пятница, 1 февраля 2008 г.

ПРИНЦОТ АРГЕЛУШ – ПОЛСКА НАРОДНА ПРИКАЗНА

Си бил некогаш еден цар и си имал два сина. Постариот, Аргелуш, бил толку убав така што неговиот татко го држел во посебен замок и не го пуштал да излезе надвор за случајно ад не го дувне некое ветре, па тој да се разболи. Во замокот принцот ги имал сите угодности, имал голема послуга, а кралот секојдневно го посетувал и се забавувал со него. Но, сепак, на Аргелуш животот му станал здодевен и постојано мечтаел за слобода.
Еден ден во кралската градина израснала убава јаболкница која наутро имала златни цутови, а навечер се појавувале златни плодови. Шетајќи низ градината кралот многу и се восхитувал на јаболкницата, та решил да ги повика сите големи кнезови во земјата за да им г покаже тие чудни плодови. А, за да не исчезнат јаболката, како што вообичаено се случувало во текот на ноќта, поставил стража крај јаболкницата. Иако стражарите постојано ја надгледувале јаболкницата, никој не знаел како тоа во текот на ноќта јаболките исчезнувале. Но, следното утро повторно се појавиле златните цутови, а приквечер повторно златни јаболка. Кралот наредил таа ноќ да се појави двојно повеќе стража, но јаболката сепак исчезнале. Истото се случило и третата ноќ. Бидејќи не знаел што значи тоа кралот наредил да повикаат еден прочуен волшебник. Тој дошол во дворецот и рекол:
- Би ви кажал, ваше величество, но се плашам за својот живот.
Кралот бил упорен, па волшебникот на крајот му одговорил:
- Само твојот син, Аргелуш, може да ги зачува јаболката.
Кралот се налутил и извикал:
- Никаквеци, ти сакаш мојот син да загине, но знај дека пред тоа ќе загинеш ти!
И така кралот наредил да го убијат волшебникот.
Помалиот син, кој бил избувлив, па затоа кралот и не го сакал, изразил желба да ја чува јаболкницата, а кралот му го дозволил тоа. Но, кога повторно исчезнале јаболката тој сето тоа му го раскжал на својот постар брат, Аргелуш. Кога кралот отишол да го посети Аргелуш му се видело оти тој е многу тажен. Го прашал заошто е тажен, а Аргелуш му рекол:
- Сонував дека имаме чудесна јаболкница во нашата градина и оти само јас можам да ги зачувам плодовите од неа.
Тогаш го замолил татка си да му дозволи да ја чува јаболкницата. Отпрвин татко му не сакал ни да чуе, па дури кога Аргелуш почнал да се заканува дека ќе се самоубие, тој нерадо му дозволил.
Аргелуш наредил да му наместат кревет под волшебната јаболкница и зел самое ден од своите слуги. Тогаш си легнал в кревет, но за да не заспие читал разни книги. Околу полноќ долетале седум лебеди и се спуштиле на јаболкницата. Кога го виудел тоа Аргелуш ја протегнал раката во височината и дофатил еден лебед кој во тој миг се претворил во убава девојка. Останатите шест лебеди се спуштиле на земја и исто така се претвориле во убави девојки.
Првата што тој ја дофатил била маѓепсана принцеза, а другите, пак, биле нејзини слугинки. Аргелуш многу се израдувал што принцезата зборувала со него љубезно, а потоа го замолила да помине уште три ноќи тука, под јаболкницата зашто само на тој начин можела да се спаси од маѓијата. Но, во исто време таа го предупредувала дека тој не смее да заспие. Штом почнало да зазорува девоките повторно се претвориле во лебеди и одлетале, а таа ноќ јаболката останале на дрвото. Кралот бил многу среќен поради тоа и не дозволил да ги берат. Но, Аргелуш не му кажал ништо на татка си за девојките, а на својот слуга, кого го сметал за најверен, му наредил да молчи. Токму тој слуга на Аргелуш се познавал со некоја девојка која била ќерка на една голема волшебница, па и раскажал сé во доверба. Таа, пак, и раскажала на својата мајка, а мајката му наредила на слугата да молчи и му дала кожно ќесе, па му рекла:
- Кога ќе легне твојот господар, подотвори го ќесево и тој веднаш ќе заспие, а кога ќе одлетаат лебедите намачкај му ги очите со мацтта од ова теглич и тој ќе се разбуди.
Следната ноќ Аргелуш бдеел, но кога неверниот слуга го отворил ќесето зад неговиот грб, тој заспал како заклан. Лебедите долетале и се претвориле во девојки, а принцезата почнала да го тресе Аргелуш, му наредила на слугата да го разбуди, но напразно – не можеле да го разбудат. Кога почнало да разденува принцезата му наредила на слугата да му пренесе на неговиот господар следната ноќ да биде претпазлив. Тогаш девојките се претвориле во лебеди и одлетале. Тогаш слугата му ги намачкал очите на својот господар со мастта. Кога тој се разбудил, неговиот слуга му раскажал за девојките и за она што му го порачала принцезата. Принцот многу се налутил и му наредил на слугата да молчи за сé што се случило. Слугата повторно и се доверил на девојката, а таа на мајкаси која го посоветувала да постапи исто како и претходната ноќ. Следната ноќ Аргелуш цело време се обидувал да не заспие, но неверниот слуга испуштил малку ветре од ќесето и неговиот господар повторно заспал. Тогаш долетале лебедите, се претвориле во девојки и повторно почнале да го тресат принцот. Дури и го кренале од креветот и го шетале, но ништо не помагало. Принцезата уште еднаш му рекла на слугата да му порача на принцот да не заспива ако сака да ја ослободи. Кога Аргелуш се разбудил слугата му раскажал сé, но не му кажал за волшебницата и за ќесето.
Аргелуш цел ден се трудел да заспие за да не му се приспие во текот на ноќта, но залудно. Повторно заспал, а кога девојките не можеле да го разбудат му рекле на слугата да му порача на неговиот господар дека тој повеќе никогаш нема да ги види зашто ќе мораат да заминат на пат во далечните краишта. Ако Аргелуш посака да ја дознае причината тогаш ќе требало да го премести мечот што виси над неговиот кревет во замокот од еден на друг клин, па тој ќе му каже. “А акло сака да ме бара тогаш кажи му дека до изгрејсонце, во Црниот Град, ќе мораме да го завршиме нашето патување”.
Кутриот Аргелуш пошол во својот замок; а бидејќи слугата му кажал што му порачале девојките тој го преместил мечот од еден крај на друг. Тој веднаш се помрднал и покажал кон неверниот слуга. Кога го видел тоа, Аргелуш го грабнал ме!от и му ја отсекол глават ана слугата. Тогаш му раскажал на таткаси за предавството и го замолил да му даде дозвола да ја пронајде својата закана. Кралот најпрво го одбил, но кога видел дека неговиот син почнал да венее од тага, го пуштил, му дал слуги, коњи и пари за да ја исполни својата желба.
И така ргелуш тргнал на пат. Поминал низ многу далечни земји и на крајот ги потрошил сите пари. Тогаш ги продал коњите и кочијата, па ги пратил слугите дома и сам го продожил патот.
Тој бил гладен. Еден ден стасал во некоја шума каде сретнал три момчиња што се тепале. Тој пришол до нив и откако им кажал дека е принц ги прашал зошто се расправаат. Момчињата му одговориле:
- Ние сме тројца браќа, а татко ни ни го остави само ова што го гледаш пред тебе: столче, камшик, седло и коњ. И ние не можеме да се спогодиме околу поделбата зашто сиве овие работи може да ги користи само еден од нас. Оној што ќе го стави седлото на коњот, ќе седне на него и ќе удри со камшикот велејќи “Сакам да бидам тму и тамуѓ веднаш ќе биде каде што ќе посака. А, оној, пак што ќе удри во столчето коњот заедно со седлото и камшикот мора да се врати кај него. Ете затоа се караме. Можеби ти ќе можеш да ни пресудиш.
Принцот извесно време шетал со нив, па им рекол:
- Го гледате ли оние брекчиња во далечината? Сите тие се на иста оддалеченост. Отрчајте до нив, а оној што прв ќе се врати ќе биде наследникот.
Браќата се согласиле и отрчале кон брекчињата. Аргелуш не ги чекал, ами го јавнал коњот и рекол:
- Коњот веднаш да биде таму и таму!
Тогаш коњот го однел Аргелуш во едно мочуриште од кое тој одвај се извлекол, па мртов гладен стасал до една куќа. Домаќинот љубезно го примил и го нахранил. Аргелуш го прашал колку е далеку Црниот Град. Домаќинот, пак, му одговорил:
- Сум слушнал за тој град, но не можам да кажам колку е далеку. Но, остани кај мене неколку дена. Оттука ќе помне еден трговски карван со поворка аџии, па од нив ќе дознаеш.
Поминала една година, па уште една, па трета, но никој не знаел ништо за Црниот Град. Најпосле се појавил некој човек кој му кажал на Аргелуш дека Црниот Град се наоѓа на околу седумдесет и пет километри. На Аргелуш му останал само еден скапоцен прстен, та му го понудил на човекот за да го одведе до Црниот Град. Тогаш човекот му рекол дека тој штотуку избегал од Црниот Град и оти може да го одведе само до неговата близина. Тој се согласил. Човекот го однел во близина на Црниот Град, а Аргелуш сам среќно стасал до својата цел. И така тој почнал да оди низ градот и да размислува што би требало да стори и кого да праша за својата сакана.
Принцезата и нејзините слугинки веќе биле ослободени од маѓијата, а по неколку дена таа требала да се омажи за некој кнез. Затоа таа пратила една од своите слугинки во градот да и купи облека. Но, таа, веднаш штом го видела Аргелуш со трчање се вратила кај принцезата за да и каже. Принцезата, пак, не можела да поверува и само рекла:
- Невозможно!
Тогаш ги пратила и другите девојки, а кога и тие и го кажале истото, уверувајќи ја дека тоа е истото она момче, дека го препознале зашто добро го загледале под јаболкницата, принцезата самат излегла в град за да го види. Таа веднаш го познала. Таа љубезно го поздравила и по неколку дена тие двајцата направиле голема свадба. По свадбата тргнале на далечен пат кај кралот, таткото на Аргелуш.

Превод од полски: Емил Ниами

Комментариев нет: