пятница, 1 февраля 2008 г.

ЧЕТИРИ ИЛУСТРАЦИИ ЗА ТОА КАКО НОВАТА ИДЕЈА ГО ОГОРЧУВА ЧОВЕКА КОГА ТОЈ НЕ Е ПОДГОТВЕН НА ТОА – ДАНИИЛ (ИВАНОВИЧ ЈУВАЧОВ) ХАРМС

I
ПИСАТЕЛОТ: Јас сум писател!
ЧИТАТЕЛОТ: А, јас мислам дека си гомно!
(Писателот стои неколку минути, потресен од таа нова идеја и паѓа мртов. Го изнесуваат)

II
СЛИКАРОТ: Јас сум сликар!
РАБОТНИКОТ: А, јас мислам дека си гомно!
(Во тој момент сликарот побледел како крпа, се затетерави како трска и неочекувано умре. Го изнесуваат:

III
КОМПОЗИТОРОТ: Јас сум компзитор!
ВАЊА РУБЉОВ: А, јас мислам дека си гомно!
(Композиторот, тешко дишејќи, остана неподвижен. Неочекувано го изнесуваат)

IV
ХЕМИЧАРОТ: Јас сум хемичар!
ФИЗИЧАРОТ: А, јас мислам дека си гомно!
(Хемичарот не кажал ни збор ами треснал на земја.)

Превод од руски: Емил Ниами

Комментариев нет: