каде и да одам.
Го слушам звукот на многу води,
таму долу.
Цел ден, цела ноќ, ги слушам како течат
напред- назад.

Препев од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: