четверг, 31 января 2008 г.

ВО СЛУЖБА НА ЉУБОВТА – О. ХЕНРИ

Кога се сака некоја уметност, ништо не е тешко. Тоа е нашата премиса. Оваа приказна ќе извлече заклучок од тоа и ќе покаже дека таа премиса е неточна. Новина во логиката и подвиг во раскажувањето иако постара дури и од големиот Кинески Ѕид.
Џо Лараби излезе од застарените станови на Мидл Вест зрачејќи со генијалност за ликовната уметност. На шест години наслика слика од градски шмрк и угледен граѓанин кој брзо поминува покрај него. Овој потфат беше урамен и обесен во излогот на аптеката покрај клас пченка со неопределен број редови. На дваесет години замина за Њујорк со голема вратоврска, некако чудно врзана.
Дилаја Карутерс, во нејзиното село на Југ опкружено со борови правеше надежни нешта во шест октави што ги примора нејзините најблиски да ја изделкаат на Север во нејзиниот самоделски шешир и да “заврши”. Не видоа ни З од нејзиното “завршување” но тоа не е наша приказна.
Џо и Дилаја се сретнаа во ателје каде многу млади студенти по уметност и музика се среќаваат да дискутираат за Вагнер, музиката, делата на Рембрант, слики, Валтуфел, тапети, Шопен и Улонг.
Џо и Дилаја се заљубија еден во друг или еден со друг, ако така повеќе милувате, и за кратко време се венчаа - за(види погоре) кога некој сака некоја Уметност ништо не е тешко.
Г-н и г-ѓа Лараби живееа во стан. Тоа беше осамен стан исто како и оштриот раб од левата страна на тастатурата. Но сепак среќни; тие ја имаа уметноста, но, се имаа и себеси. А мојот совет до богатиот млад човек би бил – продај се што имаш и дај им го на сиромашните – вратар за привелегијата да живееш во стан со уметноста и Дилаја.
И станарите ќе потврдат дека тие се вистински среќни. Ако во домот има среќа не значи дека е се добро – плакарот ќе падне и станува маса за билијард, мантилот се претвора во машина за пишување, долапот додатна спална соба, мијалникот убаво пијано, нека сите четири ѕида се соединат, ако се соединат, ти и твојата Дилаја ќе бидите меѓу нив. Но, ако мислите дека домот треба да биде поинаков тогаш нека биде простран и долг – влезот е од Голден Гејт, ја обесуваш својата шапка на Хатерс, твојата наметка на Кејп Хорн и излегуваш на Лабрадор.
Џо беше во класата на Големиот Мајстор – позната ви е неговата слава. Цената превисока, часовите лесни, сето тоа му донесе лесно заработен стан на цена. Дилаја студираше кај Розенсток – позната ви е неговата репутација како вознемирувач на клавишите на пијаното.
Тие беа неверојатно среќни се додека имаа пари. Како кај сите – ама ајде нема да бидам циничен. Нивните цели беа убаво и јасно дефинирани. Џо требаше многу скоро да прави слики за кои старите џентлмени со танки мустаќи и дебели новчаници ќе се натпреваруваат кој ќе ја има привилегијата да купи.
Дилаја требаше да биде добар познавач на музиката а потоа и дрска кога ќе види дека има не продадени места во публиката па веднаш потоа има болно грло и јаде јастог во приватната соба за вечера и одбива да се појави на сцена.
Но, најдоброто според мене, беше семејниот живот во малечкиот стан – пламенити и описни муабети секој ден после часовите; интимните вечери и свежите лесни појадоци; размена на амбиции – амбиции измешани со нивната или нечија неважна –заедничка помош и инспирација, и се разбира ќе испуштев маслинки и сендвичи со сирење во 23 часот.
По некое време Уметноста папса. И така, иди, иако никој не и го рекол тоа. Се паѓа ништо не се дига како што некои вулгарни луѓе би рекле. Немаше пари да му се плати на Г-н Мајстор и Хер Розенберг. Кога се сака некоја уметност ништо не е тешко. Така, Дилаја реши дека ќе мора да дава часови по музика да остане во игра.
Два или три дена беше во потрага по ученици.една вечер си дојде воодоошевена.
“Џо, злато,” му рече весело, “Имам ученик. Ох, и тоа од најдобрите луѓе. Ќерката на Генерал А.Б.Пинкни – од Седумдесет и Петтата Улица. Колку раскошна куќа Џо – мораш да ја видиш влезната врата. Византиска мислам дека ќе речеш. А пак внатре! Леле Џо, никогаш не сум видела нешто такво.
“Мојата ученичка е неговата керќа Клементина. Уште одсега навистина ја засакав. Многу е нежна и секогаш се облекува во бело, а нејзиното однесување е толку слатко. има само осумнаесет години. Ќе и давам по три часа неделно и тоа за $5 по час. Не ми пречи; кога ќе најдам уште два или три ученици ќе можам да продолжам со часовите кај Хер Розенберг. Сега, не се мршти толку мило и да направиме убава вечера.”
“Тоа е убаво Дили” рече Џо, отворајќи конзерва грашок со голем нож и чекан,” но, што е со мене? Мислиш ќе дозволам да се малтретираш по цел ден додека јас се умилкувам во круговите на високата уметност? Во коските на Бенвенуто Челини не може! Ќе продавам весници или пак ќе местам калдрма, ќе носам по некој долар.”
Дилаја му пријде и му се обеси на врат.
“Џо злато, не биди таков. Мораш да продолжиш со студиите. Ова не е како јас да се откажав од музиката и работам нешто друго. Кога предавам исто и учам. Секогаш сум со мојата музика. А можеме да живееме како милионери и со $15 неделно. Немој ни да си помислил да ги напуштиш часовите кај Г-н Мајстор.”
“Добро ,” и рече Џо посегнувајќи по сината чинија со зеленчук. “Но мразам што мора да даваш часови. Тоа не е уметност. Но сакаш и спремна си да продолжиш”.
“Кога се сака некоја уметност ништо не е тешко.” му рече Дилаја.
“Мајсторот ми ја пофали сликата на небо што ја направив во паркот,” и рече Џо.” А Тинкл ми даде дозвола две да ставам во излог. Можеби и ќе продадам една ако некој од оние идиоти со полн џеб ја види.”
“Сигурна сум во тоа,” му рече Дилаја, нежно.” Сега да му се заблагодариме на Ген.Пинкни за печеново телешко.”
Цела наредна недела Ларабиеви појадуваа многу рано. Џо беше ентузијаст секое утро поради некој си утрински ефект на сликите што ги прави во Централ Парк, а Дилаја му пакуваше појадок, го галеше, фалеше и бакнуваше во 7 часот. Уметноста е љубовница со обврски. Најчесто се враќаше во 7 часот навечер.
На крајот од неделата, Дилаја гордо но истоштено, триумфално ги стави трите банкноти од по пет долари на 8 х 10(инчи) маса во 8 х 10 (стапки) дневна соба.
“Понекогаш,” рече, по малку уморно, “Клементина не ме сослушува добро. Мислам дека не вежба доволно, морам некои работи повторно да ги повторувам. А, и секогаш се облекува во бело, тоа навистна е монотоно. Но, Ген.Пинкни е навистина најдрагиот старец. Колку сакам да го запознаеш, Џо. Понекогаш доаѓа кога со Клементина вежбаме на пијано – вдовец е знаеш - и стои таму и само си ја гали белата брадичка. “Како напредуваат моите полуизведувачки и почетни изведувачки на пијано?” секогаш така не прашува.
“Многу сакам да ја видиш дневната соба, Џо! И Астраканските теписи исто така. А Клементина нешто и поткашлува се надевам дека е поцврста отколку што изгледа. Леле, навистина се приврзувам многу со неа, таа е толку нежна и добро воспитана. Братот на Ген.Пинкни бил некогаш Министер во Боливија.”
И тогаш Џо со грофски потез извлече една десетка, четири петки една два долари и еден долар така нежни и вистински – ги остави покрај обетките на Дилаја.
“Го продадов акварелот на обелиск на еден човек од Пеорија,” соопшти задоволно.
“Не се шегувај со мене,” му се обрати Дилаја – “не е од Пеорија!”
“Навистина е од таму. Баш сакав да го видиш, Дили. Дебел човек со волнен шал и дрвена чепкалка. Го видел цртежот во излогот кај Тинкл и помислил дека прво тоа е воденица. Беше шегаџија, но, ја купи нели. Нарача уште една – масло на платно со бродскиот склад Лакауана – за да го има за спомен. Ах, часови по музика! Се надевам дека се уште уметноста ти е важна.”
“Баш ми е мило што подолжи,” му рече Дилаја, од срце.” Роден си за да победуваш, мило. Триесет и три долари! никогаш не сме имале толку пари за трошење. Ќе вечераме школки вечерва.”
“И филет мињон со шампињони,” и возврати Џо.” Каде е вилушката за маслинки?”
Наредната сабота вечер Џо прв дојде дома. Остави $18 на трпезариската маса и ја изми трагата од големо количество на црна боја од неговите раце.
По половина час и Дилаја пристигна, нејзината десна рака беше изврзана со купишта крпи и завој.
“Што е ова сега?” ја праша Џо после вообичаениот поздрав. Дилаја се насмеа но не беше многу радосна.
“Клементина,” почна да објаснува, “инсистираше после часовите да јадеме зајак. Колку чудна девојка. Зајак во 5 часот попладне. Генералот беше тука. Само да видеше како се растрча околу приготвувањето на ручекот, Џо, како да немаше слуга во куќата. Знам дека Клементина не е добра со здравјето; многу е нервозна. И додека го послужуваше јадењето, истури голема количина пекол жешко, врз ракава и зглобов. Многу ме болеше, Џо. И на кутрата девојка и беше жал! Но Ген.Пинкни! – Џо тој старец за малку ќе се шекнеше. Истрча по скалите долу и прати некого –рекоа котларот или некој друг ли беше од визбата – до аптека за да купи нешто за да се ублажи. Сега не ме боли толку многу.”
“Што е ова?” ја праша Џо, фајќајки ја нежно за рака и извлече бели ткаенина од под завојот.
“Нешто меко е, “рече Дилаја,” има масло на него . Леле, Џо, пак продаде цртеж?” Му се обрати веднаш штом ги виде парите на масата.
“Што мислиш ти?” рече Џо”; прашај го човекот од Пеорија. Го доби складот денес, не е сигурен но изгледа ќе сака и пејсажот на паркот и поглед од Хадсон. Кое време се случи ова со ракава Дили?”
“Во 5 часот мислам,” му одговори Дили нажалено. “Пеглата – ова мислам зајакот се допече тоа време. Требаше да го видиш Ген. Пинкни, Џо, кога…”
“Седни малку за момент, Дили,” и се обрати Џо. Ја донесе до каучот, седна до неа и ја стави неговата рака на нејзините раменици.
“Што работеше последниве две недели Дили?” ја праша.
Се спротиставаше на кратко со поглед полн со љубов и тврдоглавост, и изговори нешто нејасно за Ген.Пинкни; но наеднаш потоа ја наведна главата и ја кажа вистината низ солзи.
“Не можев да најдам ученици,” призна. “Но, не можев да поднесам да престанеш со часовите; така најдов работа пеглајќи кошули во големата перална на Дваесет и четвртата улица. Добро излажав за Ген.Пинкни и за Клементина, нели Џо? И кога девојката во пералната ме изгоре со пеглата ова попладне, на пат до дома ја измислив приказната за зајакот. Не се лутиш, нели Џо? Ако не најдев работата можеби нема да ги продадеше цртежите на човекот од Пеорија.”
“Не беше од Пеорија,” рече Џо, бавно.
“Не е Важно од кај беше. Ама си паметен , Џо – и бакни ме, Џо – што те натера да се посомневаш дека не давам часови по музика на Клементина?”
“Ништо ,”и одговори Џо, “се до вечерва. И тогаш немаше да ми текне ако не ме пратеа по завој и масло од котларницата за некоја девојка што си ја изгорела раката со пегла. Веќе две недели го ложам котелот во таа перална.”
“Значи не си ги...”
“Мојот купувач од Пеорија” и рече Џо “и Ген. Пинкни и двајцата се плод на иста уметност – но, тоа не е ни сликање ни музика.”
Потоа и двајцата се насмеаа, а Џо продолжи:
“Кога се сака некоја уметност ништо...”
Но, Дилаја го запре со нејзината рака на неговите усни. “Не,” му рече – “само кога некој сака.”

Превод од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: