пятница, 1 февраля 2008 г.

ТАТО – СИЛВИЈА ПЛАТ

Нема, нема,
повеќе мој, црн чевелу,
во кој живеев како стапало,
цели триесет години, кутра и пребледена,
одвај да дишам и офкам.

Тато, требаше да те убијам,
а умре пред да имам време,
вреќа полна со бог, мермер-бреме,
гнасна статуа со еден сив прст на нога
како на морж.

И главата во непредвидливиот Атлантик,
каде зелен дожд паѓа над синилото,
во водите на убавиот Нозет,
се обидував да те повратам,
Ach Du.

На германски јазик, во полски град,
срамнета со земја од бран
на војни, војни, војни.
Но името на градот е познато,
мојот полски пријател

Вели ги има дузина или две,
Затоа не можев да ти кажам
кај си појден, од кај си дојден,
никогаш не сум можела да зборувам со тебе.
Јазикот ми се врзувал.

Се заглавил во стапица од бодликава жица,
Ich, Ich, Ich, Ich,
одвај зборував.
Мислев секој германец си ти,
а јазикот им е бесрамен.

Локомотива, локомотива,
ме влечка како еврејка,
еврејка во Дачу, Аушвиц, Белсен.
почнав да зборувам како еврејка,
а можно е да сум еврејка.

Снеговите на Тирол, бистрото виенско пиво,
не се толку чисти ни вистинити.
Со моите цигански предци и мојата чудна среќа,
и тарот картите и моите тарот карти
можеби и помалку сум еврејка.

Секогаш ти ме плашеше,
со твојот луфтвафе, твоето мимимини
твоите уредни мустаќи,
и тие ариски очи, светло сини
панцирмен, панцирмен, Ах ти-

Не Бог, ами свастика
толку црна што и небото не може да и писне.
Секоја жена обожава фашист,
чизмата в лице, на грубијанот,
грубо срце од грубијан како тебе.


Стоиш покрај таблата, тато,
на сликата што ја имам твоја,
Дупче на твојата брада место на твоето стапало
Ама исто како ѓавол си, не
помалку човекот во црно кој

го искина моево црвено срце баш тој.
Имав десет кога те закопаа,
на дваесет сакав да умрам
и се вратив, вратив, вратив од кај тебе.
Мислев дека коските ќе останат.

Но ме извлекоа од гроб,
и ме залепија со лепило,
ама не добив слепило,
направив кукла како тебе,
маж во црно со Мајнкамф стил.

И со страста за клада и шајки,
реков да Јас да Јас,
Така тато, конечно завршив
проклетиот телефон го исклучив од жица
гласовите да не стигнат низ него.

Ако убив еден, убив двајца-
Вампирот кој ми рече дека си тоа ти
и ми ја пиеше крвта една година,
седум години ако сакаш баш да знаеш.
Тато, сега можеш да лежиш таму.

И колец ти ставив во твоето црно мрсно срце,
а и селаните не те сакаа.
Играат и скокаат по тебе
Секогаш знаеја дека тоа беше ти.
Тато, тато, копиле едно, завршив.

Препев од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: