пятница, 1 февраля 2008 г.

ЉУБОВТА НА РАБОТНИЧКАТА КЛАСА – ГЕНРИХ ВЕНЈАМИНОВИЧ САПГИР

– Ме сакаш ли ти мене или не? – ме праша мојот компјутер. Што да му оговорам?
Младиот мајстор ја љубеше својата мотика. Тешкиот инструмент му возвраќаше со взаемност и целиот трепереше во неговите силни, исплускавени раце.
Еднаш човекот се воодушеви, се вљуби. Срамно е да се каже во кого, во вотката проклета. Но, му удри в глава. Три дена “брмчеше”. Сепак се фати за работа, му текна.
Утрината рацете трепереа, падна мотиката. А, таа од љубомора целата гардероба во еден замав ја разнесе и на мајсторот главата му ја скрши. Го однесоа. Еве, крв на струготините остана.
Што да се каже, љубовта кон својот алат ретко се среќава меѓу работниачката класа. Косачката и лопатата нé љубат нас. Обиди се да ги изневериш. Ќе те стасаат и ќе те скршат од ќотек.
А, дигалката, високата печка? Едноставно со чудовишен изглед и сила на жените.

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: