Седев испружен на лита рогузина,
налактен на левата рока,
со десната цигар си паља
од мангалот.
Гледав на запад.
“Тешко ти и горко, Исаија”,
си мисља,
“кој зноет шчо те чекат ушче!”
После си реков со умот:
“Ами свети Ѓорѓија, ами свети Димитрија,
не биле души? И шчо извиделе, и шчо истргале,
и животта ја дале
за Ристоса!”
Тога се претстави пред мене
мож
речи триесетгодишен,
воин
во зелена облека.
- Шчо си се уфилил, Исаија? -
праша.
- Таке и таке, Господине!
- Не бери гајле, Исаија!
Имат Господ над нас.
Ќе тргаш моки, за тргање,
ама и куртул имало за тебе.
Таке да зноеш!
Прибрав душа,
зедов здив,
тргнав од цигарот.
- Ами како влезе овде
низ тољку стражи,
Господине?
- Мене не моет никој да ме видит.
Слегов на коња
од Лазарополе
долу низ Вртешка.
Сега требет назад да се врата
брго-брго,
дур не догледала Дунава твоја
оту ме немат на иконата.
И го снема.
Тога ми текна
оту беше свети Ѓорѓија златен.
Подписаться на:
Комментарии к сообщению (Atom)
Комментариев нет:
Отправить комментарий