пятница, 1 февраля 2008 г.

ФЕР РАЗМЕНА – ТОМАС КЕРНИС

Еве што добиваш за тоа што ми пријде пред клубот таа ноќ минатото лето, на паркингот, кога беше топло и влажно и два по полноќ. Еве што добивам што стоев сам, малку пијан, малку разочаран, што те видов како ме гледаш, што не ги погледнав твоите другари, за кои можев и тогаш да кажам дека се млади, помлади од мене. Еве што добивам што ти се насмевнав кога те видов тебе и кога ненадејно една од оние трагични девојки кои би биле со убави момци, знаејќи дека тие никогаш нема да ги сакаат, ми пријдеи ме праша како се викам, а јас и кажав, и кажав и не престанав да те гледам. Еве што добива твојата стара вештерка што те одмина во нејзината ужасна, безначајна кратка сукња и ти свирна, свртувајќи се и велејќи ти дека сум фин и оти моето име е Рас и дека сум сладок и оти сега можеби ќе мора да си оди дома сама. Еве што добивам што таа вечер потскокнав, особено кога ми пријде откако таа ти кажа дека е во ред, дојде и ме бакна, ме бакна слатко и беспоштедно како кокаин. Еве што добиваш што натер едно постаро момче да ти се приближи на паркингот, пред сите, дозволувајќи неговите раце да те прекријат како нов имот. Еве што добиваш за тоа што беше излезен на ден кога се оди на училиште.
Еве што добивам за тоа што ти го напишав својот телефонски број на твоето нежно, рамно стомаче откако не можеше да најдеш парче хартија. Еве што добивам што ги обвиткав своите раце околу твојот стомак, затегнат од фудбал и хиперактивност, откако го напишав својот број и мастилото од хемиското пенкало, што на некој чуден начин се беше нашло во мојот џеб, протече низ моите прсти, слевајќи со млитавост на бела лага околу тебе се дури не ја зеде мојата рака во твојата. Еве што добиваш поради тоа што твоите раце беа суви и нежни како новооткриени коски. Еве што добивам поради тоа што не инсистирав да дојдеш со мене дома, и нека е проклета мајка ти и твоите часови и нека се проклети твоите другари, кои беа очајно да ја споделат својата осаменост со кафе и одвратни цигари во палачинкарницата во центарот.
Еве што добиваш поради тоа што си убаво момче. Еве што добиваш поради тоа што мислиш дека светот е твое огледало. Еве што добивам поради тоа што ја дофатив убавината на паркингот од еден од градските геј клубови во раните утрински часови на работен ден, слушајќи го шумот што го правеше песокот под нашите нозе додека ја приближуваше својата усна на мојата. Еве што добивам поради тоа што го слушав чкрипењето на гумите возејќи се накај дома сам по тој бакнеж, замислувајќи дека тоа е е некоја украдена серенада.
Еве што добиваш зашто навистина ми се јави. Еве што добивам зашто одговорив на повикот. Еве што добиваме поради тоа што сме различни генерации. Еве што добиваме порадои тоа што со часови зборувавме за ништо друго освен за одвратниот, срамен лексикон на жешки фантазии. Еве што добивам поради моите сексуални фантазии кои се граничат со воајеризам и емоционална перверзност. Еве што добиваш поради тоа што се соблече откако ги дозна моите новости, по многуте поладниња кога ги озборувавме скриените пријатели и оние збунетите. Еве што добивам за змената на ентузијазмот со страст. Еве што добиваш поради тоа што можеше да се искрадеш од дома.
Еве што добиваш поради тоа што не беше ја платил сметката за мобилен. Еве што добивам поради тоа што никогаш не те прашав како се презиваш. Еве што добиваме поради тоа што никогаш не разговаравме млитавите, пожолтена едноличност на дневните часови. Еве што добивам за благодарноста, мислејќи дека секој полноќен повик треба да биде загрижувачки.
Еве што добиваат месеците за разминувањата, незабележливи и неизбежни како оддалечени роднини, како бакнежи на поле пред да не облее дневната светлина.
Еве што добиваш поради тоа што немаш кола. Еве што добивам поради тоа што немав каде да одам в сабота навечер. Еве што добива твојот другар, кој одвај чекаше да се ослободи од тебе и ми се обрати да му помогнам да го најде мобилниот што го беше изгубил некаде во дворот на неговата куќа во глувите, безбојни часови на утрото. Еве што добиваш поради тоа што имаш расипани другари. Еве што добиваш поради тоа што се уште не си доволно возрасен да сфатиш дека само домаќинките мешаат алкхол со антидепресиви. Еве штоп добиваш поради тоа што му се тупна во кола на човек со кој со месеци не си прозборел. Еве што добиваш што веднаш се согласи да дојдеш кај мене. Еве што добивам поради тоа што си дозволив да верувам дека истата идеја не ти паднала и тебе на ум.
Еве што добивам поради тоа што не го чистев станот. Еве што добивам поради тоа што те бакнав, додека телевизорот беше вклучен, а собата смрдеше на цигари. Еве што добивам поради тоа што сум опортунист. Еве што добиваш поради тоа што кон твојот дом води само еден пат.
Еве што добиваме поради тоа што ја оставивме облеката расфрлана во ходникот, небаре се трошки што ги направило немирно дете. Еве што добиваш поради тоа што го изгаси светлото што го бев оставил во мојата спална соба. Еве то добивам поради тоа што не ми дозволи да влезам во тебе. Еве што добивам поради тоа што лежев со лицето свртено нкон креветотм а ти се качи врз мене и се тетеравеше како момче што се качило на коњче што работи на паричка во некој супермаркет. Еве што добивам што се завртев и што те погледнав в лице, што ги доближив моите усни до твоите, што ги превртев очите, изгубено, но не само одвнатре. Еве што добиваш, Кајли, еве што добиваш. Затоа земи го, земи се и земи повторно.

Превод од англиски: Емил Ниами

Комментариев нет: