пятница, 1 февраля 2008 г.

ГРБЛО – ЈУЛИЈАН ТУВИМ

Убави кравати,
Ама што ќе ми се кога сум грбав?

Тоа сребрено облекло
Убаво ќе ми одговара со лицето.
Ама за џабе:
И така никој не ќе го забележи.

И да е како виножите,
И со папагалски бои нека е,
Никој не ќе рече: “Колку убава кравата”,
Ами сите ќе кажат: “Колку страшен грб!”

Ми треба марама долга,
Најубаво е со марама!
Ќе ја заврзам толку убаво,
Што не ќе ме познаете!
- Ах! Ах! - ќе шепнете -
Каков грб!
Ама …зошто тој …виси на краватата?

Препев од полски: Емил Ниами

Комментариев нет: