пятница, 1 февраля 2008 г.

НАШ СОВРЕМЕНИК – ПЈОТР КАПКИН

Тој одеше во кругови и осумки... ѕирна во орманот за книги - нема никој, погледна на балконот - и таму никој, внимателно го разгледа секое канче во креденецот и сите длабоки чинии без исклучок... - дури ни во огромната порцеланска чинија за супа немаше никој: побара во бањата, во ходникот - резултатот беше ист. Го поврте копчето на транзисторот, но ниту од Би-Би-Си, ниту од програмата “Орбита” не доби потврден одговор. Истрча од дома: јуреше по градот, разгледувајќи ги огласните табли - и тука немаше.
Кога дојде ноќта и на небото се истурија ѕвездите, го провери со помош на дурбин секој квадратен сантиметар на ноќното небо - немаше и никогаш немало.
Купи авионски билет - одлета на Исток, премина на брод - отплови на Север. Цела година патуваше: од воз премина на санка со кучиња, од автобус на хеликоптер. Цела година не се миеше, не се бричеше. Почнаа да го ловат. Замина во планина. Живее во пештера, едноставно, без помпезности, вегетаријанец, печуркар, едноставен снежен човек. Наш современик.

Превод од руски: Костадин Голаков

Комментариев нет: